Коментари

Воведение на Пресвета Богородица или Карпински манастир

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Воведение на Пресвета Богородица или Карпинскиот манастир е манастирски комплес сместен во близина на селото Орах, Кумановско. Се смета дека е основан во XIV  век од страна на севастократорот Дејан зат на српскиот цар Стефан Душан. Манастирската црква посветена на Воведение Богородично потекнува од XVI – XVII век и е во форма триконхос. Се забележуваат два слоја на фрескоживопис, еден од времето кога е изградена, а другиот од крајот на XIX век, кога манастирот е возобновен. Околу него кон крајот на XIX и почетокот на XX век се водела беспоштедна борба на српската и бугарската пропаганда. Во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), Георги Трајчев за манастирот Св Богородица – Карпински за кој вели дека е многу постар.ќе напише:

„Прочуената некогаш архилевска црква „Воведение Богородично“ во Жегликовската покраина (Кумановско – н.з),  татковина на Дејановци, е сегашниот Карпински манастир „Воведение Богородично. Тој е расположен близу до Страцин, десно од патот Крива Паланка – Куманово, во едно живописно планинско место.  

Се раскажува дека манастирот бил основан пред 1.100 години (околу 833 г – н.з.). Имало надпис над вратата од таа година, но бил избришан (Ефрем Каранов, ибид, 312). По падот на Константиновото кнежество под Турците, манастирот изгледа продолжил да суштествува. Во текот на 1592 година, пишано е едно евангелие во манастирот Карпино, во храмот Пресвета Богородица (Стојановиќ, записи г. III 162). Манастирот запустел 4 пати од пожари и угнетување, додека најпосле, точно не познато кога, манастирот бил откупен од кратовскиот бег Ахнед Чалма и со това поминал под туторство на Турците. Селаните за овој откуп го собрале целиот сребрен накит на своите жени.

Се зборува дека во старо време манастирот бил многу голем и богат и дека во него живееле околу 300 калуѓери. Во 1806 година, во Карпино доаѓал познатиот .. писател Кирил Пејќиновиќ, тогаш игумен на Марковиот манастир. Второ по позитвивно известување имаме едвај од 1846 година. Тоа се наоѓа во кондиката во Ќустендилската митрополија во инвентарот на Карпинскиот манастир, составен од грчкиот владика Дионисиј. Од тој ивентар се гледа дека манастирот, покрај многуте сребрени предмети, садови и др., поседувал 11 примероци на различни стари ракописи на кожа и други црковни книги. Од недвижен имот имал: 12 ниви, 1 чифлик во село Негоричани,1 бавча од 3 дулуми, 4 ливади, 6 коњи, 15 крави, 3 чивта волови, 200 овци, 76 кози и 25 свињи.     

Сликите во црквата се стари. Монаси нема. Црквата има великолепен изработен стар аналои од парченца слонова коска (Каранов, ибид, стр. 307). Околу манастирската црква има 30 соби за гости и за манстирски потреби. Најмногу се Паланечки и Кумановски одделенија.

И за овој манастир се води ужасна борба со српската пропаганда. Еве што ни соопштува Н.В. Преосвештенство Неофит за таа борба „ … Ужасна беше борбата со српската пропаганда, која по секоја цена сакаше да го присвои, за да нема наблизу бугарско око за да следи што се случува со манастирот, односно со селата кои беа сврталиште на српските чети. Неколку пати упаднаа околните србомански села потикнати од србоманските чети, но напразно: Ние го земавме  манастирот назад откако дури  се казнија околните србомански селани по борбата со еден одред војска, предводен од албанец, поранешен (јаверин – ?) на Хусеин Хилми паша во Солун – Генерален губернатор. Овој  арнаутин откри во српските села, околу манастирот, српско оружје. Тој ги опколи селата и не дозволи човек да излезе од нив додека не ги покажаа пушките, бомбите, динамитот и др.. Брзо доби заповед од своето началство да престане со теророт и да се јави да одговара во Скопје. Се оправда дека е најден воен материјал.  Селаните веќе се вразумија. По тој настан јас сам одев во манастирот, влегов во контакт со селаните кои ми жалеа од насилничкиот терор на српските чети и ветија дека наскоро целиот Козјак ќе се исчисти од српката пропаганда.“

Во Карпинскиот манастир кој е познат по својата скрипторска школа од XVI век, како што пишува Трајчев живееле околу 300 калуѓери, и тој важел за црковно-културно и духовно јадро во овој регион.

Од пишувањето на Трајчев дознаваме дека манастирот, покрај многуте сребрени предмети, садови и др., поседувал 11 примероци на различни стари ракописи на кожа и други црковни книги. Оригиналните ракописи кои сведочат за скрипторската школа и за постоењето на ќелијно училиште денес се наоѓаат во Белград, Софија и Москва. Меѓу позначајните дела се смета Карпинското евангелие кое се наоѓа во Москва.

За Време на Втората светска војна настрадале манастирските конаци. Денес на овој манстирски комплекс му е посветено внимание и е дел од бројните културни споменици на Македонија.  

Во својата книга за манастирите во Кумановско, покрај Карпинскиот манастир, Трајчев во кратки црти ќе го спомне и Св Илија кај село Орашец, кој бил возобновен во поново време од Младен Милушев, но и ќе напомне за урнатини од манастирот св. Богородица кај село Думановци (од архивот на Скопската Митрополија)

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top