Коментари

ПОДДРЖЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ ЗА ГОЛЕМ УДАР ПРОТИВ ГРЧКАТА АНТИМАКЕДОНСКА ПРОПАГАНДА НА ИНТЕРНЕТ

aleksandar-donski

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

Почитувани Македонци и пријатели на Македонија!

Секојдневно гледаме дека Македонија и Македонците се изложени на жестока анти-македонска пропаганда пред светот од страна на нашите негатори при што без сомнение предничи Грција, која не само што не ги признава Македонците и Македонија и не само што има направено големи злодела против нашиот народ, туку и ни создава пречки за нашата иднина.

Главен „аргумент“ на Грците за пред светот е дека наводно во минатото Македонија отсекогаш била „грчка“ и дека ние современите Македонци им ја „крадеме“ историјата, па затоа немаме право на македонското културно историско  наследство.

Интернет, а посебно Youtube, се преполни со клипови во кои пред светот се пропагираат грчките анти-македонски ставови. Во недостиг на соодветен одговор од македонска страна, не треба да не чуди тоа што поголем дел од светот и навистина ги прифаќа грчките „аргументи“. Додека Грците секојдневно и агресивно го убедуваат светот дека Македонија во антиката „отсекогаш била грчка“, Македонците на интернет воглавно се расправаат едни против други (по разни основи) или, кога соработуваат на полето на историјата, тогаш најчесто едни со други си разменуваат историски податоци (кои не допираат до меѓународната јавност и остануваат во затворениот македонски круг – исто како да не постојат). Практично  малку кој ја презентира пред светот историската вистина  со која може да се опонира на грчката пропаганда. А токму за пред меѓународната јавност треба да бидат наменети нашите историски аргументи. Со други зборови, наместо самите себе меѓусебно да се убедуваме за историската вистина во однос на Македонија, треба да ја убедуваме меѓународната јавност  која (во недостиг на наши аргументи) во најголем дел е потпадната под влијание на грчката пропаганда.

Со цел барем делумно да се промени оваа состојба, од неодамна е поведена иницијатива за изработка на најмалку четириесет кратки видео клипови  со историска содржина со помош на кои ќе биде нападната грчката пропаганда токму таму каде што грчките шовинисти најмалку се надеваат – во самата нејзина срцевина! Практично ќе бидат растресени темелите на грчката пропаганда, а тоа е античката историја! Имено, штом тие тврдат дека во антиката Македонците биле „Грци“ и врз основа на тоа ја градат целата своја политика против Македонците, тогаш во овие клипови ќе бидат презентирани голем број токму антички сведоштва според кои античките Македонци не биле никакви Грци! Во секој клип (во траење од неколку минути – со цел да биде краток за гледање) ќе биде наведен цитат од еден до двајца антички автори, кои јасно сведочеле дека античките Македонци не биле никакви Хелени, туку посебен народ (некои дури велат и посебна „раса“), со свој јазик (неразбирлив за Хелените), своја митологија и култура.

Текстот на клиповите ќе биде на англиски (fluent English), а автор на секој клип (сценарио и режија) ќе биде македонскиот историчар  Александар Донски.

Во овие видео клипови ќе бидат застапени сведоштва од над педесет антички автори од различно етничко потекло, кои сосема јасно сведочеле дека античките Македонци не биле Грци! Некои од нив се: Аријан, Апијан, Дексип, Демостен, Дикеарх, Дионисиј Калифонт, Дионисиј од Халикарнас, Дио Крисостом, Диодор Сицилијанецот, Дио Касиј, Евтропиј, Евсевие Кесариски, Емилиј Сура, Есхин, Исократ, Зосим, Исидор од Севиља, Јован Малала, Јосиф Флавиј, Јустин, Кикерон, Квинтиј Куртиј Руф, Херодот, Хомер, Плутарх, Павсанија, Полибиј, Кленеј, Клавдијан, Климент Александриски, Марко Велеј Патеркул, Корнелиј Непо, Праксагора, Псевдо Скилакс, Псевдо Скимнус и други. Сите тие на еден или друг начин јасно пишувале за посебноста на античките Македонци, а  цитатите од нивните дела ќе бидат автентично пренесени од релевантни извори и проследени со соодветни коментари!

Клиповите ќе имаат заеднички наслов и ќе бидат поделени по делови (со цел сите заинтересирани да знаат дека има голем број вакви сведоштва). На пример третиот во серијата клип може да биде насловен како „ANCIENT TESTIMONIES ABOUT THE TRUTH THAT THE ANCIENT MACEDONIANS WERE NOT GREEKS!“ (PART 3, OUT OF 40).

Во зборовите за пребарување на Youtube, ќе бидат ставени сите клучни зборови поврзани со оваа тема: Greece, Macedonia, ancient Macedonia, ancient Greece, Alexander the Great, Republic of Macedonia, Macedonia, ancient history  и сл., а секако дека ќе бидат спомнати и имињата на античките автори чии цитати за посебноста на античките Македонци ќе бидат објавени во клипот.

Линковите со овие клипови потоа ќе треба масовно да се испраќаат и шират низ Интернет, а посебно среде меѓународните субјекти  (политичари, фејсбук групи од областа на историјата, универзитети, историски здруженија, грчки лоби групи и сл. – за што ќе се направи посебна стратегија).

За изработка на сиот овој труд, ќе бидат потребни одредени средства. Поради тоа Ве повикуваме Вие или Вашата организација да се вклучите во овој патриотски проект што ќе нанесе непроценлива штета  врз грчката анти-македонска пропаганда, а воедно и ќе ја информира меѓународната јавност за македонската историска вистина!

Доколку сакате во секој клип може да биде пишано Вашето име или името на Вашата фирма, т.е. името на спонзорот) со цел јавноста, сега и во иднина, да знае кој помогнал  во нанесувањето на овој голем удар против грчката пропаганда и промовирање на македонската историска вистина! Се разбира дека (ако така сакате) Вашето име и не мора да стои во самиот видео клип – доволно е што сте помогнале на својот народ!

Македонци и пријатели на Македонија! Ако ние самите не му покажеме на светот кои сме биле низ историјата, никој тоа нема го направи наместо нас! Затоа придружете се кон овој патриотски проект!

За подетални информации контактирајте со авторот на проектот Алескандар Донски на е-маил адресата
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
или преку неговиот фејсбук профил.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top