Коментари

Личности со милионеки евра во Идризово

rubinco

rubinco
Дипл. Екк. Рубинчо Јованоски од Прилеп

Во денешни услови во КПД Идризово и во другите затворски установи во нашата држава издржуваат казна личности за проневера на финансиски средства изразени во 6 цифрени бројки во европската валута евро. Тие се познати личности од општествено-политичкиот живот во нашата земја.

Да одиме по ред,

Велија Рамковски-сопственик на некогашната ТВ А1 и тогашниот дневен Весник Време каде финансиската полиција откри т.н. “финансиска пајажина со затајување на данок во милиони евра. Затворска казна издржува некогашниот сопственик и во тоа време телевизиски магнат Велија Рамковски и негови блиски соработници. Единствено во бегство е неговиот син Хеди Рамковски.

Новинарот Зоран Божиновски кој пред извесно време е екстрадиран од Србија за издржување на затворска казна. Извесно е дека кај него се наоѓаат дел од прислушуваните разговори кои ги објави со т.н. бомби, аболицираниот (2 пати) лидер на СДСМ Зоран Заев, алијас Бошко Буха.

Исто така, од Србија пред извесно време е екстрадиран поранешниот дирек тор на Царинската управа Драган Даравелски кој се товари за проневера на милионски суми изразени во евра.

Љубе Бошковски издржува затворска казна во Идризово за проневера на финансиски средства во изборна кампања. Се работи за 100.000 евра.

Тандемот Тони Мицајков и Диме Богдан – екс директори на прилепскиот Тутунски Комбинат одлежуваат затворска казна за проневера на финансиски средства во делот со акцизи во прилепскиот монопол.

Браќата Слободан Даневски – поранешен Градоначалник на Свети Николе и екс пратеник во Републичкото собрание одлежува затворска казна во Идризово за малверзации со стоковите резерви, а неговиот брат Зоран кој пред извесно време е екстрадиран од Бугарија се товари за тежок криминал во задругата Џумајлија.

Останува ростерот на затворската екипа, да се надополни до Д-р Владо Димов за кого е распишана Меѓународна потерница кој како екс Министер за здравство има направено финансиски малверзации во тамошното министертство. Г-динот Димов се претпоставува дека моментално е на некоја клиника во соседна Бугарија.

Иронијата да биде уште поголема екс премиерот Владо Бучковски кој е осуден на затворска казна за аферата во јавноста наречена тенковски делови се уште се нема сместено во кампот за одмор и рекреација наречен Идризово. Неколку пати го одлага одењето во затвор под изговор да заврши семестарот (не знаеме кој летен или зимски).

Најголем бенефит има бомбашот Зоран Заев кој во 2008 година беше осуден на затворска казна за сторен финансиски криминал од преку 8 милиони евра во аферата наречена Глобал во тамошната негова општина Струмица.

Но, тогашниот Претседател на Република Македонија, неговиот мецена Г-динот Бранко Црвенковски го аболицира зајчето. На крајот од ова мое писмо се прашувам колку тежат финансиски овие 1о мина истакнати некогашни личности од општествено-политичкиот живот во нашат земја.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top