Култура и туризам

Дел од монографијата за манастирот „Св.Богородица“ во Сливница од Д-р. Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски Катин

Славе Катин

Славе Катин

Очевидно е дека дева Марија и пред раѓањето на Исус, и за време на неговото детство, според апокрифната литература, а и според канонската, е безгрешна, мила, добронамерна, послушна, со очите насочени кон Бога, добра мајка, среќна и задоволна од подвизите и знаењата на синот, исполнета со милост не само кон своите блиски, туку и кон непознатите луѓе.

Bo случајов важен е односот на љубителите на Исус, особено за времето на страдањата на крстот, меѓу кои најмногу страда дева Марија. Овие моменти убедливо ги прераскажува и предава апокрифната литературе, но и канонската. Во Евангелието од Јован (глава 19) до Исус е неговата мајка. Таа го следи својот син, заедно со апостолите и страда, длабоко и тивко. Во зборникот „Страсти Христови” се јавува мајката на Спасителот, но интересно е што овој зборник зафатил подлабоки корени на Запад, во католичкиот свет, a ce проширил преку Полска и кај источните Словени, а помалку останал познат меѓу јужните Словени.

Исус не се дели од мајка си, ја теши и отворено ѝ раскажува за неговите наредни маки, но и за воскреснувањето, по кое ќе ја земе со себе во небесата. Жртвата на    Cиhot за спасот на човештвото е предочена на преден план, но болот на мајката е преголем. Кога стигнува во Ерусалим со жените мироносници припаѓа од болка, особено кога дознава за пресудата на Пилат и за Христовите страдања. Таа е покрај синот со Јован Богослов.

Co настапувањето на смртта на Исус се случуваат вселенски бури, затемнување. Уплашените луѓе се разбегнуваат, само Мајката останува до синот. Нејзиниот плач над мртвото тело од синот е возбудлив и инспирирал повеќе творби, меѓу кои спаѓа и „Молитвата кон Богородица” од Димитар Кантакузин.

За разлика од овој зборник, апокрифниот текст „Сонот на Богородица” се распространил меѓу Јужните Словени. Големиот руски истражувач А. Веселовски оставил значајни согледувања и за овој апокриф. Содржината на сонот е следнава. Богородица заспала на Елеонската Планина и сонувала страшен сон. Сонот се однесувал на страдањата на Исус, неговото предавство од Јуда за триесет сребреници, судењето, смртта, вокреснувањето. Во овој краток апокриф недостигаат страдањата на Марија. Исус го ислушал сонот од вознемирената и уплашена мајка и ѝ признал дека таа ја предвидела, т.е. ја видела целата негова блиска иднина.

 

 

 

 

 

Јован Богосло и Света Марија

До својата смрт Богородица останала во домот на Јован Богослов, почитувана од сите свети апостоли. Токму нему му се припишува и апокрифниот текст за „Успението на Богородица”. Јован Богослов бил најсаканиот ученик на Исус. Од него можела да протече главната содржина, но наредните автори вршеле видоизменувања.

Во христијанската книжевност важен е и настанот со споменатото успение. Пред смртниот час сите апостоли, кои го проповедале Божјото слово низ целиот свет, понесени од чудна сила на облаците, сите пристигнале пред дева Марија, која заедно со одарот што го понеле апостолите, се нашле во облаците и Господ ја примил безгрешната душа на Марија. Притоа се случиле големи чуда. Евреите не ја нашле на одреденото место, кој од Евреите ќе го допрел одарот, Господовиот ангел му ги пресекувал рацете.

Во средината на Македонија посебно е проширен апокрифот „Слово како се воздигна пресвета Богородица”, кое го среќаваме и во Тиквешкиот ракопис. Во оваа верзија апостолите се непријателски насочени кон апостолот Тома, кој последен пристигнал на успението. Заради присутноста на овој текст во нашата средина, го даваме целосно во превод.

Популарноста и култот на Богородица се пренесувале во традицијата на христијаните. Мајката Божја станува важна личност и во есхатолошката апокрифна книжевност, како привилегирана личност, одредена од Господа да ги посети тајните маки и убавини, на кои се осудени луѓето по смртта. Во нив повторно доаѓа до израз неј-зиното страдање и однос кон казните на грешниците, за кои таа измолува од Господа одмор на душите.

Овој апокриф била омилена народна литература, која се преработувала од 10-от до 19-от век во јужнословенската средина. Во Македонија бил многу омилен, заради што го даваме и наредниот преведен текст за нејзиното патешествие меѓу грешниците.Неа ја предводи во пеколот архангелот Михаил. Популарниот апокриф оставил и траги во народното творештво на словенските народи, како и во македонскиот фолклор.

Продолжува

Најново од: Култура и туризам

Климент – првиот македонски митрополит и прв Преспанско-битолски архиереј

Митрополит Климент чие световно име пред хиротонијата за архиереј на MПЦ му беше Никола Трајков, е прв македонски митрополит преспанско-битолски, прв архијереј во Битола по обновувањето на Македонската православна црква и втор македонски архијереј потписник на соборската Одлука од 1967 година за обнова на афтокефалниот статус на Македонската православна црква (денес МПЦ – ОА). Како […]

Зачнување на свети Јован Претеча и Крстител

Празник на надежта, молитвата и довербата во Божјата милост На 6 октомври, односно на 23 септември по јулијанскиот календар, Македонската православна црква — Охридска архиепископија го празнува Зачнувањето на свети Јован Претеча и Крстител. Овој празник нè потсетува на евангелското сведоштво за свештеникот Захарија и неговата сопруга Елисавета. Иако двајцата биле во поодминати години, во […]

На 6 октомври 1928 година — Од љубовта кон Раца се родило поетското име Рацин

Картичката што Кочо Солев ѝ ја испратил на Рахилка Фирфова останала значајно сведоштво за потеклото на едно од најголемите имиња во македонската книжевност. На 6 октомври 1928 година Кочо Солев испратил картичка до Рахилка Фирфова — Раца, во која ѝ соопштил дека го зема нејзиното име како свое. Со тој личен и емотивен чин, младиот […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

To top