Коментари

Во 1925 година големиот пожар во Тетово уништи 30 дуќани и други луќарки

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Најмалку три пати чаршијата во Тетово во целост го изменила својот лик. Први пат кога настрадала во големиот пожар во 1925 година. Потоа била обновена, со тврда градба, во европски, неокласичен стил. И третиот лик, денешниот, според пишувањето на „Република“  (Стари фотографии – Тетово; 01.02.2013), го добила во 1960-тите години, кога сите објекти во центарот на градот биле урнати до темел и во духотна социјализмот бил изграден широк мермерен плоштад.

Нешто повеќе за големиот пожар кој избувнал по полноќ на 23 август 1925 година во чаршијата во Тетово, а во кој изгореле повеќе дуќани и куќарки можеме да прочитаме во текстот  „Голем пожар во Тетово“ објавен на 24 август 1925 година во белградска „Политика“.

За пожарот кој избувна во пекарницата М. Серафимовиќ и во кој настрадале повеќе дуќани и домови, дописникот на белградски весник ќе го забележи следното:

„Ноќеска, овде после полноќ изби ненадејно пожар во непосредна близина на градскиот пазар. Пожарот изби во пекарницата на Михајло Серафимов(иќ). Бидејќи овие денови се необично топли , а сите згради во близина се од слаб и сув материјал, пожарот се разви со таква  брзина  така да во еден момент изгледаше дека ќе изгори целиот град,

Пожарникарите, властите и граѓаните се фрлија сите ревносно на спасување на се она што можеше да се спаси и на локализирање на огнот. Бидејќи изгледаше дека тетовската противпожарна чета не е доволна за да се совлада огромниот оган, кој веќе опфати неколку дуќани, итно беше повикана и скопската противпожарна чета. Таа од Скопје тргна во 2 часот утрото, а кога стигна во Тетово огнот во добар дел веќе беше изгаснат.

Пожарот уништи околу 30 дуќани, покрај останатите куќарчиња. Штетата сеуште не е точно проценета, но се смета дека е многу голема. Во секој случај таа се искачува на 5 милиони динари.’

Пожарот ќе го смени ликот на чаршијата на Тетово. Според пишувањето на „Република“, на местото на денешниот Центар за култура „Иљо Антески – Смок“ некогаш била подигната старата мелница на семејството Благојевиќ. По големиот пожар од 1925, на нејзиното место било изградено „Градското поглаварство на Тетово“. Од 1941 година, за време на Втората светска војна, зградата била седиште на италијанската Потпрефектура Тетово, а по ослободувањето, била седиште на Општина Тетово.

pozar-tetovo

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top