Коментари

По излевањето на Серава во Скопје, Вардар се излеа и го поплави Велес во 1929 г

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

По обилните дождови кои паднаа во летото 1929 година во цела Македонија и во добар дел на северна Србија, од надојдените води најмногу настрада Скопје. Налетот на водата вечерта на 23 август 1929 година бил катастрофален за Скопје, при што биле уништени или оштетени од 800 до 1000 куќи, а штетата во Скопје првично се проценила на 50 милиони динари. Меѓутоа, од надојдените води дошло до излевање на реките повеќе места, при што делумно бил поплавен и пазарот во Велес.

Б. Антиќ во својот извештај за белградска „Политика“ детално не запознава со последиците кои настанале по излевањето на реката Серава вечерта на 23 август 1929 година, со кој читателите на „Македонска нација“ можеа да се запознаат изминатата среда. Освен за драматичните моменти кој ги прежувеа Скопје, белградскиот весник известува и за други настрадани подрачја. Во објавените извештаи за поплавите во скопско, кумановски и велешко можеме да го проследиме следното:

„Елементарната непогода која минатата ноќ зафати голем дел од земјата, го погоди Скопје и околината. Советникот на жупанијата г-дин …. ни изјави дека покрај Скопје и скопската област имало на повеќе места обилни дождови кои нанеле на селата значитечна штета.

Така во Горно Количанската општина удрил гром во куќата на Алија Абдулович. Куќата изгорела. Громот убил 29 овци и 14 кози. Поројните дождови го зафатија венецот на скопска Црна Гора, Кучково, Ново Село, Оризари, Љубанци и Волково.

Во земјата на жеглиговскиот округ, Кумановско, кај местото викано Војник реката Пчиња уништила бетонскиот мост. Качаничката река Лепенец зголемена со планинските потоци се излеа под станицата Генерал Јанковиќ и кај Волково ја уништи железничката линија Косово – Скопје. Меѓутоа, денес брзиот воз од Белград дојде на време што значи дека желизначката линија Белград – Скопје не никаде оштетена.

Штом минатата ноќ се дозна за овие непогоди управникот на град Скопје г. Милан Јовановиќ, командантот на местото генерал Божиновиќ и командантот на четата мајор Босиќ по наредба на големиот жупан г. Наумовиќ излегоа на лице место и ги издадоа потребните наредби. Така утрово по наредба на големиот жупан земјоделскиот референт г. Арангел Стоилковиќ отпатува за да ги обиколи овие села кои настрадаа во поплавата.“

По излевањето на Серава и поплавувањето на дел од населбите во Скопје и околината, надојдениот Вардар се излеа и го поплави Велес. Во извештајот за поплавата во Велес од 23 август 1929 година можеме да го прочитаме следното:

„После обилните дождови кои во (Македонија) паѓаа неколку денови, сите реки одеднаш надојдоа. Особено после поројните дождови над Овче Поле и Кратово, надојдоа сите притоки на Вардар така да се заканува опасност дека со надоаѓањето на водата ќе предизвика голема штета на посевите.

Од вчера од 5 часот почна речиси во цела (Македонија) да паѓа дожд, така да вчеравечер жипанијата им јави на сите места покрај Вардар да ја зголемат будноста, бидејќи Вардар може одеднаш да изненади со надоаѓање. Сите политички и општински власти  презедоа мерки во случај на поплава, бидејќи во горниот ток на Варадар се наоѓа голема количина на вода која надојде од планините.

Денес околу 7 часот наутро, Вардар почна одеднаш да надоаѓа и да ги поплавува градините кои се наоѓаат покрај нејзиниот брег. Цело претпладне можеше да се види како водата носи воденици, посеви и се што и се најде на патот. Денес околу 3 часот попладне водата достигна најголема висина. Во Велес се поплавени поголем дел од пазарот, двориштето на училиштето Свети Ѓорѓи и целиот простор околу офицерскиот дом и еден поголем дел од грдското купатило, така да војниците цело претпладне ги изнесуваа стварите. Околу 4 часот водата влезе и во зградата.

Дождот сеуште паѓа, пратен со силни грмотевици, така да во текот на ноќта водата може да го поплави и останатиот дел од пазарот. Голема среќа е што поплавата се случи во текот на денот. Досега нема ниту еден несреќен случај, но како што дождот постојано паѓа водата се повеќе надоаѓа.“

По катастрофалнита поплава во Скопје со своја изјава за јавноста ќе излезе скопскиот градоначалник Јосиф Михајловиќ – Јурукоски. Во своето обраќање јавноста, овој македонски градоначалник ќе каже:

„Како што и самите видовте несреќата зеде катастрофални размери. Неочекувано, баш тогаш кога никој не се надеваше, жителите на цел еден дел на градот на простор од 40 хектари остана без покрив на главата. Срушени или оштетени се 800 до 1000 куќи. Во оваа несреќа проблемот не се поставува да се спасуваат куќите кои веќе се срушени или се на пат на целосно уништување. Не може да се спасува објект во кој водата навлегла во длабочина од еден метар и повеќе. Проблемот се поставува како да се спасат луѓето и семејствата кои останала и без покрив и без храна. Таа помош е толку итна бидејќи тие луѓе цела ноќ работеа на спасување на животите и како ноќта веќе се приближува, покрив над главата мора да им се најде по секоја цена. За таа цел општинскиот одбор ќе вотира извесен кредит како помош за најитни потреби и ќе воспостави врска со управните и војните власти за да на оваа сиромаштија им се даде помош и да се ублажи несреќата.

Меѓутоа сето тоа ќе биде недоволно бидејќи се срушени и оштетени 800 – 1000 куќи, за чија реконструкција е потребна сума најмалку од 50 милиони динари. Катастрофата која го задеси Скопје не е мала. Таа има карактер на катастрофа која ја создаваат големите катаклизми. Затоа е потребна итна помош на државата, исто така помош од целиот наш народ“.

Инаку скопскиот градоначалник Јосиф Михајловиќ – Јурукоски  (Тресонче, Гостиварско, 1887 – Скопје, 11 март 1941) е еден од позначајните тресончани кои живееле во периодот меѓу двете светски војни. Тој бил градоначалник на Скопје и творец на најкапиталните архитектонски објекти во градот.

На 29 јануари 1929 година бил и официјално назначен за градоначалник на Скопје или тогашен претседател на општинското Поглаварство. Пред тоа во Градот работел како архитект-урбанист и уште тогаш имал почнато неколку проекти. Неколку месеци по назначувањето се соочил со поплавата во Скопје. Следувал периодот на проектирање, регулација на водите и изградба на други големи дела во градот. За негово време се изградени градскиот водовод од изворот „Рашче“ кај селото Радуша, хидроцентралата „Матка“, зградата на Собранието на Република Македонија, старата железничка станица во центарот на Скопје (урната во земјотресот во 1963 г.), Офицерскиот дом (разрушен во земјотресот), старата зграда на Народната Банка на Македонија (разурната во земјотресот), градскиот парк и зоолошката градина. Негови дела исто така се: урбанистичкиот план на градот, проширувањето на електричната мрежа и канализацискиот систем на целата територија на Скопје, машката гимназија „Кирил и Методиј“ и женската гимназија „Кралица Марија” и др. На оваа функција тој останал до 1936 година, кога поради политичко-идеолошките разлики бил сменет.

(извор: „Политика“, Белград, 24.08.1929, стр. 5 – 6)

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top