Коментари

Спартак потекнува од Пиринска Македонија!?

Во античко време на оваа територија живееле Синтите, коишто се пајонско племе. Подрачјето било приклучено кон Античка Македонија од Филип II (359 – 336). Македонските кралеви долго време владеат со овие краеви. По поразот на последниот македонски легитимен крал Персеј (179 – 168) во биткта кај Пидна во 168 г.пр.н.е., римскиот проконзул Емилиј Пауел во наредната 167 г. пр.н.е. ја прочитал прокламацијата за слобода (укинување на монархијата) на Македонија, а земјата била поделена на 4 мериди (области) кои меѓу себе не смееле да имаат никакви врски. Во првата област главен град бил Амфипол, а територијата била меѓу Стримон и Нест на север до планинското подрачје на Тракија.

По востанието на Македонците под водство на Филип VI Андриск (149-148 г.пр.н.е.), кој исто така бил поразен кај Пидна во 148 г.пр.н.е., Римјаните ја одзеле целата слобода на Македонците што дотогаш им била гарантирана. Тие вовеле римски управни органи и воени гарнизони, а од Македонија и други делови ја основале провинцијата Македонија. Така 148 г.пр.н.е. се смета како македонска ера.

Македонците уште еднаш кренале востание под водство на Александар VI во 142 г.пр.н.е. Тој кај Нест собрал војска од 16 – 17.000 војници, но бил поразен од квесторот Лукиј Тремелиј. Се смета дека тоа бил последниод обид на античкото кралство Македонија за да ја поврати својата независност.

Спартак (ок. 110 – 71 г. пр.н.е.) кој според изворите се родил во долината на Струма (поранешната Прва македонска мерида, а потоа дел од Провинција Македонија) бил војник на помошна римска легија и првично се борел на страната на римјаните. Старогрчкиот историчар Плутарх (40 г.пр.н.е – 70 г.н.е), кој се родил трисет години по смртта на Спартак, пишува дека тој бил Тракиец. Постојат и други теории кои велат дека тој потекнува од Медите ( населени по средното течение на реката Стримон), потоа дека потекнувал на племето Беси (кои живееле на територијата на Мизија до Родопите) или пак на племето Гети (расположено меѓу двата брега на Дунав). Сепак најверодостојна е теоријата дека потекнува од Пиринска Македонија.

Меѓутоа, древните извори говорат дека тој бил именуван како Тракиец поради стилот на гладијаторските борби, бидејќи гладијаторите според своите вештини биле делени на Гали и Тракијци. Инаку овие автори како и Плутарх говорат дека тој бил образован човек.

Раниот период од животот на Спартак останува нејасна. Се говори дека служел во римската војска но дека дезертирал. Подоцна паднал во заробеништво и поради својата сила и вештина бил продаден на гладијаторскиот камп на Лентул Батиатус во Капуа. Подоцна ќе стане познат како водач на востанатите римски робови (Трета робовска војна).  

Во 73 година, Спартак побегнал со уште 70 гладијатори. Тие украле кола полна со оружје и заедно со робовите кои им се придружиле направиле камп на Везув, близу Неапол.  Во тоа време робовите се дигнаа на сите страни и Сенатот го испратил неискусниот Клаудиј Глабер против Спартак кој имал 3.000 луѓе под оружје. Спартак го поразил Глабер, кој не очекувал дека неговите луѓе ќе се симнат со помош на јажиња по стрмите падини на планината и дека ќе го нападнат од страна. После оваа победа многу одбегнати робови му се приклучиле на Спартак, кој во желба да избега од Италија се упатил кон Алпите. Меѓутоа, Галите и Германите предводени од неговиот помошник Криксус сакале да останат за да пљачкаат. Тие го напуштиле, додека Спартак останал во Италија.  

Во 72 г.пр.н.е. Спартак располагал со 70.000 војска воглавно од руралните области. Сенатот загрижен од развојот на настаните ги испратил конзулите Луциј Гелиј Публикол и Корнелиј Лентул Клодијан, секој со по две легии. Во битката со нив, Галите и Германите беа поразени, а нивниот предводник Крикс бил убиен. Спартак прво го победил Лентул, а потоа и Пубикол, по што го пробил патот кон Алпите. Галите и Германите повторно одбиле да заминат од Италија, па Спартак се вратил во Јужна Италија со надеж дека ќе се прврли со бродови на Сицилија.

Во меѓувреме, Сенатот се одлучил да организира нов напад под команда на Марко Лициниј Крас, најбогатиот човек во Рим, на кого му се доделени шест легии плус четири конзуларни. Крас го нападнал Спартак кој се повлекол на прстот на Италија за да се префрли во Сицилија, но пиратите го предале. Во меѓувреме Сенатот го повикал Помпеј и неговите легии од Шпанија. Марко Лициниј Лукул се вгнездил во Бриндизи, во штиклата на Италија со легии од Македонија. Кога Спартак успеа да се пробие, не можел да оди во Бриндизи поради присуството на Лукул и неговите македонски легии.  

Во 71 година, Спартак тргнал на Север. Иако некои од Галите и Германите повторно се одвоиле, робовите успела да извоеваат уште една победа. Но таа е последната победа, по која војската на Крас го нападнала и победила во битката во близина на реката Силарус на југот на Италија. Се верува дека Спартак загинал во таа битка, но меѓу бројните загинати робови неговиот труп не бил најден. Потоа 6000 робови биле распнати  на патот од Капуа до Рим.      

Спартак како најпознат војсководител на востанатите робови во антиката, во подоцнежниот период станува симбол на борбата против ропството. Името на овој свовиден револуционер, со потекло од Пиринскиот дел од Македонија, подоцна го носат бројни институции.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top