Коментари

На 11 декември граѓаните ќе гласаат против сценариото за разнебитување на земјата

mane jakovleski 1

mane jakovleski 1

Манојил (Мане) Јаковлески

На празникот свети Архангел Миахил (заповедникот на Господовата војска и чувар на православната вера, кој со своето делување спасил многу загубени души), кој се празнува на 21 ноември, започна кампањата на партиите и коалициите кои учествуваат на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Во текот на изборната кампања, која ќе трае 20 дена и ќе заврши на 9 декември, а во која учествуваат 11 политички субјекти (шест политички партии и пет коалиции), главната битка ќе се води меѓу коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата предводена од СДСМ. Тоа е битка на две концепции, тоа е битка меѓу чуварите на македонскиот народ и отпадниците кои наместо унитарност сакаат да воведат двојазичност и федарализација на земјата.

Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ започна со позитивна кампања која меѓудругото има за цел да ги спречи или врати загубените души, кои заведени од ветувањата на лидерот на СДСМ лутаат во просторот и се на прагот да направат ерес кон сопствениот народ.

Во Избирачкиот список за декемвриските избори се запишани вкупно 1.784.524 лица со право на глас. Тие на 11 декември треба да изберат во каква држава сакаат да живеат – во унитарна и прогресивна држава, со зачувано име и идентитет за што гарантира ВМРО ДПМНЕ или пак во двојазична, федарализирана држава, каква што нуди СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ својата изборна кампања ја започна во Охрид. Новата програма „Реално 2017-2020, работа, сигурност, напредок“, која ВМРО ДПМНЕ ја презентирана на јавноста, досега е најобемна, сеопфатна и најквалитетна програма презентирана на македонската политичка сцена. На 500 страници се наоѓаат стотици проекти и решенија со конкретни рокови за реализација во наредните четири години. Таа е реална и остварлива, а со неа се предвидува во наредните четири години да се отворат 70 илјади нови работни места.

Свесни за потребите на граѓаните, во дел од програмата на ВМРО ДПМНЕ, се проектите со кои се предвидуваат зголемување на платите, повисоки пензии, земјоделски субвенции, нови автопатишта и пруги, нови енергетски капацитети, поголема финансиска поддршка за компаниите, како и многу поволности за започнување на бизнис и т.н.

Програмата која ја нуди ВМРО ДПМНЕ е за сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и други, кои сакаат да бидат дел од целовита и суверена Македонија, а не да живеат во бинационална држава, поделена и дезинтегрирана, каква што ја посакува лидерот на СДСМ Зоран Заев. Тоа што Заев го нуди како своја програма, а која подразбира воведување на албанскиот јазик на целата територија е програма на силите на злото.

Идеите на Зоран Заев претставуваат една игра која може да биде многу опасна за македонските граѓани од која било националност и по македонската држава како целина. Всушност, оваа програма значи редефинирање на државата, што неминовно води кон дестабилизацијата на земјата, враќање во 2001 година, промена на Уставот, името и губење на суверенитетот и конечно исчезнување на Македонците како народ.

Инаку ниту една дезинтеграција на држава не поминала безболно. Свесен за ова, американскиот амбасадор Џес Бејли уште првиот ден на кампањата преку Твитер повика на ненасилна кампања, а граѓаните да го искористат своето демократско право на глас. Како што вели тој, „лидерите треба да спроведат кампања без заплашување и насилство и да не креваат политички и меѓуетнички тензии. Секој глас се смета. Ги повикуваме сите граѓани да го искористат нивното демократско право да гласаат и да ја определат иднината на својата земја.“

На сите им е јасно дека 11 декември, денот кога треба да гласа, преставува референдум. Народот е свесен дека треба да избира меѓу оние кои работат за добробит на македонскиот народ и оние сили на злото кои работат да ја дезинтегрираат земјата и да го уништат македонскиот народ. Односно тој знае дека доаѓа моментот кога Македонецот треба да одлучи да се биде или не – дали како народ ќе опстане.

Македонскиот народ знаае дека овие избори му даваат можност еднаш за секогаш да расчисти со силите на злото, да ја стаболизира земјата и да ги решат односите со соседите и ЕУ. Тој е свесен дека победата на ВМРО ДПМНЕ на овие избори значи референдумско НЕ на граѓаните на Македонија на сите аспирации на соседите кои сеуште сонуваат за создавање на некаква големи држави, но и отварање на патот кон евроатланските интеграции.

Оттука, како што вели лидерот на ВМРО ДПМНЕ, „11 декември е ден кога граѓаните ќе излезат и ќе гласаат против ова сценарио, против оние што сакаат да ја разнебитат државата, односно ќе гласаат за суверена и самостојна Македонија држава на македонскиот народ и останатите граѓани кои живеат во неа, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи и останати, но не и за бинационална држава, поделена и редефинирана како што некој тоа го сака, ќе гласаат за суверенистичката и унитаристичката политичка опција во Македонија.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top