
Костадин Керпичоски
Да, актуелна е оваа тема, главен муабет е низ град, непогоди го зафатија главниот град на Македонија Скопје и околината.
Всушност прочитав, видов и слушнав многу приказни, многу варијанти возможни и невозможни НО едно е сигурно, државава е зафатена од поплави и земјотреси а граѓаните живеат во страв и паника.
Да направиме кратка анализа….
Силен и страшен земјотрес го стрефи Скопје во 63-та година, само година претходно оние постарите кои знаат и паметат а сега прераскажуваат се случила голема поплава.
Од таа година па до ден денес Скопјани и фобијата од земјотреси се неразделни!
Паралела на ова тврдење, пред само некој месец во Скопје имавме поплави од огромни размери со огромни материјални штети и човечки жртви за да само неколку недели подоцна имаме земјотреси по јачина слични како оној кобниот во Скопје.
Сега размислуваме, каква коинциденција или можеби бледа копија на 63-та година?!
Добро, одиме понатаму, ХААРП системот измислен од Американците кој служи за растерување на облаци или вештачко создавање на дожд-нема кој не слушнал и не прочитал нешто за него, секако вештачка направа(робото) кој директно оди против процесите на природата!
Хмм, да зборувам за сечењето на шумата и непошумувањето?
Да зборувам ли дека останавме без природа и зеленило или воопшто да се начнува оваа тема?!
Добро, за крај јас ја оставив страшната проба на нуклеарната бомба токму под земја која има огромна сила и разорна моќ!
И сега некој се прашува од каде овие земјотреси, поплави, пореметувања на годишните времиња и лоши временски услови?!
Има ли некој на кој не му е јасно?!
А да, да не заборавам а да ве потсетам, големиот Нострадамус предвидел крај на светот, останување на еден народ, едно нецивилизирано племе и токму тука ќе бидат корените на новите народи, што мислите?!
Незнам, не сум баш стручнак во оваа област, се што до сега ви напишав е од општа култура или пак од читање книги и сурфање на интернет, НО едно знам, знам дека и бог веќе не не трпи нас (НЕ) луѓето!
Да се замислиме, божја воља или опомена до човечкиот род?!
Што мислите, ајде да поработиме на враќање на човечките вредносит?!
И на самиот крај, нема да ги заборавам а да не ги спомнам оние кои се исмеваат и си поигруваат со вољата на господа, со маката на луѓето и со болката и тагата на сите нас, токму вас имам да ви порачам дека бог не е мачка и нема само да ве гребне, божјата казна и писание ќе ве стигне и вас и сите нас!
Голем е бог!