Коментари

СДС ниту се води, ниту се тера

Во обидот по секоја цена да ја нападне Владата, СДС повторно влегува во сопствени контрадикторности и испраќа пораки што самите си ги побиваат.

Додека од една страна тврдат дека Македонија не спроведува реформи, од друга страна фактите целосно ги демантираат. Европската Унија ѝ одобри на Македонија над 66 милиони евра од Планот за раст и Реформската агенда – средства што се доделуваат токму врз основа на исполнување на реформи, конкретни чекори и видлив напредок.

Во исто време, самите од СДС посочуваат дека Србија не добила средства затоа што не спровела доволно реформи. Тогаш логично се поставува прашањето: ако Македонија не спроведува реформи, како токму нашата држава доби најголема исплата во регионот?

Ова не е само политичка недоследност, туку доказ дека СДС веќе нема јасна линија на дејствување. Едно зборуваат за Србија, друго за Македонија, а на крајот нивните сопствени тврдења се судираат со реалноста.

Очигледно е дека СДС се заглавени во сопствената политичка конфузија. Наместо јасна политика, аргументирана критика и конструктивен пристап, јавноста секојдневно гледа изјави што си противречат една со друга.

Граѓаните очекуваат сериозна опозиција која ќе понуди решенија, а не политички настапи составени од паника, контрадикции и обиди за манипулација. Кога фактите не им одат во прилог, СДС се обидува да создаде магла, но бројките и одлуките на Европската Унија зборуваат доволно јасно.

Реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ дека „Монти Пајтон СДС“ веќе не е ни сатирична споредба, туку реален опис на нивното политичко делување, се темели токму на ваквите нелогичности и изгубен правец во политичкото дејствување.

СДС треба конечно да се договори сам со себе: дали Македонија добила европски средства затоа што има реформски напредок, или, според нивната нелогична реторика, Европската Унија наградува држави што не спроведуваат реформи?.

Најново од: Коментари

Цинично е СДС денес да глуми грижа за младите

Свекрва Богданка Кузеска, портпаролка на СДС, оценува дека Македонија се наоѓала пред многу важен момент за нејзината иднина и дека не смеела да остане настрана. Според неа, „најголемата цена ќе ја платат младите“. Таа додава дека младите ќе продолжеле да ја напуштаат државата, а Македонија ќе останела заглавена во изолација, без перспектива. Кузеска тврди дека […]

Филипче и СДС на иста линија со бугарските власти

Венко Филипче и СДС уште еднаш покажуваат дека, кога станува збор за најчувствителните национални прашања, нивниот став речиси целосно се совпаѓа со ставот на бугарските власти. Додека Македонија бара гаранции, заштита на македонските национални интереси и крај на уцените, Филипче и СДС повторно ја туркаат истата теза – уставни измени без јасни гаранции дека државата […]

Стапицата на молкот

И бидејќи молчат повеќето од оние кои мораа(т) да говорат, денес низ македонскиот етер доминира тој не-говор, таа лапавица од незнаење и таа промаја од глупости. И не мислам тука на секојдневните будалаштини на социјалните мрежи туку на јавниот говор подметнат како интелектуален, дури експертски став во пишуваните и електронските медиуми, на телевизиите со национална […]

Зошто Филипче молчи додека се гази македонскиот идентитет

Зошто лидерот на СДС, Венко Филипче, упорно молчи додека политичари од нашиот источен сосед македонскиот народ го нарекуваат „северномакедонци“ – навредлив термин што директно удира врз македонскиот идентитет, народ и историја? Дополнително, скандалозно е што личности блиски до оваа партија отворено го негираат делото на Гоце Делчев и ја омаловажуваат македонската историја, а од партиското […]

Нема ниту еден комита или војвода Бугар

Дали сте слушнале дека за време на „ослободувањето“ на Бугарија од Турција, во таа утопистичка целина наречена Бугарија пред 1878 година, имало борби, гинеле комити и војводи? Да замислиме дека имало – единствена опција е дека нивните имиња би биле Аспарух, Омуртаг, па дури и Осман… Дали тие се иста крв со Гоце, Даме и […]

Кога личниот интерес станува поважен од државниот!

Почнувајќи од првите години на плурализмот, па сè до денес, Македонија беше сведок на низа штетни политички одлуки и потези што кај голем дел од народот оставија чувство на понижување, неправда и разочараност. Особено во периодите кога СДС и функционери произлезени од тие структури ја водеа државата, јавноста често реагираше дека се носат одлуки спротивни […]

Програмските цели на ВМРО-ДПМНЕ 1990 г. – визија за македонската држава и национално единство

Објавениот документ со „Програмски цели на ВМРО-Демократска партија за македонско национално единство“ претставува историски сведок за политичките и националните определби врз кои се темелеше создавањето и дејствувањето на ВМРО-ДПМНЕ во годините на македонското осамостојување. Во време кога Македонија се наоѓаше пред големи историски предизвици, оваа програма јасно ја дефинираше идејата за суверена, демократска и национално […]

Има една стара вистина во животот: секој тргнува од себе

Човекот најчесто реалноста ја толкува низ сопствените искуства, навики и вредности во кои политички и морално се изградил. Затоа денес Венко Филипче зад секој потег препознава „тајни бизнис врски“, наместени тендери, договорени судски пресуди, влијанија врз судии и политички договори зад затворени врати. Очигледно, таквиот начин на функционирање за него претставува вообичаен модел, па оттука […]

To top