Коментари

Македонците го немаат тој луксуз да прифатат било каков комромис за името


Свекрва

Неодамна 28 шефови на дипломатиите на земјите членки на НАТО ја повикаа Црна Гора да пристапи кон Алијансата. Македонија која го заслужи тој статус уште во Букурешт 2008 година и овој пат беше изоставена заради спорот со името.

Повикот Црна Гора да стане 29 членка на алијансата во 2016 година е прво ширење на НАТО, по 2009 година, кога беа примени Хрватска и Албанија. По овој повод генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг ќе рече дека „Црна Гора се покажа на патот да воспостави владеење на правото.“  

Македонија го поздрави повикот за прием на Црна Гора да стане членка на НАТО, бидејќи таа e уште една пријателска земја од нашиот регион, која дополнително ќе влијае како во Алијансата, така и врз стабилноста и безбедноста на Балканот.

Меѓутоа, ако се има предвид дека Македонија уште од 2008 година во Букурешт заслужи да биде членка и не е промена заедно со Хрватска и Албанија во НАТО само заради спорот со името со Грција, а потоа не е испочитувана ни пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, тогаш за каква владеење на правото говори генерален секретар на НАТО Столтенберг.

Дека не се работи за резултат на некакви вистински реформи или некаков голем напредок на Црна Гора, туку за геостратешка одлука со која треба да се намали влијанието на Русија на Балканот, говори фактот дека во Црна Гора 26 години не се променила власта на еден човек и една партија, што само по себе ја негира дефиницијата за демократија. 

Македонија со спроведените реформи и учество во повеќе мисии на Алијансата одамна го заслужи своето место во НАТО. И покрај одолговлекувањето на приемот, Македонија останува со заложбите за членство во НАТО. Сепак, поради притисокот да се реши спорот со името, НАТО се повеќе ги губи симпатиите кај македонскиот народ. По толку време чекање и по се што има напревено во мисиите во Ирак, Авганистан и Босна и Херцеговина, тој се чуствува изневерен од НАТО алијансата.

На македонскиот народ му е познато дека останувањето надвор од чадорот на НАТО во овие торбулентни времиња, претставува зголемен безбедносен ризик, но тој нема намера само заради членство во овој сојуз да дозволи некој да му го смени името, по мирен пат. Тој е свесен дека доколку се дозволи било каква промена на уставното име со било која додавка дека ќе има реперкусии врз неговиот идентитет и врз опстанокот на државата. Македонците го немаат тој луксуз да прифатат било каков комромис за името.

Свесни дека Грција нема намера да го смени својот став и да дозволи Македонија да стане членка на НАТО, но и за расположението на македонскиот народ, САД кога станува за односите меѓу Вашингтон и Москва ја ставија Македонија заедно со Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора на линијата на огнот.  

Со повикот да стане членка во НАТО, безбедносниот ризик за Црна Гора е намален, но, во Босна и Херцеговина, Србија и Македонија тој е зголемен. Особено постоењето на мрежа на ќелии на радикални исламисти во БиХ, Санџак, Косово, Албанија и Македонија, како и големиот број на борци повратници од боиштата во Сирија,  преставуваат сериозна опасност по мирот и безбедноста во регионот. Мајските настани во Куманово, само потврдија дека Македонија останува таргет на радикалните исламисти.

Опозицијата на чело со Социјалдемократите во желба да се добере до власта по секоја цена, со своето делување ја усложни ситуацијата во земјата. Постојат повеќе страни, не само надворешни туку и внатрешни, кои сакаат да ја искористат комплексната политичка и безбедносна криза во која е втурната земјата за спроведување на свои агенди, притоа не водејќи сметка за последиците по Македонија и безбедноста на целиот регион

Договорите од Пржино, кои треба да го неутрализираат премиерот и лидер на владеачката ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и неговиот тим во одбрана на земјата, но и да создадат преодна влада која треба да спроведе одредена надворешна агенда, која нема врска со почитувањето на правото и демикратијата, на виделина изнесе многу работи. Една од нив се барањата на Албанците од земјата за ревизија на Охридскиот договор.

Според пишувањата на ТВ Алсат М, „Анализата за имплементација на Охридскиот договор се подготвува веќе неколку месеци од владиниот Секретаријат за спроведување на Охридскиот договор, со помош на Европскиот институт за мир, чиј прв човек е Питер Фејт, како и од ОБСЕ.“ Дел од предлозите на оваа анализа, како што пренесува овој медиум се: „Преамбулата на Уставот да биде во формата предвидена во оригиналната верзија на рамковниот договор, каде што се нагласува граѓанскиот, а не етничкиот идентитет на граѓаните на Република Македонија, донесување закон со кој ќе се потврди уставниот амандман дека албанскиот јазик е официјален јазик во Македонија, како и усвојување на државниот и на општинските буџети со Бадентер…“

Вклучувањето во власта на опозицијата и евентуално вметнување на препораките од Анализата на Охридскиот рамковен договор во Уставот, според кажаното, за многумина експерти води кон федерализација на земјата и нејзина поделба. Исто така, отварањето на Уставот неминовно ќе го отвори и прашањето за промена на името, која една техничка влада ќе може да го спроведе без да го праша народот на референдум. Како и да е крајна  цел на дестабилизацијата на земјата е со разни притисоци да се смени името и да се разнебити македонскиот народ.

Но, сите како да забораваат токму на факторот – македонски народ. Доколку се случат вакви или слични промени, кои можат да имат тешки последици по идентитетот на Македонецот, тогаш може со голема веројатност да се случи народ, исто како што се случи во 2001 година кога по настаните во Арачиново влезе во Собранието!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top