Коментари

Позитивен македонски национализам


Свекрва

„Единствено македонскиот национализам беше во состојба да се справи со сите порази, нанесени како во македонска душа, така и во македонската земја и култура.“ – пишува синот на Сергеј Мисирков во својата статија за изборите во Македонија во 1946 година објавена во „Отечествен фронт“  (2. X 1946 год).

Сергеј Мисирков (Одеса, 1906 – Софија, 1960) е лекар и пратеник Народно собрание на Бугарија, син на филологот Крсте Мисирков.  Сергеј е роден во Одеса, а медицина завршува во Софија. Во 1935 година бугарската полиција го испрашува во врска со резолуцијата на Коминтерната по Македонското прашање и процесот против ВМРО (Об.) Во 1940 година се сврзува со левичарските и македонските кругови од Македонскиот литературен кружок.

Кон крајот на Втората светска војна учествува во антифашистичката борба, а  во 1945 година пишува статии за македонскиот народ од кои дел се објавени во Македонија. Во текот на 1946 – 1947 година тој е пратеник во Народното собрание на Бугарија, а во 1956 година, архивата на неговиот татко Крсте Мисирков ја предава во Скопје, каде останува до денес.

По повод изборите во Македонија во 1946 година тој како нариден пратеник ќе објави статија „Отечествен фронт“  (2. X 1946 год), во која ќе го забележи следното:

„Податоците за одржаните минатата недела избори за уставотворното народно собрание на Народна Република Македонија соопштуваат за невиден ентузијазам, за речиси стопроцентно учество на народот на изборите и за полната и апсолутна победа на македонската влада и на Народниот фронт.

Предадено со сувите конвеционални новинарски изрази, ова соопштение не е доста убедливо за просечниот читател, а може да ги постави прашањата: дали навистина е толку голем ентузиазмот меѓу македонскиот народ и дали е толку апсолутна победата на владата и на Народниот фронт.

За да одговориме на прашањата, треба за момент да се потсетиме на долгите страдалнички години на македонскиот народ, на неговата обесправена положба, на неговите епски борби за ослободување, за културна независност и равноправност со другите балкански Славјани.

Од последните децении на минатиот век, та дури до пред две години македонскиот народ ја играл улогата на монета за поткусурување меѓу балканските и европските народи во зависност од нивните временски засилувања или ослабувања, од нивните тајни сојузи и договори. Територијата на Македонија требало дури да служи дури за остварување на фамозниот Drang nach Osten (Продор на Исток), подготвен пред минатата европска војна од Австро-Унгарија.

Македонија беше станата арена на бугарски, српски и грчки влијанија, на црковни борби, на културна инвазија, а најмногу на стопанска и економска конкуренција. За сметка на тие борби земјата заостана во културен (писменост) и економски однос, со одвај ли не првобитно обработување на земјата и нез никаква индустрија.

Единствено македонскиот национализам беше во состојба да се справи со сите порази, нанесени како во македонска душа, така и во македонската земја и култура.

Македонските патриоти … се кренаа против сите форми на фашизмот (бугарски, српски и германски), вдахнувани од идеите на македонските преродбеници и револуционери, умееја да го обединат околу себе целиот македонски народ, умееја да изградат сопствена самобитна култура, да го утврдат својот литературен јазик и на тој начин да постигнат полно единство не само меѓу Македонците, туку и меѓу сите други, без исклучок, народности во Македонија (Турци, Албанци, Власи, Евреи и т.н.).

Македонскиот Народен Фронт со својот речиси четиристоилјаден состав е наполно сраснат со македонското население. Кандидатите на Народниот фронт сите без исклучок се луѓе поминати низ тешки борби и му се познати на народот и се сакани од него. И поради тие причини изборите во Македонија се поминати не само при полн ентузијазам, туку и во вистинска општонародна свечаност. Затоа е апсолутна и победата на Народниот фронт…“

Со ист невиден ентузијазам, со речиси стопроцентно учество на народот е забележан на Македонскиот референдум за независност одржан на 8 септември 1991 година, кога е прогласена независност од СФР Југославија.На гласањето, според официјалните податоци, од 1.495.807 гласачи излегле 1.132.981 граѓанин со право на глас или 71,85%, а од вкупниот број граѓани кои гласале на Референдумот позитивно се изјасниле 1.079.308 граѓани односно 95,26% (односно 72,16% од вкупниот број на граѓани со право на глас).

Македонија до крајот на годината ја очекуваат избори, но и на овие избори е потребна сплотеноста на македонски народ, ентозијазмот кој го имаше македонскиот народ по Втората светска војна  и ви 1991 година кога започна да ја гради незавсна и суверена Македонија. Та борба не заврши, таа треба да продолжи, а за тоа е потребен позитивен национализам кој ќе го обедини македонскиот народ без разлика на етничка, полова или верска разлика. Само така можеме да се справивиме со предизвиците со кои се соочуваме.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top