Коментари

Дијаспората во Австралија е спремна за избори

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Нема апсолутно никаква дилема за дијаспората во Австралија да гласа за предвидените избори на 11 декември 2016, доколку ги има. Нема дилема ни тоа кој ќе победи. Дури и врапчињата знаат. Кој како сеел сега или порано, така ќе си жнее.

Проблемот на ВМРО ДПМНЕ не е дали ќе победи туку колку убедливо ќе победи. Но најголем проблем е што само до околу 1000 Македонци имаат право да гласаат. Условите и уцените што се наметнати од Македонија преку СДСМ и другите никакви фактор партии се виновни за тоа. Само со најнови и биометриски пасоши и извод од родените по калап на опозицијата може и ако е потребно да гласаат и да се пријават до 11 Ноември. Можам да ве однесам само во Рокдаил во Сиднеј преку ден и ќе ве запознам тој ден со најмалку 5000 Македонци од 10 часот наутро до 12 попладне. Иако е импозантна бројката и калкулацијата колку Македонци има во Австралија,преку пола милион со гаранција, за жал нека ни биде казна онаа смешна официјална бројка. Најмногу се казнети Македонците од Егејскиот дел, кои извод на родени или документи за пасош е научна фантазија и моја проценка е дека со нив собрани бројката е реална до 750 000.

Во мојот приватен разговор со Амбасадорот Веле Трпевски, како и поткрепата од конзулката Бети Коруновска, се е спремно да започне овој голем настан за Австралските Македонци. Дури и храбро се кренаа против првите сопки и контраши и некои портали кои за бедна ситна пара шират лаги. Лично и перонално го познавам Амбасадорот Веле кој премногу дава од себе и своето време за успех и просперитет на Македонија, па така неговата објава на Интернет за собраните средства беше почеток на затнување на устите на оние манипулатори, кои живеат за интриги и калкулации. Истото се однесува и за Бети, која е на ниво како што треба, иако само телефонски сме контактирале.

За крај, мој предлог и совет до ВМРО ДПМНЕ е да размислат 10 пати кого ќе го стават преставник. Од она што слушам, не сум ама воопшто задоволен и ќе направат грешка како со двајцата предходни.

Дојде време само искрени и добри карактери да бидат преставници на народот. Исто така и каде ќе се гласа, на кои места. Амбасадите како Канбера и Мелбурн автоматски ги кани Македонците од Сиднеј, Перт, Аделајд, Њукасл, Вулонгонг, Бризбен да гласаат само во Канбера и Мелбурн и редно е да се размисли колку е погодно да се гласа во црквите, иако разделени поради Ватиканистите … можеби се најпогодни како тест со споредно гласање без пасоши, само со Австралиски документи, само да го видиме реалниот број на Македонци. А бројката е таа што кажува кои сме, колку сме и од каде сме.

Се знае – ОД МАКЕДОНИЈА !!!

 

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top