Коментари

Плачковци

kostadin-kepricovski-22

kostadin-kepricovski-22
Костадин Керпичоски

За наша несреќа не се солзи радосници, ами солзи крокодилски, солзи пролеани од членовите на опозицијата, од врхушката!

Ви реков јас во мојата последна лајф анализа дека се плашам дали ќе има избори а не од избори, за разлика од мене опозицијата на чело со нивниот лидер се плаши од избори и бега од нив како од оган или земјотрес или некоја друга елементарна непогода.

Пред само некој ден, лидерот на опозицијата г-дин Зоран Заев испрати писмо до абасадорите на другите држави во Република Македонија во кое конкретно ги обвинува ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски за неисполнување на договорот од Пржино со кое писмо тој си создава алиби за бегство од избори или непризнавање на истите!

Сега мене најпоставувано прашање ми е до кога ќе трае оваа криза?!

-Се надевам дека нема да имаме криза се додека не не снема, да не постоиме како нација, како држава!

Исплашен сум Македонски народе, кризата во државава никако да ја пребродиме, кризата се продлабочува!

Сега е моментот ДА, да се направи притисок на опозицијата да излезе на фер и демократски избори со што ќе се направи првиот чекор за излез од оваа вештачки креирана политичка и економска криза во државава!

Парадокс-бараат предвремени парламентарни избори ама никако не сакаат да се одржат истите-страв, паника и бегство од пораз се вика сето тоа!

Верувајте како сите ние што знаеме кој е исходот на наредните избори кога и да се одржат така и СДСМ од своите нарачани реални анкети знае за нивниот беден рејтинг кој сега го ужива помеѓу Македонците а богами и помеѓу Албанците бидеќи и тие се вмешани во лагите и манипулациите на опозицијата!

Јас предлагам две решенија, или избори за почеток на крајот на оваа криза и почеток на крајот на СДСМ како политичка партија или за пучистите во

Македонија истото што и за оние во Турција!

Друга татковина немаме!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top