Коментари

Политички диверзанти

Д-р Мери Георгиевска

Технологијата на политичките диверзии познава цело богатство на методи и техники на изведби. Така на пример, политичкиот субјект јавно задолжен да биде task force за изведба на некој план, всушност е мајстор да го осуети истиот. Пример­: Целата европска дипломатија во почетокот на 20-от век од петни жили сакаше да ги спроведи Миртцешките реформи во Македонија, а истовремено правеше сè да се осуетат и никогаш да не се спроведат! Реформите и ден денес чекаат да се спроведат.

Другарот Тито од уста не го вадеше комунизмот сè додека под негово водство комунизмот не започна да се распаѓа…Неговиот ученик Киро Глигоров од Република Македонија направи ПРЈМ, наВодно само за два месеци и тоа го мислеше искрено зошто беше за секој случај длабоко убеден дека ПЈРМ нема да трае подолго!

Македонската социјалдемократија ја уништи работничката класа полошо од секој фашизам, воведувајки сурова првобитна акумулација на капиталот.

Сè на сè, оваа метода на политичка диверзија произведува дела со опасна фабричка мана, која може да се активира по желба на нарачателот.  Моменталниов тренд за кој овде станува збор ден из ден станува универзален, француски клуч, истовремено арамиски калауз на политиката како таква, односно како никаква. Денес дојдовме дотаму кога по желба на нарачателот, демократијата наместо со избори да се воведува со бомбардери, а политичката диверзија со која треба да се уништи државата се нарекува промена на режим. Соодветно, ако демократијата се воведува со бомбардери, тогаш на диктатурата и преостанува да се воведе со избори! Ако демократијата продолжи да се воведува со бомбардери, диктатурата ќе биде присилена да се брани со бојни отрови.

Монструмот е на дело.

А, вие шарени, делирично халуцинирајки дека ја уривате власта во државава, ја уривате самата Држава. Слепи за својата ропска иднина, додека го скрвнавите минатото, вие ја сечете гранката на која седиме сите ние заедно. Ем сакате да сте внатре во Собранието, ем го бербатите однадвор. Ако толку сте обземени од вашиот панаѓурски бес што ја мразите државата, тогаш, бидете мажи, имајте муда и признајте дека во себе и вон себе сте се одрекле од своите татковци, дедовци и прадедовци… Набргу, ќе даде Бог, ќе разберете дека и тоа откажување од нив, било бесмислено. Попусто ќе ги продавате по промотивни цени, но никој нема да сака да купи предавничко семе.

И бидејќи веќе очигледно е дека шарените се само памучето после применета инекција, и дека не треба да им се дава значење, и ова беше премногу. Тие улетуваат само кога треба да се одложат изборите, односно само кога лидерството на СДС ќе се освести од мамурлукот од преголемата доза на алкохол и останати барбитурати и ќе сфати дека нема програма и за овој трет обид на in vitro демократија.

Но, никако не можам да се начудам кој ќе гласа на следните избори за човекот кој единствената цел му е да не изложи сите нас. Во името на демократијата, веќе две години ја изложува државава кон тотален колапс на демократијата.
Другари и другарки, комунофашисти, што сакате да продуцирате после овој статус на темница во кој ја внесовте Македонија? Вашите намери се проѕирни. Темницата е моментот на инкубација. Што инкубирате сега? Во секоја темнина се инкубира некој процес кој треба да излезе на светлина. Да не случајно мислите дека инкубирате ново дете на слободата? Вашата „слобода“ е затруена од илузии. Вашиот поим за „слобода“ станува идеално место за понижување. Како не сфаќате?

Туку да се вратам на темата. За било што во природата да излезе на светлина, неопходна е темнина. Дали тоа во утробата на вашата најнова изборна програма го инкубирате вашиот конторлиран хаос, кој треба да излезе на светлина во облик на неконтролиран хаос според вашето сценарио? Дали инкубирате диверзија на изборите на 11-ти Декември? Дали инкубирате терористичка оргија врз својот народ- најголемото предавство и поделба на Македонија? Можеби инкубирате време во кое треба да се редуцира моменталната власт и изборот да се сведе на избор помеѓу поголемото и помалото зло, по примерот на вашиот лидер -„Сад му је матер“? А?

Или инкубирате општество во кое ќе биде возможно сè, за да не биде возможно ништо?!

Македонскиот народ одамна мисли со своја глава. Нема да ви поминат на ниту еден шалтер налозите за нашето уништување, искоренување, асимилирање, трансформација, пререгистрирање и преименување на нас и нашата Татковина.

Нашиот народ кој е длабоко и милениумски врзан со земјата врз која опстојува, и наспроти сите историски бури, можете да го наречете како сакате, но само во вашите соништа.

Вие инкубирате ветер на магла, другови и другарице, и што и да ви кажам повеќе ќе ве изложам.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top