Коментари

Маск(от)а на годината

Петре Кривчевски

Види богати, двојни аршини?! Ако некој тајно снима врвни државни функционери, потоа јавно се објавуваат тие разговори тоа ти било – патриотски, од „загрижени граѓани“, додека пак ако протечат снимки немонтирани (сечени, лепени… „суредени“) од јавниот сервис – предванички. Бати логиката бати. Да му го немаш умот, образот ни храброста на сите тие дрвени адвокати кои се обидуваат да бранат тоа што ни Буфон, Ноер и Де Геа заедно не можат да го одбранат. Видено, чуено, избламирано и – тонч! A мудрециве на очи пули црната волна сакаат да ни ја прикажат како бела, читањето како говор, напишаното како изговорено. Тоа де, мижи да ти баам.

Добога, што зарем преку суровиот материјал протече нешто што не знаевме? Небаре не ги паметиме пресовите на кои гомџи или ако сакате мрмори СЈО шефицата на која оловна ѝ е вилицата, шупливи тезите но и извитоперени и субјективни потезите. Зошто? Поради многу затоа но највеќе што не почна со ред. Кој, за што (или за колку?) прислушувал, како и каде „патуваа“ снимките, дали се сите предадени, дали се селектирани, има ли копирани, сокриени, продадени… таа промтно со коњски (или магарешки?) скокови го ослободи Верушевски.

И не, не е најстрашното што Катица не е презентерка, ораторка или глумица како Ленче или Фатиме, да речиме. Нека, нека чита колку сака, но болката е во лагата. Шминката и обидот за продавање напишано (туѓо?!) и прочитано како изговорено со сите тие исечоци и кадри без потреба а со намера за зат(м)ајување. Значи боли но и не толку отсуството на елоквентноста колку присуството на измамата. Од еден специјален обвинител (коректор или и „судија“ на редовниот) може и да не очекуваме да биде медиумска ѕвезда, арно ама и тоа како очекуваме да биде доволно стручен, максимално непристрасен и „до бол и бес“ чесен. Е тоа боде и смета каде-каде повеќе од чипката, фризурата, фигурата и сиот тој скап кичерај. Значи: з-о-ш-т-о (не) л-а-ж-е?

Јасно, ваквото јавно намагарчување нè води до сосем логично размислување. Кога веќе чита, а тоа се обидува да го прикрие од јавноста ем прикаже како говор, кој и како може на таа иста јавност да и каже и убеди дека и пишуваното не е мас(ти)ло од некоја партиска, амбасадорска или што ти јас знам кујна? Со оваа измама, која ете е пробиена и обелоденета, сета работа на Катица и подредена компанија ако не во вода паѓа под сомнеж. И минатото, односно стореното, но и идното затоа што и само една лага носи трајна недоверба. Така да сега може да кажува/ат што и колку сака/ат, но јавноста, таа објективната и независната, да видам да не верувам да ѝ/м поверува. Патем, како колатералка, монтировката воедно ја „соголе“ и уредничката. Се дигна маглата и стопи тезата за независноста на Санта, излегоа на мегдан скриените намери за оддолжување и спроведување на агендите на менторите.

Друга една работа која ептен е и очебијна и суштинска. До граѓаните вака или онака допреа тајни снимки и од (не)делото „едно евро за Вицето“, но и тоа од специјалната е ноншалантно игнорирано. Бичим „Пуч“, таму… за после одморите, свадбите, кога нема да бидат на службен пат… ко ќе роди врба грозје. И, мајкуму, како бре тоа власта  ја прислушувала опозицијата а ваму се изнаслушавме снимки од власта освен, жими неа, Заев со ќерката? Тоа ли е тоа, таа ли е вистината за прислушуваната опозиција – Зоран и ќеркичката? Тики што ако во тие преостанати 88% непреслушани разговори има куп докази за криминали на Заев а тој во меѓувреме победи на избори со сквернавењето на името и урнисувањето на рејтингот само на Груевски со тие, наводно, 12% преслушани снимки – сите од вмровци? Каде е тука и правдата но и непристрасноста, ако сакате. Мори снао, што би рекол Џумерко, што не ги приберите и ислушате сите 1.050.000 разговори и сетне по „големата слика“ да носите заклучоци, а? Или така ќе ја расипите калимерата со спонзорите: да падне пресуда пред изборите за да падне и непобедливиот?

После оваа циркусијада – да, излезе Заевата вистина на виделина. А таа вели вака: ако Амди е кока-кола, Катица – е струмка! Тој калеш – таа жолта. Заедничко? И двајцата се буцкасти, 102,3% во право и служат за ждригање. Извесно, на држава со ваква „специјалка“ неминовна и е „генералка“. Избори! Со една крупна ситница: пред тоа Груевски да се (до)собори. Инаку? Ете! Пак шарени, пак поместување на датуми… исти старо-нови валкани опозициски игри и изговори во закрила на дипломатски чадори.

Било како било но од сета оваа катазјанија ќе се изроди барем една позитивна работа. Маск(от)а на годината! И во Струмица и во Вевчани маскембалџиите ќе бидат опчинети а маскембалите потчинети од Гица, пардон, Катица од Гевгелија – маска на безрбетната опозиција и имплант на т.н. меѓународна. Та ваква мајка (амбасада) еднаш раѓа! Пред неа лажно (и сè нелегитимно), без неа тажно, со неа  смешно, по неа потоп. А за да трагикомедијава ја долови сета своја мизерија во раскош се погрижи таму некоја „лева“ аналитичарка од таму некоја „Левица“ која вознесена од ликот и делото на специјалката пред камерите, во живо, со еден муабет се избербати колку за сто („топ“) дебати. Демек, според „експерткава“, таа (Катица) да формирала партија и излези на избори – ќе победи!!! И, сетне, некој нека каже дека абортусот некогаш не е лекот.

П.С. Како-како, што-што, ова било „мобинг“? Простете но мене повеќе ми личи на „факинг“. Вонуставно безобразно и безобзирно пенетрирање во системот и силување на цела една држава, институциите и органите но и интелектот на граѓаните. Хм, „белава мечка“ финансиски отчет одбива да дава, кога ќе и штракне на седници доаѓа или ги напушта а, ваму, неограничени ресурси бара. Уште и уште… пари, вработени, рокови… брее КАТА-клизма и афтер СЈО шокови!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top