Коментари

ОСУДА НА ОПОЗИЦИОНАТА ХАЈКА ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА!

СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС

ОСУДА НА ОПОЗИЦИОНАТА ХАЈКА ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА!

13 јануари 2016 година, Скопје, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува згорување од антимакедонската и антидржавната хајка којашто опозиционите портали и СДСМ ја спроведуваат против Македонците од Албанија со македонско државјанство.

СМК потсетува на неотуѓивото и неприкосновено право на Македонците по потекло во соседните земји и во светот на березервен прием и во македонско државјанство, исто како што тоа го прават Албанија, Бугарија, Грција и Србија.

СМК од Државната изборна комисија бара да изврши проверка на Албанците од Косово и Албанија во избирачкиот список на Македонија, на кои 1994 година СДСМ им даде и македонско државјанство за мандатот на Киро Глигоров и коалицијата СДСМ-ПДП!

СМК изразува загриженост од големиот број на Албанци во Македонија кои покрај македонското, имаат и албанско и косовско државјанство, и се попишуват во три држави истовремено.

СМК ги повикува СДСМ и опозиционите портали да спроведат анкетирање и извршат увид каде живеат и каде гласаат сите 150.000 Косовари кои неуставно и незаконски добија и македонско државјанство во 1994 година, кога полицијата под водство на СДСМ државјанствата им ги делеше на рака и по куќи.

СМК ги повикува АЛСАТ, СОРОС и опозиционите портали, заедно со СДСМ, да проверат на кои адреси во Косово и во Албанија живеат 150.000 Косовари кои 1994 година добија и македонско државјанство и на кои гласачки места во тие земји и во Македонија денес сите тие гласаат!

СМК ги повикува АЛСАТ, СОРОС и опозиционите портали, заедно со СДСМ, да проверат по колку стотина Косовари живееја и се уште живеат во куќите на улица Дижонска, во општина Чаир.

СМК потсетува дека Републиката има уставна обврска да се грижи за положбата и правата на припадниците на Македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од етно-историските граници на Македонија, кои се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ, да го помага нивниот културен развој и да ги унапредува врските со нив.

СМК потсетува дека Републиката, истовремено, има обврска да се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top