Коментари

Командат Кејти!

kostadin-kerpicoski

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Командант Кејти колку само гордо звучи тоа, ама тенка е границата помеѓу гордоста и бруката, помеѓу аплауз и извици, помеѓу успех и дно.

Уште пред да започне со работа ја заврши својата долгогодишна работна кариера, но за среќа и политичката кариера заедно со врхушката на СДСМ.

Извадена од нафталин, донесена од СДСМ прифатена од ВМРО-ДПМНЕ и од останатите политички партии со договорот во Пржино така неуставна и против сите правни норми во државава започна со работа.

Една пара војска која иако треба не одговара никому ниту на државна институција иако тоа не е дел од договорот кој се постигна во Пржино меѓу четирите најголеми партии.

Формирана за судска разрешница на случајот ПУЧ каде на едната страна имаме лепени, сечени, креирани материјали не овластено добиени со прислушкување кое не е доказ на суд  барем не во Р.Македонија, а на другата страна докази и видео материјали добиени од пим мерки кои и тоа како се доказ пред судот.

И сега наместо да се работи на судска разрешница за случајот ПУЧ тој се одлага поради некаква си свадба или народски кажано селото гори, а бабата се чешла.

Во меѓувреме и покрај тоа што течат подготовките за свадбата за сите други случаеви кои немаат врска со случајот ПУЧ има време, се разгледуваат дури брзо и ефикасно се решаваат со пуштање на слобода на осуденици за најтешки кривични дела.

Без ралика дали се работи за дивоградба за нелегално финансирање на политичка кампања за убиство и самоубиство сите добиваат ослободителна пресуда ама кога се работи за случајот ПУЧ за тој за кој што е формирано СЈО нема никаква разрешница бидејќи нема време а и не е така битен случај според неуставното обвинителство.

И сега кога прашувам дали терористите од Диво Насеље прават проблем ми велат напротив дека се многу мирни и чекаат политичка разрешница.

Кога прашувам дали некој за убиство спрема одбрана велат дека случајот ќе добие политичка разрешнца.

Кога ми велат политичка разрешница се мисли на судска разрешница добиена од СЈО, а јас пак се прашувам како тоа политичка разрешница во СЈО и дали тоа било кое такво тело уставно или неуставно треба да биде политизирано.

Пазете сега лидерот на опозициската СДСМ најавува,а СЈО остварува пред да мине недела дена од неговиот говор.Во Македонската јавност се поставува прашањето од каде тоа лидерот на опозицијата знае за наредните чекори и превземањето на одредеден случај од страна на СЈО?!

Дали има некаква поврзаност помеѓу опозициската партија и СЈО?!

И сега иако неуставно противзаконско и против сите правни норми во државава иако неприфатено од македонците како веродостојно тоа си работи ли си работи и таа екипа инкасира милионски суми на приватните сметки.

Прашањето е што му фали на нашето судство и дали тоа ние немаме способни едуцирани и образовани кадри па нивните предмети мораше да ги превземат обвинители кои до пред појавата на СЈО разрешувале најлесни предмети и само такви им биле доделувани знаејќи ја нивната способност и професионализам.

Видете вака не сум правник, но знам дека секој кој направил било какво противзаконско дело треба да одговара пред законот и законите важат подеднакво исто за секој граѓанин и за било која политичка партија, но за да се бара одговорност од некое лице пред се треба да се отвори истрага па истата таа истрага да биде подкрепена со цврсти докази па врз основа на предходното да се донесе судска одлука и после правосилноста на пресудата да се изрече одредената санкција.

Никој нема право, неможе и несмее без никаков доказ со прекршување на илјадници норми загарантирани со уствот на Р.Македонија да обвини невино лице се со цел нарушување на неговиот углед и имиџ и предвремено завршување на неговата политичка или професионална кариера.

Да би бил правник или адвокад веднаш би покренал иницијатива и би барал разгледување на истата за тоа колку е неуставно СЈО, не сум но за среќа луѓето кој се веќе го направија истото.

Драги мои пријатели, Македонци правдата секогаш излегува на виделина, а вистината секогаш ќе исплива на површина и божјата казна стигнува без разлика колку и тоа да ви изгледа невозможно и колку и да е спор целиот тој процес.Исто така за наша голема среќа македонскиот народ е искусен и многу повреден од некакво си обвинителство.

Народот веќе реши,расуди и пресуди и на 5ти Јуни ќе го даде својот одговор.

Затоа Македонци нема место за паника, страв и нервоза, ами со гордо кренати глави со една смиреност и учтивост да дадеме црвен картон на сите учесници во државниот удар.

Македонија на македонците.

Македонците во борба за своето свето парче земја.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top