Коментари

Најголеми губитници заради слепата послушност кон центрите на моќ, можат да бидат самите Албанците

mane jakovleski 1

mane jakovleski 1
Манојил (Мане) Јаковлески

Македонскиот народ нема никому да прости доколку било кој ги прифати барањата на Албанските партии, трпението кај Македонците е веќе при крај.

Подржани од Тирана и Приштина, Албанските партии кои освоија пратенички места, ДУИ, БЕСА и Алијанса за Албанците, излегоа со заедничка платформа и барања кои ќе бидат основа за формирање на идната влада. Тие преку платформата бараат албанскиот јазик да добие статус на официјален јазик на целата територија на земјата, промена на Уставот, знамето, химната, економска рамноправност, учество на албанските партии на спорот за името со Грција како услов за интеграции во Европската унија и НАТО и други барања, меѓу кои и резолуција за осуда на „геноцид врз Албанците во Македонија“.

Платформата на албанските партии во земјата нема ништо заедничко со унапредувањето на човековите права и слободи и подобрувањето на економскиот статус на Албанците во земјата.

Всушност таа преставува испорачан Ултиматум на Тирана и Приштина, чија крајна цел е редефинирање на Македонија, федерализација и поделба на земјата, во контекст на плановите за создавање на Голема Албанија.

Испорачаните барања во платформата на албанските партии преставуваат директна закана за дестабилизација на Македонија. Таа е спротивна на интересите на најголемиот дел од населението во земјата: Македонци,Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми и други. Во конфронтација со 80 % од населението кое сака да ја сочува унитарноста на земјата. Најголеми губитници заради слепата послушност кон центрите на моќ, можат да бидат самите Албанците.

Лидерите на албанските партии можат да го залажуваат својот народ дека платформата е во интерес на албанскиот народ и дека не треба да стравуваат. Но, ваквото укажување покажува дека албанските лидери се први кои стравуваат од последиците на една ваква неразумна платформа која мора да ја испорачаат по наредба на своите налогодавачи. Тие се свесни дека се за еднократна употреба и дека набрзо тие што ги поддржуваат можат да ги пуштат низ вода. Не случајно Мендух Тачи си даде оставка од лидер на ДПА.

Со максималистичките барања, албанските лидери покажаа дека воопшто не им е гајле за македонскиот народ и другите етнички заедници во земјата. Исто така, тие покажаа дека немаат државотворен капацитет, дека не се европски политичари и дека работат спротивно на интересите на својот народ. Наместо, економски просперитет им нудат неизвесна иднина.

Според мајскиот договор од 2007 година, двете победнички партии во македонскиот и албанскиот блок формираат влада. Меѓутоа, доколку ДУИ не ретерираат со ултимативните барања кои се неприфатливи за победничката коалција предводена од ВМРО ДПМНЕ и не формираат заедничка влада, тогаш Албанците го прекршуваат дадениот збор. Тоа ќе создаде низа контрареакции од македонскиот народ кои ќе имаат негативни последици по сите.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски го прими мандатот за составување на новата влада и тој е спремен да состави Влада, во интерес на сите граѓани на земјата без разлика дали се тоа Македонци, Албанци или други. Сепак, тоа не значи дека е спремен тоа да го направи по секоја цена.

Ако ДУИ го прекрши договорот, се е можно.

„Но, тогаш ќе има нови избори и ВМРО ДПМНЕ ќе се врати уште посилен со уште повеќе освоени мандати. Меѓутоа, тогаш ВМРО ДПМНЕ нема да има обврска кон никого и ќе постави свои црвени линии. Тогаш тие ќе бидат одраз на вољата на мнозинството, Македонци и другите етнички заедници во земјата.“

Изјави меѓу другото Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за дневниот весник Дневник.

Раководството на ДУИ мора да се опамети, зошто директно работи против интересите не само на македонскиот народ, туку и против интересите на албанската заедница во земјата. Со покажување на национализам не се решаваат егзистенцијалните барања на народот без разлика на етничката, верската или друга припадност. Само со заеднички пристап, со заеднички јазик, во мир и спокојство, можат да се надминат сите проблеми со кои се соочува земјата.

Поголемиот дел од јавноста е иритирана од позициите на Албанските партии кои се дадени во платформата. Таа нема да се сложи било која македонска партија да формира Влада, доколку не се повлечат максималистичките барања, за кои дури нема ни услови да поминат во Собранието. Односно никој не смее да формира влада доколку таа влада е од интерес за Албанците, а на штета на Македонците и сите други граѓани.

Македонскиот народ нема никому да прости доколку било кој ги прифати барањата на Албанските партии, трпението кај Македонците е веќе при крај.

Господ нека ни е на помош и на нас и на албанците и сите други кои живеат во оваа држава.

Македонците и другите кои живеат во ова свето парче од Македонската држава, нема да седат мирно и да гледаат како некој сака да ја разнебити државата, тоа мора еднаш за секогаш сите да го сватат, и ќе го сватат.

Македонци во Македонија, дијаспората и во соседните држави од етничка Македонија, бидете спремни, незнам по кој пат, ако вака продолжи ќе мора повторно да ја браниме и одбраниме нашата света татковина.

Ако не сме спремни да ја браниме и одбраниме нашата Македонија, тогаш немора ниту да живееме.

Времињата се менуваат исто како и центрите на моќ!

Македонија вечна, АМИН!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top