Коментари

Манастир Св. Богородица – Матејче

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Манастирот „Св. Богородица – Матејче“ познат уште како Жеглиговски манастир или Матејчки манастир се наоѓа во атарот на кумановското село Матејче. Подигнат е на надморска височина од 1005 метри, на југоисточните падини на планината Скопска Црна Гора. Манастирскиот комплекс е сочинет од црквата посветена на Успение на Пресвета Богородица и конаци. Во воениот конфликт во 2001 година манастирот претрпе сериозни оштетувања од страна на албанските паравоени формации кои манастирот го користеле како штаб. Извршени се интервенции врз комплексот и денес се оспособени за посетители, но поради сериозноста на оштетувањата неповратно е изгубен дел од богатото македонско културно наследство.

Нема многу историски податоци за манастирот кој е многу постар од изнесеното во историските извори. Според натписите на грчки јазик од времето на Исак Комнен (1057 – 1059), изграден е во XI век, додека во изворите за првпат се спомнува во хрисовулата на цар Милутин од 1300 година. Во средината на XIV век цар Душан (крал 1331 – 1346, цар 1346 – 1355) започнал, а неговиот син Урош (1355 – 1371) и сопругата Јелена завршиле со обновата на манастирот околу 1357 година. Од манастирската црква во XVIII век бил изваден оловниот покрив кој потоа е искористен за покривање на Ески џамијата во Куманово, со што е забрзан процесот на нејзино пропаѓање.

manastir-matejce

Во својата книга за .„Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), авторот Георги Трајчев за овој манастир покрај веќе познатите податоци ни дава и неколку интересни информации. Тој на почетокот на минатиот век за манстирот во Матејче ќе го напише следното:

„Во Кумановско се забележуваат неколку манастири, од кои два постари. Тоа се Матејче и Карпискиот. Манастирот во Матејче  „Св. Богородица“ се наоѓа во атарот на село Матејче од каде го добива името. Сместен е во Матејчката гора во месноста манастириште. Тој има доста живописен и панорамски изглед. Од Куманово се стига до манастирот за 5 часа. Патувајќи од Скопје до Куманово, одалеку се белеат манастирските згради, а од манастирот погледот се губи по целото Овче Поле.

Манастирот е заобиколен со ѕидови и згради. Низ големата порта се влегува во него, а на 30 чекори се наоѓа црквата Св. Богородица (8 септември). И таа црква има куполна, крстовидна форма, од типот на „впишан крст“. Таа е датирана од XIV век (Мавродинов, ибид). Црквата има византиски стил. Зидана е со делкан камен и тули. Таа е долга 42 чекори, а широка 26. Висока е до 15 метри со кубето, покриено со олово.

На северната и јужната страна се забележува по една зазидана врата од каде минал некој цар. Турците и арнаутите раскажуваат дека тука минал Султанот Мурат. Од внатре црквата е испишана со живопис, доста зачуван со грчки и славјански написи. Шет големи столбови го крепат средниот дел на храмот и над него 5 големи кубиња полуразрушени.

Во олтарот се забележува стара гробница. Живописот почнал да се руши по ѕидовите и столбовите. Се гледа и преграда меѓу машкото и женското одделение. Гробницата е мала четириаголна келија на левата страна на црквата до вториот столб, изидана од тули и камен и измачкана со вар. Има две врати. Се зборува дека тука била погребана некоја царица. Тука неплодните жени палат свеќи и се молат над гробот за плодност. Гробот го посетуваат и арнаутски жени.

Надвор од манастирската ограда се гледа и полуразрушена кула. На неа има живопис. Во 1885 година, чистејќи ја кулата се најдени два стари пергаментни книги (Октоих и правилник св. Василиев).

Се говори дека кубињата биле покриени со олово, кој бил подигнат пред 150 години (кон крајот XVIII век – н.з.) од некој бег и однесен во Куманово за покрив на Ески џамија.

Тука се пишувале многу книги. Владислав Граматик спомнува три книги. Голем дел од книгите  биле однесени во Србија. Многу од манастирски книги ги зеле арнаутите, од кои дел ги ипотребувале за „муски“ (амајлии – н.з.), а друг дел зел Стефан Веркович.

Манстирскиот имот се состоел: цела Матеичката гора, ниви, куќи и дуќани во Куманово.

Потеклото на манастирот е темен. Има само преданија за него, а историски споменици недостасуваат. До 1690 година тука вриело од интензивен живот. Во почетокот на XIX век манастирот сосема опустел. Едвај кон 1860 година, стариот економ Димитрија, поп Георге Војниклија и други граѓани на Куманово издејствувале ферман од султанот Абдул Азис за возобновување на манастирот. До 1896 година манастирот бил под патријаршијата, а подоцна тој преминува во Егзархијата, кога биле направен значителен ремонт на црквата и зградите (д-р Јован Хаџи Василевиќ, Јужна стара Србија, т. II, 1913г.)

Црквата е од XI век, возобновена во XIV век за време на Душан (И-в, Ибид 1931 г., стр. 135). Тука Владислав Граматик го напишал прочуениот свој зборник од 1469 година, сега во Загребачката академија. Во истиот манастир во 1473 година Владислав го пишува и зборникот Андринити, кој се чува во Рилскиот манастир. Во 1479 година, Владислав пак таму го пишува големиот зборник – Панагерик, кој што се чува во црковниот музеј на богословскиот факултет во Софија (и-в, ибид, 1931 г.). Манастирскиот празник на Св. Богородица е на 8 септември (ст.ст.), на св. Никола (6 декември) и св. Арангел (8 ноември)..“

Потребно е да се истакне дека во XV век манстирот „Св. Богородица – Матејче бил еден од најважните македонски книжевни центри во северниот дел на Македонија. Во манастирот живееле и создавале монахот Герасим, Исаија Доместик и Владимир Граматик. Последниот напишал три зборници, познати како „енциклопедија на средновековното знаење“, а од Трајчев дознаваме каде се однесени. Во повезот на вториот зборник, „Андријанти“, од 1473 година, пронајдени се (скриени) прочуените Македонски глаголски листови од 10 век кои претставуваат зачувани музички записи од непроценлива важност за македонската црковна музика.

Инаку, самата црква била карактеристична по тоа што во неа постоела помала црква (капела) од XII век, која била срушена во текот на раставрацијата во почетокот на XX век. Манастирската црква е обновена во 1926 или 1934 година. Поради овој пропуст постоеле голема замерка како била изведена самата реставрација. Исто така, освен во 1934 година, таа е раставрирана и во 1953 и 1960 година. Црквата преставува репрезентативен примерок на византиската уметност на македонска територија, карактеристичен за епохата на Пелолозите. Во воениот конфликт во 2001 година манастирот претрпел сериозни оштетувања од страна на албанските паравоени формации кои манастирот го користеле како штаб. Подоцна се извршени интервенции врз комплексот и денес се оспособени за посетители, но поради сериозноста на оштетувањата неповратно е изгубен дел од македонското културно наследство.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top