Коментари

СЈО го предизвика гневот на јавноста


Свекрва

Мислењето дека со формирањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе се направи паралелен систем во државата којќе го доведе во опасност државниот поредок се покажа како исправно. Со своите постапки спротивни на Уставот и законите, но и на здравата логика, СЈО поддржано од СДСМ и некои преставници на меѓународната заедница во земјата, отворено застана на страната на СДСМ и започна да внесува конфузија во институциите, да предизвикува раздор меѓу народот и да ја продлабочува политичката, но и безбедносната криза.

Откако кон крајот на минатата година по барање на одбраната, СЈО даде мислење дека притворот на Зоран Верушевки, првоосомничен за случајот „Пуч“, може да се замени со куќен притвор, со спроведувањето на акцијата „Титаник“ со која дрско се побара мерка притвор за осум лица без никаков основ по ниту една точка, како и приведувањето без судски налог на градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, го предизвика гневот на јавноста.

Дрскоста да биде поголема, по одлуката на Основниот суд Скопје 1 да го одбие барањето за одредување мерка притвор за осумина, Специјалната обвиниталка си даде за право истата да ја коментира и да се заканува.

На официјалниот профил на СЈО на социјалната мрежа Фејсбук таа ќе напише дека „Кривичниот суд во Скопје засега пропушти за се запише во историјата на Република Македонија. Следуваат жалби!“

Дека станува збор за одработување на политичката агенда на СДСМ и спроведување на организирана хајка, при што се прекршени законите, уставот и пресумцијата на невиност, потврдува и универзитетската професорка Тања Каракамишева, која на ТВ НОВА ќе каже: „Уставот е повреден, начелото на законитост е повредено. Не може во истражна постапка да се жигосуваат луѓе. Тоа е дел од сценарио. СЈО е ставено како спрега на СДСМ, а Јанева одработува политичка агенда. Таа немаше законски основи така да ги постави работите “.

Основниот суд на прес-конференеција потврди дека Специјалната јавна обвинителка преку социјалдемократскиот технички министер на МВР, и покрај здраствените проблеми, без судски налог насилно го привела единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко. Тоа го потврди и самиот Темелко кој за јавноста говореше за лошото однесување на битолскиот началник на полицијата поставен од опозицијата, но и говореше за коректното однесување на истражната судијка на Основниот суд која врз основа на сите факти донесе правилна одлука со која е одбиена мерката притвор.

Градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко е познат по својата борба за заштита на правата на Македонците во Албанија. Тој со својата долгогодишна борба правата на македонското малцинство ги освои симпатиите не само во Албанија туку во регионот и пошироко. Со неговото апсење Катица Јанева, како продолжена рака на Зоран Заев и нивните спонзори направија директен атак на Македонците кои се борат да го сочуваат својот идентитет, македонски корени и имаат огромна љубов кон татковината.

Тоа не е ништо чудно ако се знае дека Македонија уште за времето на владеењето на СДСМ се промени Уставот со кој откажа да се меша во суверените права на другите држави и во нивните внатрешни работи дури и кога се во прашање правата на своите сонародници во соседството. Едноставно раководството на СДСМ сака да се прекинат врските со македонската дијаспора распространета насекаде во светот, сакаат да се прекинат сите комуникации со оние Македонци кои ги негуваат македонските традиции, кои го чуваат името, идентитетот, сакаат да ги избришат само затоа што се Македонци и се верни следбеници на ВМРО.

Од друга страна, апсењето на Едмонд Темелко, единствениот македонски градоначалник во македонска чиста општина, преставува порака која странскиот фактор ни ја испраќа преку своите платеници, дека сака конечно да го затвори македонското прашање, да исчезне македонскиот народ, да му се сотре коренот во земјата и соседството. До пред извесно време тоа го правеше преку Албанците, сега таа улога ја презедоа платениците од СЈО и СДСМ. Тие треба да го испровоцираат македонскиот народ, да го раскараат и предизвикаат меѓусебна омраза која ќе го изнесе на улица и која ќе го натера да се испотепаат меѓусебно. Старата римска пракса раздели па владеј, повторно се употребува врз македонскиот народ само овојпат од македонската партија СДСМ.

Притворањето на Едмонд Темелко преставува голема правокација за Македонците, за кој е вистински херој, човек кој се бори за заштита на правата на Македонците во Албанија.

Едмонд Темелко е роден во 1972 година во Пустец, Република Албанија. Основно и средно образование завршил во родното место, а потоа дипломирал на Земјоделскиот факултет во Тирана. Тој е еден од основачите и претседател на македонската организација “Преспа’ во Албанија. Има огромна подршка од жителите на општината Пустец, кои по третпат му го доверуваат мандатот за градоначалник. Исто така, тој е во тесна соработка со “Светскиот Македонски Конгрес“, ОМО “Илинден“ – Пирин, “Виножито“ и други македонски национални организации и партии од Македонија и дијаспората.

По настаните во кои беше приведен Темелко, огромен е револтотот на жителите на Пустец, кои сметаат дека Зоран Заев и СДСМ за пари го поништуваат сопствениот народ. Но тие и порачуваат на јавноста дека ќе продолжат да се борат за правата на Македонците.

Сепак, Македонците во овој момент не треба да наседнуваат на правокациите, на навредите, уцените и заканите од страна на СЈО/СДСМ.

Не смеаат да си дозволат конфликт кој би ги пролонгирал изборите што го посакува опозицијата и нивните ментори. Едноставно треба со ладни глави да го пречекаат 24 април и тогаш да ги казнат оние кои сакаат во земјата да продолжи политичката и безбедносната криза. Со ваквиот однос, раководството на СДСМ ја изгуби целосно довербата на македонскиот народ и на 24 – ти, на демократски начин треба да се казнат и еднаш за секогаш да се тргнат од политичката сцена, да заминат во заборавот.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top