Коментари

Костадин Керпичоски: Шарена револуција

kostadin-kerpicoski

kostadin-kerpicoski
Костадин Керпичоски

Платени дежурни протестанти, насилство врз институциите и државата, во толпата хулигани платеници од други држави, многу пари од СОРОС , протести на УЧК, и барања за рекомпонирање на државата од Беса која е коалициски партнер на СДСМ, како и желба по секоја цена за продлабочување на кризата наместо разговори и дијалог е на кратко описот со кој се сака да се свитка кичмата на државата.

Всушност ова е сценарио смислено  од чадорот, финансирано од фондацијата СОРОС во Македонија, а треба да сe реализира од страна на СДСМ на територијата на Македонија.

За голема наша среќа и среќа на Македонија оној кој треба сето ова да го реализира е многу слаб и млитав, а чадорот не го проценил истото.

Исто така за наша среќа чадорот заборавил да го процени и Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ па сега наиде на голем отпор или проблем за нив, а ние наидовме на одбрана на државата.

Оваа така наречена Шарена револуција се повеќе ми наликува на револуцијата во Украина, копија на сценариото, серија платеници, палење и демолирање, огледала и што ли уште не.

Но изгледа некој заборавил дека Македонија не е Украина. Изгледа заборавил дека Македонскиот народ е задоен со патриотизам и премногу го потценил уште на почеток.

Нема ден да помине, а јас да не се запрашам што ќе беше ако “револуционерите” од шарената револуција бојата ја искористеја за добри дела како на пример да ја поделеа на луѓето кои неможат да си ја дозволат, или да исфарбаа некоја соба, или некоја фасада да направеа?!

Сигурен сум дека во овој случај многу повеќе би вредело нивното дело и многу повеќе гласови и гласачи би придобиле од колку вака со уништување на веќе направено.

Или еве од друг аспект гледано може да се запрашаме што добро добива Македонија и Македонскиот народ од ова уништување од страна на оваа револуција?

Дали СДСМ и нивната револуција гарантираат нови проекти за Македонскиот народ?!

Дали СДСМ и револуцијата имаат план и програма за работа?

Дали уништувањето и сквернувањето и носат добро на Македонија?

Кога сите овие прашања би ги одговориле секој од вас ќе дојдете до заклучок дека е ова добро смислено од некој и е се со цел насилно уривање на актуелната власт во државава ама и не само тоа ами и поделба или бришење на Македонија.

Многу често се прашувам како тоа некој од Македонија, Македонец или некоја Македонска политичка партија се нафатила да го прави ова недело и да работи против Македонските интереси и никако неможам да дојдам до одговор иако логиката ми вели дека цената е премногу висока за тие што ова го прават или пак истите тие немаат грам мозок..

На крајот од овој текст јас би сакал да ве повикам да направите една паралела, една споредба на десет годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ во државава и 4 месечното владеење на СДСМ во некои од министерствата, да направите една споредба на протестот организиран од ГДОМ и на протестот на СДСМ или Албанците. Самите вие да си направите споредба и пресек и на крај работите ќе ви станат кристално јасни.

Јас по кој знае кој пат сакам да повикам на мир и толеранција, сакам да повикам оваа криза и било која друга да се решава со пенкало во рака, а не со автомат под рака, сакам да се избориме сите ние за фер и демократски избори и таму да го кажеме своето, да судиме и пресудиме и да кажеме каква Македонија сакаме и во каква Македонија ќе продолжиме да живееме.

Никако не смееме да дозволиме да сме заложници на една рака луѓе од прилика околку пет илјади во држава со два милиони жители.

Да не дозволиме насилството да го надвладее разумот!

Ние браќа и сестри Македонци да испратиме една јасна порака како внатре во државата така и надвор за слободна самостојна и суверена Република Македонија!

Македонија која припаѓа на Македонците, Македонија која од ден на ден расте и се развива и држава во која секој ќе си го најде своето место.

Македонија била и ќе остане!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top