Коментари

Прилепчани се плашат од поплави

Дипл.Екк.Рубинчо Јованоски од Прилеп

По прочистувањето на Избирачкиот список, формирањето на ад-хок телото за следење на медиумите во текот на изборниот процес, поставување на Главен уредник на информативната програма на нациоиалниот сервис на МРТ и што е најважно со формирањето на Техничката Влада се чувствува развиженост во Градот под марковите кули во пресрет на вонредните парламентарни избори закажани за 11 декември оваа година.

Првичните информации говорат дека плавите момчиња уште на самиот почеток се судруваат со најгорливиот проблем, а тоа е обезбедувањето на место на Пратеничките листи кое истото ќе биде добитно за поддржувачите на т.н. шарена револуција. Во оваа прилика само да нагласам дека прилепската шарена револуција под плаштот на нерегистрираното здружение “Протестирам” и со паролата нема правда – нема мир неколку месеци маршираа по прилепските улици и направија голема штета на новата Општинска зграда каде надворешниот изглед на истата го “Нагрдија”со мрсна боја и јајца. Шарените ги предводеше не цивилизираниот адвокат кој во оваа прилика не сакам ниту името да му го спспоменам.

Сигурно нецивилизираниот адвокат чека добитно место на пратеничката листа на најголемата опозициона партија СДСМ на чело со аболицираниот лидер Зоран Заев, алијас Зоки фантомчето. Апетитите на нецивилизираниот адвокат не застануваат тука, него, истиот би сакал и да има место и во извршната власт како по 9 последователни горчини на поразите конечно зајачето и неговите поданици ја почувствуваат сласта на победата против лутиот ривал и актуелен носител на македонската политика како на внатрешен така и на надворешен план на чело со ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот ревносен лидер Никола Груевски.

Во игра за пратенички места се и универзитетскиот професор и приватен бизнисмеи и актуелен пратеник во Републичкото собрание, Хари Локвенец кој иако, со своите сопартијци протестираше и беше надвор од Законодавниот дом земаше редовно пратеничка плата. На претпоследните парламентарни избори кога лидер на СДСМ беше мецената Б.Ц. нарцисоидната личност Хари Локвенец шеташе по прилепските улици и делеше локум, кафе и наполитанки. Неговата поразителна кулминација беше убедливиот пораз на последните локални избори во 2013 година од актуелииот татко на градот над Марковите кули, Г-динот Марјан Риетески. Во таа прилика Хари ветуваше 500 акумулации, 5000 нови вработувања и 5.000.000 евра свеж странски капитал.

Во тоа време прилепскиот електорат си поставуваше прашање каде ќе ги гради нарцисоидната личност 500-ните акумулации кога Градот херој Прилеп е жеден за вода?

Па така, проциркулира во јавноста една анегдота со молба до Хари “немој’ да градиш 500 акумулации оти ни е страв од поплави”.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top