Коментари

Лесновскиот манастир во историјата на револуционерното дело држеше прво место

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

„Лесновскиот манастир во историјата на револуционерното дело држеше прво место… По предавството, Турците дознаат за двојната дејност на Козма и браќата околу него и еден ден го опкружиле манастирот и ги врзаа сите монаси со синџири. Во Скопје ги осудија и ги пратија во заточение во Азија. Тоа беше во 1895 година (Виничката афера)“ – пiшува Георги Трајчев во своето дело .„Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.)

Во текот на најмрачните времиња на двојното ропство, единствено во македонските манастири беше зачуван духот, јазик и книжевноста на македонскиот народ. Тие станаа и првите расадници на националното сознание меѓу народот. Тие беа единствените огништа на преживеаната свештената традиција, последниот пулс на македонското срце и душа. Истите биле засолништа за македонските дејци, револуционери и за сите оние кои се бореле за национална слобода на Македонскиот народ. Не случајно во манастирот Св. Прхор Пчински било оддржано Првото на АСНОМ на кое беше формирана современата македонска држава.

Инаку, македонските манастири се сведоци на една трагична сторија на една епоха толку мрачна и толку славна на македонскиот народ. Во минатото манастирските братства активно учествувале за време на политичко-револуционерните движења. Едни од нив давале поддршка и засолниште на апостолите и борците на македонската револуционерна борба, други служеле како собиралиште и трети давале од својата средина дејци кои застанале на чело на македонската револуционерните борби. За време на Илинденското востание некои од овие светилишта отворено учествувале во борбата за слобода на македонскиот народ, кого го помагале со материјални средства, лично учество и сл.  

Манстирот Св. Гаврил Лесновски е еден од најзначајните и најубавите средновековни сакрални споменици на културата во Македонија и пошироко. Расположен на библиски простор, тој е познат не само по боагството и содржините на иконостасот и фрескосликарството, како и по својата моќ да ги лекува болните лица, туку и по своето активно учество во Македонската револуционерна борба. Повеќе за ова може да видиме во книгата .„Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.) од Георги Трајчев: Авторот за поддршката и учеството свештенството и монасите од овој манастир во македонската ослободителнат борба ќе напише:

„Во последно време за игумени стоеја лица со големо патриотско и револуционерно чуство. Таков беше игуменот Козма, родум од серското село Крчово. За време на неговото игуменување вратите на Лесновскиот манастир беа широко отворени за народните дејци, револуционери. И дедо Козма беше првиот бунтовник. Клучот од влезната порта на манастирот бил оставан на договореното место за револуционерите. Така манастирот стана место за заговор против тиранската турска власт. Монасите само во манастирот биле со расо, а надвор од него – со пушки и бомби. Но тоа не траеше долго. По предавството, Турците дознаат за двојната дејност на Козма и браќата околу него и еден ден го опкружиле манастирот и ги врзаа сите монаси со синџири. Во Скопје ги осудија и ги пратија во заточение во Азија. Тоа беше во 1895 година (Виничката афера).

Лесновскиот манастир во историјата на револуционерното дело држеше прво место. Ете само една страна од таа историја, таа како што ни ја раскажува Завоев (в. – Македонија бр. 1343).

Таа година Велигден требаше да се празнува касно – во првите денови на месец мај, кога горештините во Македонија речиси веќе се летни. Касно вечерта на Велики Четврток, една писмена покана на Кратовскиот месен комитет го најде Овчеполскиот цар, Мише Развигоров во штипското село Мечкуевци. Тие го викаа за една важна работа. Развигоров издал наредба на четата, зел еден од четниците со себе и заминал за Кратово. А во зорите на Велики Петок тој веќе бил во куќата на Кратовскиот раководител. Во саботата по ручекот, Мише решил да се причести за Велигден во историскиот Лесновски манастир Св. Гаврил кој е одалечен од Кратово на 2 часа пат.

Развигоров стигнал во Лесново малку нешто пред да бијат камбаните за Воскресение Христово. Монасите биле млади и интелигентни луѓе. Тие скоро биле дојдени од св. Гора, но до еден служеа во редовите на Организацијата. Бидејќи знаеа кој е Мише Развигоров, тие брзо подготвиле една убава соба за него и излегле со игуменот да го пресретнат пред манастирските порти. Мише Развигоров влегол во црквата и се исправил до игуменскиот трон. А во тоа време во Кратовскиот полициски участок се кревала тревога.  Предавничкото око го следел патот на Развигоров, го предал на кајмакамт, дека Штипскиот „баш војвода“ е на гости во Лесновскиот манастир. Наскоро била крената силна потера која го опколила манастирот.

Набрзо влезе старец во црквата и му шепнал на игуменот за потерата. Потоа се свртел кон М. Развигоров и го изгледал прашално. Мише не знаел што се случило. „Синко“ му рекол тој, надвор манастирот е опколен од Турци и сите излези се зафатени (блокирани). За излегување надвор е невозможно. „Предавство“ извикал Развигоров и инстиктивно се фатил за револоверот кој му висел под палтото. Но, турската потера веќе била во манастирот и ги претресувала собите.

Дошол ред да се пребара и самата црква. Мишо брзо размислил дека да се спротивставува сам меѓу толку многу непријатели е невозможно. Размислувал да се скрие негде во црквата но не бил сигурен. И игуменот кроел план за криење стравувајќи да не биде откриен. За миг игуменот го фатил Мише за рака и го одвел кон олтарот. По пет минути разјарената потера влегла во храмот и почнала да пребарува насекаде. Монасите останаа на место. Свештениците ја прекратија службата и псалтовите онемеа. Само еден нов ѓакон со долг орар, кој не му личеше добро со кадилницата во рака, гласно и спокојно ја читал пред светите двери ектенијата и се крстел со почит. Сувариите (коњаниците) минаа и крај него, го погледнале, заклатиле со главата и застаначе кај игуменот. – Кажете  аги, што барате, прашал игуменот. Тоа кое го барам го нема папа ефенди – одговорил муљазимот. – Ја не излагаа, ја не надитрија…“

Еден час потоа во манастирскиот  двор засвирила зборната војничка труба и потерата си заминала за Кратово. Мише Развигоров веднаш се замислувал кога ќе си спомнел дека на Велигденската литургија во Лесновскиот манастир, ненамерно зел учество во неа како „ѓакон“. – пишува Трајчев.

Инаку, Михаил (Мише) Развигоров (Штип, 28 октомври 1873 – Штип, 2 април 1907) е македонски револуционер, војвода, член на ТМОРО и учител. По завршувањето на педагошкото училиште, работел како учител во штипското Ново Село и му помагал на Гоце Делчев, кој во тоа време работел како учител во селото.

По избувнувањето на Виничката аферa во ноември 1897 година, Развигоров, заедно со повеќемина членови на Окружниот комитет во Штип бил затворен и мачен во штипскиот затвор. За да не страда локалното население, Развигоров решил да ја преземе вината врз себе и признал дека тој ги вооружувал луѓето. Затоа, Развигоров бил осуден на доживотна робија и заедно со Петар Поп Арсов и другите членови на Окружниот комитет, во август 1898 година, преку Солун бил спроведен во затворот Подрум Кале во Акија, Мала Азија. Во август 1902 година, по повод устоличувањето на султанот Абдул Хамид II, била прогласена амнестија и Развигоров излегол од затворот. Притоа, одредено време, тој поминал во Бугарија, а потоа формирал своја чета со која заминал во штипската околија.

Развигоров како војвода на штипската околија уживал голема популарност кај народот, поради неговите активности за подобрување на социјалната положба.  Тој ги помагал селаните за откупување на земјата од беговите, за ослободување на долговите на задолжените селани, за поништување на турските документи во кои се воделе задолжените селани, за формирање помагателни каси итн. Како резултат на неговите активности, населението го нарекувало Овчеполски кнез. По извршеното предавство, Развигоров со четата бил опколен во една куќа во Штип и загинал во борба со турскиот аскер на 2 април 1907 година.  Погребот на Развигоров, Овчеполскиот цар, бил масовно посетен при што тој бил закопан на градските гробишта, до црквата „Св. Спас“.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top