Коментари

Александар Џеповски

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Од маки големи и пусти “неправди”, СДСМ  би сакала гласањето за Изборите во Април 2016, да се направат на Фејсбук, доколку медиумите не се милион и еден процент под нивна контрола. 

Тоа би било според нив најправилно, ама се разбира Зајко да биде Админ во самиот процес, а Катица да банира членови и воедно да ги прима. 

Со самото тоа да ги бараат медиумите под нивна контрола, како опозоција најомразена да добијат најважни министерски места и преку леб триста погачи, тоа го нема од Занзибар до Америка и преку Месечината и назад. Ете тие добија се, арно ама пак нејќат избори. Дали оваа Македонска трагикомедија во 10 чинови ( читај години ) ја има некаде и дали ќе се повтори некаде ? Нема шанси. Се поставува прашањето, што сме толку погрешиле и до кога ќе бидеме жртви на умноболни тутурутки ? 

Поразот на СДСМ ќе биде неминовен и народот со душа чека да дојде денот, па дури сите ТВ, радија и новини да се под нивна контрола. Неколку денови пред избори, кога ќе го проверат рејтингот преку Сорос, пак ќе протестираат и ќе забранат Интернет, Јутјубе, Твитер, Фејсбук па се до оној ден кога сите ВМРОвци не направат колективни харикири, со сабја самопрободени и членските книшки и личните карти до самите нив за полесна идентификација … е тогаш СДСМ гордо ќе изјави дека изборите конечно станаа фер и општопризнати. 

За да биде тотално фер, СДСМ ќе сака и сите пари, девизи, имоти, коли и душата на секој еден ВМРОвец или неутралец, да им припаѓа нив и некако да почнат да живуркаат. Вака, сиромашките тие, да ти живееле во темници и неправди од тие” клети ” Македонци, што на нивните јужни браќа сме им го земале името Македонија, па ете и тие не можеле да спијат раат, како и кризата кај нив наметната од ВМРО ДПМНЕ, бидејќи сме го барале Солун. 

Дали имате вие подобра идеја како да им помогнеме на овие ” цвеќиња за мирисање ” ? Од мене за нив  – толку. Се надевам дека ќе имаат разбирање за мене и моите ” фрустрации “, ама дали ќе имаат тие разбирање за сите Нас и дали ќе се појават на избори ? Би било убаво, затоа што пола членство на СДСМ ќе гласа за ВМРО ДПМНЕ. Зошто ? Па тоа е едиствен начин, со тежок пораз, да се тргне корнишонот. Инаку, вирусот со сртоносни последици ќе се рашири и кај нив, така да ќе и се тури пепел на СДСМ – ЗАСЕКОГАШ.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top