Коментари

Финансиски махинатор


Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Во последно време во опозиционите кулоари на големо се шпекулира и од ден на ден е извесно дека за претстојните вонредни парламентарни избори носител на листата во 4-ката да биде повторно актуелниот прилепски пратеник нарцисоидната личност Хари Локвенец. Посебен акцент става аболицираниот лидер Зоран Заев,алијас Зоки Фантомчето за 4-тата Изборна единица од проста причина што истата го опфаќа струмичко – прилепскиот регион. Ако се има пред вид фактот дека приватниот бизнисмен и универзитетски професор Хари Локвенец е близок пријател на зајчето очекувано беше да ја добие довербата по втор пат да биде потенцијален капитен на опозициониот табор во 4-тата Изборна единица.

Во оваа прилика да го потсетиме македонскиот електорат дека Хари до сега на 2 пати има доживеано изборен дебакл, и тоа на последните локални избори (2013 година) каде како кандидат за Градоначалник на Градот под Марковите кули номиниран од здружената опозиција беше катапултиран со преку 10.000 гласови од актуелниот ревносен и проевропски ориентиран прилепски татко на градот Херој Прилеп, Г-динот Марјан Ристески. Вториот дебакл беше на последните вонредни парламентарни избори како носител на пратеничката листа на Здружената опозиција Хари повторно ја почувствува горчината на поразот.

Евидентно е дека Хари не е омилен кај своите сограѓани. Не се доволни неговите ораторски способности, од причини што не само прилепчани и струмичани каде татко на градот под Царевите кули е токму аболицираниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, алијас Зоки Фантомчето истите бараат резултати и дела. Електоратот не сака повеќе криминалци да ги претставуваат нивните интереси во Републичкото собрание.

Кај прилепчани иако, далечна од оваа временска дистанца мислам на поминатите години се уште им се свежи финансиските интриги на Локвенец од една и тендерската заева пајажина од друга страна.

Како прилепчанец во ова писмо ќе направам една ретроспектива за ораторчето Хари. Во периодот од 2000 до 2005 година кога во Градот под Марковите кули владеаја плавите момчиња на чело со психијатарот и тогашниот кабинетски Градоначалник Д-р Сашко Пирганоски, нарцисоидната личност Хари Локвенец правеше “дар-мар“ со набавка на компјутерска опрема во претпријатијата кои беа под капата на локалната самоуправа. Цените на компјутерската опрема се “билдаа” по 2 до 5 пати повеќе од реалните цени на истите на пазарот. Тоа му беше малку на ораторчето Хари и влезе тендерски на голема врата во прилепскиот монопол. Таму Хари си продолжи по старо каде со тогашниот директорски тандем на прилепскиот монопол Тони Мицајков-Цванцико и Димитар Богдадан

Тапанот ги местеа тендерите со продолжување на билдање на нереални цени.

Трета грешка која ја направи Хари во овој краток период е неговиот бојкот со партиските другари, а иронијата да биде уште поголема плавите момчиња си земаа цели 12 пратенички плати.

На крадот за едни вонредни парламентарни избори чинам во 2005 година Хари одеше од врата на врата да кажуваше програмата на СДСМ а во исто време делеше кесе, наполитанки и локум.

Хари доста е со твоите кримннални активности. Повлечи се од политиката и терај си го твојот приватен бизнис.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top