Коментари

Повик од Александар Донски за создавање „Совет на македонските интернет борци“

aleksandar-donski

aleksandar-donski
Александар ДОНСКИ

Македонскиот историчар Александар Донски повикува на формирање „Совет на македонските интернет борци“ врз доброволна основа, чија задача ќе биде да ги испраќа линковите од серијата „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ на што е можно поголем број е-маил адреси на странски (но и домашни) субјекти во светот.

Линкот од секоја епизода (со соодветен пропратен  текст) би се испратил на голем број странски субјекти (историчари, универзитети, историски друштва, политичари, медиуми и новинари и сл.) со  повик да ја гледаат епизодата.

Доколку некој од членовите на Советот не сака да го испраќа линкот од својата домашна адреса, може да отвори посебна адреса од Yahoo, Gmail и сл.

Донски вели дека ова е добра прилика, оние што сакаат да помогнат во ширењето на македонската историска вистина пред светот, да направат нешто ВИСТИНСКИ КОРИСНО,  наместо да си го трошат времето во препраќања едни на други на разни пароли,  мапи од обединета Македонија и сл…

Инаку Донски вели дека располага со над 1.700 е-маил адреси од странски (но и домашни субјекти) на кои пред 5-6 години (исто со група ентузијасти) беа испраќани материјали со историска содржина. Притоа тој објаснува со што друго би се ангажирале членовите на овој Совет.

Систематско обезбедување на што поголема база е-маил адреси за организирано ширење на македонската историска вистина. На пример, во САД има педесет држави. Во зависност од бројот на членови на Советот секој ќе биде задолжен за по една или повеќе држави. Преку интернет ќе  треба да обезбеди список на сите универзитети и историски друштва во тие држави, на сите сенатори и конгресмени, како и позначајни медиуми. Потоа ќе се испраќа линкот со епизодите  на сите нив и ќе се регистрираат евентуалните добиени одговори. Истото ќе се направи и со Велика Британија, Канада и Австралија, т.е. со сите држави од англиското говорно подрачје, но и со Израел, каде исто така секој зборува англиски. На странските универзитети, освен на професорите по историја, линкот ќе се испраќа и на студенти и други субјекти (доколку се набават нивни е-маил адреси).

Линкот од епизодите ќе се испраќа и на политичари и медиуми во Грција, вкучително и  претседателот на оваа држава.

Сите овие активности не се временски ограничени и не треба брзање.

Секој што сака да се вклучи во оваа патриотска активност, нека испрати порака на е-маил адресата на Александар Донски, која гласи: 
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
.

Кратка биографија на Александар Донски може да се види на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=5S26QOz71gU

Првата епизода од серијата  „АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНСКИ НЕ БИЛЕ ГРЦИ“ може да се погледне овде:

https://www.youtube.com/watch?v=lGE44Fn3yEI

М.Н.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top