Коментари

Прилепско-пратеничка грешка во чекори


Дипл.Екк.Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Аболицираниот лидер на најголемата опозициона партија СДСМ, Зоки Заев, алијас Зоки фантомчето конечно на партиски конкрес го објави ростерот на екипата која треба добро да се подготви и воедно спротивстави на актуелното владечачко мнозинство на чело со ВМРО ДПМНЕ на вонредните парламентарни избори кои како што е познато се закажани за 11 декември оваа година.

Во изборната единица 1 номиниран е Универзитетскиот професор Стево Пендаровски кој на последните претседателски избори доживеа дебакл од актуелниот Претседател на Република Македонија, Г-динот Ѓорѓе Иванов.

Во втората Изборна единица капитен на екипата е секогаш личноста болна за власт и алфа и омега на зајчето, Оливер Спасовски – актуелен технички министер за внатрешни работи. Во Изборната единица број 3 е Техничкиот Заменик Министер за земјоделство, шумарство и водоснабдување Љупчо Николоски кој сигурно во предизборната кампања ќе ветува дека земјоделците ќе добиваат се когаш на време субвенции за предадените земјоделски производи. Но,за жал, ако не се за некој процент изборно зголемат субвенциите во текот на изборната кампања треба актуелниот заменик Министер во ресорното министерство Николоски да нагласи дека актуелните субвенции се во функција по 1 јули оваа година од кога токму на власт е актуелната владејачка гарнитура на чело со ревносниот Претседател, Никола Груевски.

Во 4-та Изборна единица носител на опозиционата листа е аболицираниот лидер Зоран Заев кој има и три кривични дела против него, и тоа: Глобал, Пуч и Поткуп. За 1-то кривично дело зајчето доби аболиција од тогашниот Претседател на Република Македонија, Г-динот Бранко Црвенковски, а за преостанатите 2 дела неговата шпионско – мафијашка работа делата се во тек.

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска е кандидат на здружената опозиција во 5-та Изборна единица, а во 6-ка носител на листата е големиот гласно говорник на СДСМ, Петре Шилегов.

Со ова таксативно ги наброив носителите на листите на СДСМ и здружената опозиција за претстојните вонредни парламентарни избори.

Во продолжение на ова мое писмо посебен акцент како прилепчанец ќе посветам големо внимание за 3 личности од Градот под Марковите кули.

На листата за пратеници го нема актуелниот прилепски пратеник во Републичкото собрание, а воедно и координатор на пратеничката група на СДСМ Горан Сугарески. Значи времето на Сугарески заврши за борба на пратеничко место. Сугурно зајчето по 12 декемвриза кога хипотетички е најавено превземањето на власта од страна на СДСМ на Сугарески му е ветено некое високо место во Извршната власт или пак некое директорско место.

На второто место во Изборната единица 4 , веднаш зад аболицираниот лидер Зоран Заев, алијас Зоки фантомчето, позициониран е актуелниот прилепски пратеник, приватниот бизнисмен и универзитетски професор Хари Локвенец.

Зоки со Хари правиш грешка во чекори Имено, Хари на 2 пати ја има почувствувано горчината на поразот и тоа по еднаш, мислам по пропорционалниот модел на гласање за пратеници на последните вонредни парламентарни избори и по мнозинскиот модел на гласање на последните локални редовни избори во 2013 година.

Во првиот случај со спортски жаргон кажано, административно само благодарение  на пропорционалниот модел Хари влезе во Републичкото собрание. Но, иронијата да биде голема аболицираниот лидер Зоран Заев веднаш по затворањето на гласачките места изборите ги прогласи за нерегуларни. Па така,ги повика своите поданици да демонстрираат улична демократија. Во тоа време нарцисоидната личност Хари Локвенец  продолжи со својот вносен приватен бизнис со компјутерска опрема и професорска плата и плус 12 пратенички плати без ниту еден одработен ден во Законодавниот дом.

Во вториот случај а тоа е во 2013 година во изборот за татко на Градот Херој Прилеп, ораторчето Хари ветуваше 500 акумулации, 5000 нови вработува   ња и 5 милиони евра финансиска инфузија за прилепското стопанство но, за жал Хари беше катапултиран со преку 10 000 илјади гласови разлика од актуелниот татко на Градот под Марковите кули, ревносниот Градоначалник Ристески

На крајот се чудам и прашувам самиот зошто на пратеничките листи го нема нецивилизираниот адвокат кој под плаштот на нерегистрираното здружение Протестирам и со слоганите Нема правда – нема мир со јајца и мрсна боја ја осквернави новата општинска зграда.

Со еден збор кажано изборот на аболицираниот лидер Зоран Заев, алијас Зоки фантомчето е промашена инвестиција како фабриките во Градот под Марко вите кули кои банкротираа во време на владеењетона СДСМ. Убав е предлогот да се формира ново СЈО за да се расветлат некогашните дубари за време на приватизацидата на претпријатијата со општествен капитал кои беа аминувани од тогашните владејачки плави момчиња.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top