| Везилке, кажи како да се роди проста и строга македонска песна од ова срце што со себе води разговор ноќен во тревога бесна? – Два конца парај од срцето, драги, едниот црн е, а другиот црвен, едниот буди морничави таги, другиот копнеж и светол и стрвен. Па со нив вези еднолична низа, песна од копнеж и песна од мака, ко јас што везам на ленена риза ракав за бела невестинска рака. Судбинско нешто се плело за века од двете ниски, два созвучни збора, едната буди темница што штрека, другата буди вкрвавена зора. Везилке, крени наведена лика, |