Коментари

СДСМ нема кредибилитет да зборува за здравството!

kostadin-kepricovski-22

kostadin-kepricovski-22
Костадин Керпичоски

Руинирани простории во јавното здравство, никаква апаратура и опрема а да не зборуваме за современа и современи методи, редици и колони и “мито”-материална корист за зачувување на редот или прескокнување на истиот во болниците, така некако изгледаше сликата во здравството пред добри десет години кога СДСМ беше на власт!

Некои се секаваат и нема потреба да ги потсетуваме, некои не, особено можеби не помладите кои барем тогаш немале потреба да ги посетуваат локалните болници и секогаш да е така, НО тука сме за да потсетиме и да не се заборави.

Од каде да почнам а да не одземам многу време, да немам текст со илјадници страни а да кажам се што е направено во овој период од како со здравствениот систем во Република Македонија раководат кадрите на ВМРО-ДПМНЕ или актуелно сега министерот за здравство Никола Тодоров.

Се сеќавате на гужвите кои денес се минато благодарение на проектот “мој термин” воведен токму од владата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ?!

Да ве потсетам за молбите за обична слика на Мамограф кој благодарение на инвестициите во последниве десет години денес го имаме во речиси секоја болница во секој град?!

Имам податок дека 70% од јавните здравствени установи се веќе реновирани а останатите 30% се веќе во фаза на реализација каде се подобруваат инфраструктурните услови за работа на здравствените лица и со тоа и услугата на пациентите!

Се сеќавате ли вие драги мои на само една инвестиција во здравството во времето кога владееше СДСМ и нивните кадри?

Јас само паметам дека без полн џеб никој не те гледаше тогаш, па макар и да е болка за умирачка!

Неизбежно е ексклузивно за вас да се спомени и новата програма и инвестиција која ни ја вети лидерот на ВМРО-ДПМНЕ г-дин Никола Груевски, каде после победата, во здравството ќе се инвестираат 33 милиони евра или ќе се обезбедат 3 700 нови медицински апарати за секоја јавна здавствена установа во секој град во Република Македонија!!

За поздравување е оваа одлука и тоа што тоа е веќе испланирано во програмата на ВМРО-ДПМНЕ како и се обезбедени финансиите за истиот мега проект!

И на крај, замислете луѓето кои никогаш не стапнале во јавното здравство, во просториите на болниците, оние кои секогаш се лекуваат приватно и надвор од границите на Република Македонија, денес зборуваат за подобрување на здравството а не ја знаат ни фактичката состојба, ветуваат брда и долини, и веќе исполнети проекти од досегашната власт!

Токму тие луѓе, немаат никаков кредибилитет да зборуваат за ништо а најмалку за здравството и системот во Република Македонија, тие почитувани на себе не си веруваат а не пак ние граѓаните да им веруваме!

Токму затоа, за овие досегашни и идни проекти во здравството но и во секоја свера од животот јас и вие ќе го дадеме гласот за ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот г-дин Никола Груевски!

Гласам за подобро утре НО во Македонија!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top