Коментари

ИМЕТО НА ДРЖАВАТА НЕ Е МАЛЦИНСКО ПРАШАЊЕ!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ИМЕТО НА ДРЖАВАТА НЕ Е МАЛЦИНСКО ПРАШАЊЕ!

08 јануари 2016 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ја почитува слободата на движење и слободата на мислата и јавното изразување на мислата, но за неприфатлива и несоодветна ја смета средбата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети со грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас во грчкото МНР за името на државата Македонија!

СМК потсетува дека името на државите е неприкосновено и неотуѓиво право на самоопределување и самоидентификација на народите, затворено со референдумот од 8 септември 1991 година кога народот и граѓаните во апсолутно мнозинство гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки! Одлуката на референдумот е задолжителна за сите без ислучок!

СМК укажува дека името на државата и идентитетот на нацијата не се малцинско прашање!

Македонците во светот го отфрлаат пристапувањето на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата бидејќи антимакедонизмот на Грција, грчкиот геноцид врз македонскиот народ и наци-фашистичкото барање на Грција за промена на државното име Македонија се вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК бара безусловен крај на разговорите за разликата за државното име и продолжување на членството во Обединетите Нации и во сите меѓународни организации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, без латинична транскрипција на македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на македонскиот народ и јазик, независно од историските хипотеки – окупацијата врз Македонија од Балканските војни 1912-1913 година и геноцидот врз Македонскиот народ кој трае до денес!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top