Коментари

Македонците мора да се обединат по сите линии


Свекрва

Цела 2016 година измина во планови и обиди на странските мешетари за конечно редефинирање и разнебитување на Македонија. Не помогна ни Пржино, ни Зоран Заев и албанските партии, ниту целокупниот изборен инжинеринг за  да се скрши вољата на Македонците. Мнозинството од македонскиот народ гласаше за ВМРО ДПМНЕ како гарант на унитарноста и сувереноста на македонската држава.

Измината година Макадонија се соочи со најжестокиот напад од осамостојувањето до денес. Меѓутоа, Македонскиот народ и неговите институции и покрај сите опструкции, успешно се спротивставија на нападите врз државата. Специјалната војна за разнебитување на македонската држава водена од центрите на моќ не ги даде очекуваните резултати. Тоа нив ги направи премногу нервозни и сега се спремни да ги употребат крајните инструменти кои им се на располагање, а тоа е конфронтација со балканските земји што може да го потпали бурето барут.

По Грција која вели Македонија е грчка и бара промена на името, по Тирана која не ја признава Македонија под уставното име и се меша во внатрешните работи на земјата, сега се јавува и шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ кој вели дека Србија погрешила што ја признала Македонија под нејзиното уставно име затоа што Македонија го признала Косово и го поддржала неговото членство во УНЕСKO. Уште и Бугарите да се јават и веќе ја имаме целата слика на земјите аспиранти на македонската територија, готови да се грабнат за гуша за да го освојат просторот низ кој поминува главната трансверзала од Средна Европа до Мала Азија.

Сликата наликува како на почетокот  на XX век. Никој не го прашува македонскиот народ, како што не беше прашан ни во Букурешт 1913 година. Но, изгледа дека никој не извлекол поука од тие настани. Токму поделбата на Македонија беше една од причините за Првата светска војна.

Понудата на лидерот на СДСМ Зоран Заев за двојазичност на целата територија и кантонизација на земјата во замена за албанските гласови дадена во Швајцарија, директно води кон поделба на Македонија, а тоа ги отвора апетитите на старите аспиранти. Но ако оваа понуда на Заев е инспирирана и поддржана од Вашингтон и Брисел, кои очекуваат да го затворат еднаш за секогаш македонското прашање, тоа значи и потпалување на Балканот.

Свесни за овој ризик центрите на моќ играат и со распадот на БиХ, при што како компензација би се создале Голема Албанија, Голема Хрватска и Голема Србија. Тоа беше најавено кога Вашингтон ги посочи БиХ и Македонија како земји кои се наоѓаат на линија на огнот.

Во овие игри на големите сили очигледно е дека нема место за Македонија. Многумина ќе речат дека ова е само заплашување на народот за да се прикријат други работи. Но има премногу докази кои укажуваат на игрите за разнебитување на македонскиот народ и држава. Не случајно Македонците веќе 25 години водат битка за името, јазикот и идентитетот. Не случајно земјата сеуште се именува како Поранешна Југословенска Република Македонија. И не случајно таа сеуште е надвор од НАТО И ЕУ.

Во игрите за прекројување на Балканот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, влета како мува без глава без да е свесен за последиците по македонскиот народ. Меѓутоа Македонците не се монета за поткусурување. Ако издржале последните 25 години ќе издржат уште. Но за тоа е потребно се македонско единство, како во земјата, така и со дијаспората.

Македонците мора да се обединат по сите линии, без разлика дали се припадници на ВМРО ДПМНЕ или СДСМ, бидејќи во прашање е Македонија. Само обединети можеме да го спречиме мрачното сценари.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top