Коментари

Ова што се случуваше на Православниот Велигден 2016 е знак дека некој се игра опасно со Горниот

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Ова што се случуваше на Православниот Велигден 2016 е знак дека некој се игра опасно со Горниот. Него никој ниту го победил, ниту ќе има теоретски шанси. 

Она што во момент не реагира и казнува оштро и најправедно е само тест за народот сам да одлучи, размисли и ја докаже вербата во Бога. 

Никој не останал неказнет и затоа трпение спасение што велат старите. 

Да запалиш 4 цркви Православни баш на Велигден е порака од некого. Во последно време се некои пораки со датуми и на датуми што асоцираат и сеат ете страв. 

На Велики четврток на Смиљковското езеро нарачателот и нивните слуги не го добија посакуваниот ефект. Двата атентати на нашите председатели се уште се “енигма”. 

Историски гледано колку повеќе неправди и убиства, толку повеќе народот е поотпорен и нацинално посилен. 

Да пробаш еден народ да уништиш поради политика, интерес и богатства … треба да знаеш дека е фатаморгана и радоста е кратка.

Една работа сакам да појаснам. Црквата Христово Воскрсение во Рокдаил Сиднеј беше изгорена до темел. Црквата ги затвори вратите најдоцна до 3 попладне. 

Ако беше фактор запалена свеќа, човечка невнимателност, електричен проблем или негрижа, црквата ќе имаше помал интензитет на пожар до 5 саатот попладне. 

Но така силен пожар кој урна ѕидови како карти и ги сотре до земја, може да предизвика само човек со лоша намера и план. 

Што не се открило, па и ова. За пожар во Мелбурн на црквата Св Ѓорѓи пред 7 и нешто години, прстот го вперуваа во “другата страна”. Арно ама, не било така. 

Полицијата пронајде дека сторителот бил некое момче, син на швалерката на К.К. кој бил дел од црквата. 

Овој пат тоа се деца ѓаволот кој ќе плати скапо за сите злодела. не од мене, МПЦ или институција. Оној Горниот знае се, само гледа дали ние веруваме во него. 

Тестот е на маса, ракавиците се фрлени и ќе причекаме. Трпение – спасение. Дотогаш, да не е никој во кожата на сторителите. Тешко нив.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top