Коментари

Македонија ќе постои затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е само партија, ВМРО-ДПМНЕ е идеологија

mane-makedonija

mane-makedonija

На 17 јуни 1990 година се случи ренесанса за Македонија, се роди ВМРО-ДПМНЕ.

Деновиве сите Ние, членови, симпатизери, ветерани, основачи, денес цела Македонија го прослави 26-от роденден на најголемата Политичка Партија во Македонија-ВМРО-ДПМНЕ, нека Ни е со среќа роденденот.

Многу успеси и падови, достигнувања, надежи и разочарувања има во нашата вмровска приказна.

Денес меѓу нас го нема идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски, го нема Никола Кљусев, Јордан Мијалков, Костадин Диневски-Динката, Борис Трајковски, чичко Дуле, Митко врапчето и многу други наши сопартијци и патриоти кои се вложија во ВМРО-ДПМНЕ, кои ни го трасираа патот по кој денес ние чекориме.  Но, нивниот лик и дело живее во нас, нивниот вмровски дух не поткрева и ни ја дава силата да истраеме во овие премрежија и да одиме само напред.

Ова е еден од моментите кога достоинствено можеме да извикнеме,Слава им на сите кои се бореле за ВМРО и за Македонија!

Има некоја магија, некој аманет во тоа да се поистоветуваш со ВМРО, да се идентификуваш како ВМРО, утрата да ти почнуваат и денот да ти завршува вложувајќи во ВМРО и за Македонија.

Успеавме не само да го зачуваме аманетот на основоположниците на ВМРО, туку и да го пренесеме на оваа денешна младина, која се повеќе ја спознава важноста и значењето на ВМРО-ДПМНЕ како политички субјект и како автентична македонска идеологија.

Успеавме да го воздигнеме нашето ВМРО-ДПМНЕ на пиедесталот, да му дадеме нов елан, Македонецот да верува во него како на единствена политичко-идеолошка матрица која го штити неговиот опстој и развој.

Денес ВМРО-ДПМНЕ е репер за успех, за градење, за достоинство.

Благодарение на сите кои се вложија а некои и го дадоа животот за Македонија, Таа денес застанува на стабилни нозе и покрај предрасудите што нашите политички опоненти ги имаат. Едноставно тие не можат да се помират со фактот дека некој е подобар и поуспешен од нив, дека некој знае да работи за народот, а не само да зема од него.

Стремежот на Македонците никогаш не умира, не запира, тој живее во секој од нас. Живее и во овие турбуленти времиња, кога еве повторно некој се обидува да ни го одземе нашето достоинство, да ни го одземе правото на свое определување.

Македонското неединство и поделеност е она за што во колективната историска свест на нашиот народ обично се вели дека е една од главните причини што Македонија досега ја немала целосно остварено својата државност.

Таквите подметнувања ги форсираат неколку незрели политичари, со  поттикнување на незадоволство.

Единството за кое ВМРО-ДПМНЕ се бори од денот на формирањето до денес е потреба како леб насушен, особено кога стоиме пред историската можност за остварување на виталните национални интереси.

Да му заблагодариме на Господ Бог, да им заблагодариме на сите македонски генерации што како аманет ни ја предаваа МАКЕДОНИЈА за да ја пренесуваме и ние, да му заблагодариме на Претседателот Никола Груевски  што не поведе по патот кој води до целта на Македонецот.

Македонија ќе постои затоа што ВМРО-ДПМНЕ не е само партија, ВМРО-ДПМНЕ е идеологија. Македонија е наша судбина, Македонија е наша обврска.

Нека е среќен 26-от роденден на ВМРО-ДПМНЕ!

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top