Се издолжив по Долги рид
се довлечкав до Ѓоргиница
се исправив на ширна орани
се завртив окол-наокол
со околеж широк
да си ги приграбам Балканите,
да си ја освојам Брсјачијата:
Лубен пред мене,
Пелистер зад мене-
таткојнта;
M а к е д о н и ј а.
Ама,не! На сред пат ми се
испречи сениште црно,
гнасно,лигаво,смрдливо
со очишта зацрвени,
очакарени,разрогагачени,
закрвени: – „Каде дрзнику?!“
– Да си ја видам планината.
– Не можи!
– Зошто?!
Јас владеам
со планините,со падините,
со долините,со рудините,
со ридојте.со висојте,
со присојте цо осојте!
Не ти ја земам…
само да си ја вида коријата,
да си прошетам низ чаршијата,дедојната
и таткојната да си ја видам.
– Не може беднику,разбираш?!
Скокна,се истопори-
краци октоподски испружи:
ги затвори сите патишта и патчиња –
„Реков:не можи!
Ќе ми ја запалиш планинта!
-Планина не се палии…
не гори планината!
– Шумата на планината
ќе ми ја запалиш – моја е!
– Т в о ј а???!!!
…Кога втаса да ми ја украдиш арамијо?
Овие шуми војски разни
ги газеле – никогаш
не ги запалиле.
Комити храбри
крвав бој воделе,
во нив живееле,
огнови палеле-
не ги запалиле.
Десетици рупи гореле
дунани-чадој до небо
се извивале-
искра настрана не прснала-
шумата не се запалила
и…не изгорела.
-Ти ќе ми ја запалиш!
– Јас ќе ја бранам од тебе
и од твојте јадни и бедни
гадој – потпалувачи.
Избувна бесот наталожен,
севна поглед-прекор,
„заигра“патерицата
со која си ги потпирав
плеќите стари – згрбавени:
краци растегнати
му ги поткинав –
го прегазив:
Си ја присвоив планината
прадедова,дедова,таткова,
моја,твоја – наша:
си ја спасив
и д н и н а т а
од душман клет
што сакаше да ми ја убие,
да ме избрка во туѓ с в е т.

СЛАВКО КРСТЕВСКИ