Коментари

БЕСНИЛО

meri-georgievska

meri-georgievska
Д-р Мери Георгиевска

Оној што на злото одговара со добро, е добар човек и поседува извесна одмазничка рафинираност.

Тоа во моментов го прави Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Господинот Никола Груевски, најголемиот демократ од постоењето на суверена Македонија. Тој, од петни жили се обидува да избегне масовен судир и уште помасовно крвопролевање. Затоа што, ако на шарениве им излезе Македонскиот народ, ниту мојата неизмерна фантазија не би можела да претпостави што би се случило. А вие претпоставувате, нели?

Одамна е познато дека Европа, за време на дваесеттиот век беше заразена од беснило пострашно и од самата чума. Комунизмот и националсоцијализмот (фашизмот) и одзедоа 100 милиони животи, но за разлика од чумата, беснилото што две години беснее по нашава држава ни од далеку не е под контрола, камо ли излечено. Напротив, нивните метастази допрва испливуваат на површината како заостанато ѓубриште од побеснети општества, луѓе и разноразна стока. Нели народот за нив е стока впрочем?!
Е па господа, народот во Македонија зовира. Кај и да е ќе се сретнете со Македонија.

Беснилото на шарените и побеснетите шаради вчера, денес, сега и овде очајнички бара modus operandi како таа „спонтано“ да побесни, а при тоа да не добие налик на препознатливите беснила од дваесеттиот век.

Денес, сега и овде, идолот на шарадите, Шеќеринска нашла да протестира пред судот и да бара правда- жената која си ги издаваше становите самата на себе си. Па таа треба да е внатре во зградата на судот и да одговара за сторениот криминал.
На Заев со осумте милиони евра украдени треба да му суди народот !! Милионерите револуционери протестираат во пикот на демократијата, кога Груевски ги поканува секојдневно по 100 пати на избори, им ги нуди сите мирољубиви можности, само и само да се појават господава од СДС на избори.

Од што се плашат? Испадна дека се плашат од Прометеј. Лудило.
Вчера кога го пипнаа Прометеј, си помислија дека ја пипкаат Македонштината. Револуционерите удрија по првиот револуционер во митологијата. Ако знаат кој бил Прометеј, јас сум Црвенкапа.

И што ако го урнеа Прометеј? На патот по кој што тргнале, и без сознанието дека на власт по ваков пат ќе дојдат никогаш, па дури ни тогаш, ние ќе им направиме уште 200 статуи, за да имаат што да пипаат.
Шаради, барајте ја славата за она за што сте школувани. Од уривање на една статуа, славата ќе ви биде блескав момент од цели 3 минути беден прилог на последните вести на сите провинциски телевизиски станици на Балканот, никако пошироко, зошто бездарноста не допира пошироко, нити пак подлабоко.
За хулиганството да не праиме муабет. Тоа се знае каде завршува.
Ова е вашиот кошмар, од кој наскоро ќе се разбудите. Алармот на будење ќе биде денот на изборите.
Но, она што ве чека е соочувањето со Македонците. Проблемот ќе ви биде кога народот ќе ви побара да си ја платите сметката за вашите раскошни шаради, прадавства и измами.

Отсуството на каква и да е морална интелигенција, толку карактеристична за протокомунистите во времето на тоталитаризмот, кај вас придонесува да ја изумите помислата за крајниот резултат. Класика за вашите досегашни достигнувања. На кого му е гајле за крајот? А вашиот крај се гледа. Народот ќе ви пресуди за тоа што си го истресовте материјалниот интерес врз нашата Македонија, при тоа со благоутробие и черевоугаждание на вашите предавнички души. Вака како што сега вашата борба за слобода е издизајнирана, поглупаво и по-демоде не можевте, бидејќи слободата ја имавте, но до власта никако не успеавте да се докопате. Се докопавте до скапо платени дипломи, бездарност, но без власта ништо не ви е слатко ем благо.
Вашите гадни шарени пипала се способни да одбиваат само едно, а тоа е демократски излез од кризата. При тоа се борите за демократија. Изгледа оперативниот систем ви е збунет. Вие се борите само за да падне крвопролевање. Не сте далеку од тоа.

Врз хоризонтот на општата оскудност од ерудирани луѓе, вие од  СДС со продупчен чадор се осмелувате да му додевате на својот народ или стока (како што го нарекувате) со вашите шарени и шарадни присуства, со најобични минус хабенси, стомакозборувачи и циркузанти со предиспозиции за фанатичен канибализам (нели ќе јадете живи луѓе, пупупу скраја да сте), со своите сељачко-стопански паради на полни кофи боја за малтерисување по улиците во нашата Македонија, играјќи на картата дека ние, народот, блажено си мижиме и демек береме душа да ви се спротивставиме, додека вие си го терате своето и доживувате оргазми додека го пипате Прометеј.

Стапицата ја поставивте несмасно, а во неа ќе бидат фатени самите автори на ова лудачко сценарио.

И тоа само затоа што вие господа или што и да сте немате право на свое мислење. Вие имате право на туѓо меѓународно мислење, а тоа многу боли.
Најмногу боли кога сте купени. Исти сте како купена жена која не може да му каже гудбај на сопругот, и покрај тоа што и се гади од него, зошто е скапо платена од него!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top