Коментари

Ние не сме нација без корен, ние имаме МАКЕДОНСКА Библиска душа

Клаудија Лутовска

Со милениуми не дуваат диви ветришта од сите страни, ние сме Балканскиот омилен Плен. Како трн што им боде очи. Се прашувам треба ли да се навраќам наназад за да се повторуваме по којзнае кој пат што се ја исцрпи оваа наша МАКЕДОНИЈА?

„Два орли се биат горе на небето“..

Песната од Костурско за која се убивани на сред Велигден жени и деца кои ја пеат.

Но, нашиот генетски стоицизам му пркоси на времето, и рациновиот стих

„та не сме саде ние,

та не сме саде тука“

клокоти по планетата. Ова е време на Македонизмот, на прибирање на една чесна и цврста нација, една од најстарите нации во светот. Библиска нација!

Да многу мина „нашинци“ направија грешки, кои се плаќаат, но, ги направија наши луѓе. Но, многу мина направија да не има, и треба да им ги паметиме делата, да им ја знаеме мисијата, зошто мисијата е да се биде МАКЕДОНЕЦ!

Имаме големи должници спрема оваа наша МАКЕДОНИЈА, долгови кои кармата не ги отпишува. Последната неодамнешна „историска завера“ да поверуваме во словенскиот Југ, замина исто како што дојде, замина со нејзиниот дизајнер. Тоа беше уште еден силен параван на интереси да се придобие политичка моќ и историска калкулација, дебело наплатена. А на сметката на Македонецот, повторно празни џебови и историска заседа. И? Се може ли против вистината?

Се прашуваме сите, добро, знае ли некој што ни се случува?

„Народе Македонски со какви идеи си ти?… грев голем е за тебе сам да се незнаеш“

Ни се случува она што дозволуваме да ни се случува. И не само сега. Ќе се запрашаме зошто? Не е ли очигледно дека ни се прачи семејството, ни се парчат ставовите, ни се поматуваат мислите, и на крај, има многу мина од нас кои забораваат дека имаат по еден живот, ама оставаат синови после себе кои го носат нивниот печат.

Та нели сме Библиска нација, нели секој Македонец е даден од Бога да ја исполни должноста која му е доверена, да даде се од себе и во еден човечки живот да придонесе за своите, за ближниот, за земјата во која се родил, за нацијата во која е даден, за верата во која е подарен?

Ние сме Македонци, ние сме верници во Господ, ние сме дадени по Божјата воља, сакал некој тоа да го разбере или не. Нашата историја се повеќе личи на Библиската приказна за добриот Јов од Стариот Завет: Вербата на Јов била ставена на искушенија, му се парчело семејството, имотот, но, неговата верба останала силна и моќна, а потота стигнала и наградата, поголем род, поголем имот и поудобен живот.

Нашиот народ вели ,,трпание-  спасение“, и издржува, но, како се ударите посилни, лекцијата е поголема а, народот помудар, така се исправаме посвесни и помоќни, зошто поракате е да бидеме ЗАЕДНО, во добро и зло за МАКЕДОНИЈА!

Секогаш кога некој „туѓинец“ ни ја кроеше капата ни ја скрои по својата глава а, нам не оставаа гологлави! Не се повторува ли пак истата приказна, сега пак „сеирџии“ да ни кројат капа, како овој новиов, со „мачките“? Па нели цело време дозволуваме некој да ни „сее“ ум, па и манџата ни ја запржија со „проценти“?

Едно време започнаа иницијативи, да си ги преброиме чедата по белиот свет, започнаа иницијативи да си ги прибереме, да си ги знаеме, зошто не има и знаени и незнаени. Не има МАКЕДОНЦИ. „Нашинците“ таму каде што се, го чуваат Македонскиот јазик, како свет јазик, тоа е аманет, тоа сме ние. Го чуваат Македонското достоинство, токму таму, некаде по светот.

Се запрашал ли некој како им е на нашите Македонци кои се малцинство? Кој мисли на нивната битка?

Имаат ли МАКЕДОНЦИТЕ друга земја? Сем оваа, и други браќа и сестри сем овие овде? Сем НИЕ?

Не е ли време секој од нас да си ја свати својата мисија на овој земски живот, и да ја исполни?

Дали да се биде МАКЕДОНЕЦ е потребна официјална позиција, функција, да се биде Министер или Директор, или да земате плата за да бидете МАКЕДОНЕЦ? Дали мисијата се купува со пари?

Си го трошиме животот зборувајки во празно, затаивме на најтешките животни испити, да се собереме, да се држиме заедно, да се сочуваме чесни, да ги сочуваме семејствата, да ја сочуваме нацијата, националната свест, државата, да се сочуваме самите себе, ние како МАКЕДОНЦИ!

Личните интереси ќе ги биде, дури има луѓе на оваа планета, зошто Пандорината кутија се отвори и ги заслепи срцата на неуките по вера, а не по наука.

Им се поматил разумот на многумина, но, тоа не е причина да се шири тоа како зараза меѓу нас.

Ние не сме нација без корен, ние имаме МАКЕДОНСКА Библиска душа, ние имаме МАКЕДОНСКО моќно сонце и имаме голема Божја мисија: Мисија да се биде МАКЕДОНЕЦ !!!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top