Коментари

Рама каде ти е Заев


Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

На 2 дена пред новогодишните празници, поточно на 30 декември 2016 година Претседателот во заминување на Републичкиот парламент, Г-динот Трајко Вељаноски ја закажа конститутивната седница на новиот 9-ти по ред парламентарен состав во плурална Македонија. Со тоа, се верифицираа мандатите на 120 – те народни избраници. Епилогот е јасен во поглед на освоените пратенички мандати, и тоа: ВМРО ДПМНЕ 51, СДСМ 49, Алијанса за албанците 3 ДУИ 10, БЕСА 5 и само 2 пратенички мандати освои политичката партија на ДПА.

Во постизборниот период се чувствува една тотална депримираност на зајчето од Градот под Царевите кули.

Во едни такви околности аболицираниот лидер на СДМ, Зоран Заев, Алијас Вошко Буха назначи в.д. Градоначаник на Струмица и аналогно на тоа го прифати пратеничкиот мандат.

Сигурно зајчето се плаши кога конечно ќе дојде да одговара за кривичните дела Пуч и Поткуп во опција како давеник за сламка да му биде да се повика на пратеничкиот имунитет. Но таа варијанта само да се потсетиме во сега далечната 2008 година се повика некогашниот премиер, а тогашен пратеник во Републичкото собрание Владо Бучковски за криминалот наречен тенковски делови. Но, собранието како што е познато му го одзеде пратеничкиот имунитет.

Па македонската политичка сцена особено кај македонскиот политички кампус интересно е да се пишува за т.н. пукано зајче оти со еден збор кажано тој е гробар на македонските пилитички интереси.

Имено за време на предизборната кампања претседателот на најголемата опозициона партија во Македонија,СДСМ, Зоран Заев на говорницата во Берн во Швајцарија најави отворање на рамките на т.н. Рамковен охридски договор од далечната 2001 година. Тоа е предлог за тивка кантонизација и аналогно на тоа да се направат политипни општини и да се оди кон тивка федерализација.

Исто така, за време на митинзите низ нашата мила и напатена од векови Република Македонија зајчето нагласуваше дека албанскиот јазик треба да се учи од мали нозе. Тоа беше сигнал испратен лично до албанскиот политички кампус да навива и гласа за време на изборите за зајчето. Резултатот е јасен зајчето доби импозантни гласови во населени места со албански електорат.

Со тоа коалициониот партнер на ВМРО ДПМНЕ од албансккот политички кампус ДУИ загуби 7 до 9 пратенички места. Но, со тоа се отвори жешката пандорина кутија за заедничката платформа на албанските политички партии за време на поканата за формирање на новиот Владин кабинет на Република Македонија.

Иронијата да биде голема заедничката албанска платформа се составуваше во Тирана под покровителство на Еди Рама, а на која учествуваа: Али Ахмети (ДУИ) Била Касами (Беса) и Зијадин Села од Алијанса за албанците, додека Мендух Тачи не присуствуваше на тие средби.

Само да се потсетиме на главните барања на албанскиот политички кампус:

-Јазична и економска рамноправност

-судски реформи

-расветлување на повеќе судски предмети

-Членство во НАТО и ЕУ

-продолжување на рокот на работа на СЈО

Во едни такви околности максимално се ангажирани и дииломатски претставници во нашата држава од (САД, Канцеларијата на ЕУ: Шведска, Италија и други соросоидни организации со цел да се минимизира маневарскиот простор на победничката македонска партија при составувањето на новиот Владин кабинет.

Но, во оваа прилика се прашувам зошто Еди Рама не го поканил на преговорите и гробарот на македонските политички интереси Зоран Заев.

Трагедијата да биде уште поголема Петар Шилегов – шилежето излегува во јавноста и кажува без ниту тронка совест дека неговата политичка партија ќе формира Влада за подобар живот.

На крајот да ги потсетиме предавниците на македонските политички интереси на    чело со зајчето дека на изборите на 11 декември ВМРО ДПМНЕ освои приближно 453 000 гласови а СДСМ 436 000 гласови.

Бе молам оставете го на мира Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов да му го даде мандатот за формирање Влада на победничката партија, а тоа во конкретниот случај е ВМРО ДПМНЕ.

Вие како предавник на македонскиот електорат ќе формирате Влада ако не може да состави Извршна власт партијата ВМРО ДПМНЕ на чело чело со нејзиниот ревносен Претседател Никола Груевски.

Но таквата Влада верувајте ми ќе биде предавничка и губитничка само за македонскиот политички кампус.

На крајот тргнете од златната максима која гласи: многу е лесно да уништиш нешто кое со векови си го градел. Само едно можам да му            порачам на зајчето “чувај си ја сопствената зајчева кожа“.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top