Коментари

За зимскиот сон и приказната за Каурот и кубурот

mkd-188772

mkd-188772

Ѓорѓи Поповски  

Светот очекува многу од Доналд трамп, се разбира на подобро

На досега невиденото безобразие и агресија на двата наши соседа -Албанија и Косово, македонската дипломатија реагираше онака, во европски манир, учтиво и со метафори.  Демек: не било пристојно соседите да се мешаат во нашите внатрешни работи, а тоа што МНР на Република Шќипериа (така е званичниот назив на Албанија) Дитмир Бушати не нарече со погрден израз, следејки го ставот на грчката фашизоидна политика кон нашата нација, било “недостаток на воспитување и култура”!

Ваквите помалку детински и недостоинствени реакции и однесување од наша страна се само недвосмислена потврда на нашата катастрофална дефанзива на меѓународен план, но и длабоката политичка и духовна криза кај нас самите дома.

Откако македонската дипломатија се разбуди од длабокиот зимски сон и со повекедневно задоцнување реагираше на досега невиденото мешање во нашите внатрешни работи со инструирањето од албанскиот премиер Рама и претседателот на Косово Нишани на лидерите на партиите на Албанците во Македонија (значи: не лидери на Албанските партии во Македонија – такви партии има во Албанија, а не кај нас) како треба да се однесуваат и најприземно да условуваат во постизборниот период уценувајки со некоја фантазмагорична “Платформа” што ја осуди и отфрли дури и водечкиот албанофил во земјата Љубомир Фрчкоски (во првиот брак женет со Албанка), реакцијата од наша страна беше некако академски лута, но не енергична како што прилега. Земја што држи до себе на ваквото однесување на Албанија и Косово  м о р а ш е  да упати званично остар демарш и протест преку амбасадорите на овие земји во Република Македонија за дирекно мешање во македонските внатрешни работи и во знак на протест да ги повлече македонските амбасадори во Тирана и Приштина. Следствено на ваквите потези што недостасуваа мораше да уследи званичен нон-пејпер до Советот за безбедност на Светската организација за да информираме и предупредиме на опасностите што можат да произлезат за мирот и стабилноста во регионот од ваквото однесување.  Впрочем, Светската организација и самата е виновна за состојбите во регионот бидејки агресијата врз Македонија во 2001 беше извршена од територија што тогаш беше протекторат на ООН. А доколку писмено реагиравме до Советот за безбедност, многу љубопитен сум како ке реагираша амбасадорот на нашиот стратегиски партнер САД во Советот за безбедност на таквиот документ. 

Се прашувам: дали некој во Скопје не ја гледа и не ја сваќа димензијата на проблемот со големоалбанската агресија со којшто се соочуваме се почесто и што дирекно ни се заканува како земја и нација, а што кристално јасно се покажаа на виделина овие две изминати години и особено во предизборието, или пак сеуште не се опаметивме и онака, академски, им приоѓаме на работите.

Па ако некој не ги увидел работите во кој погубен за нас правец се движат, може да му помогне анализата на екс-политичкиот секретар во Британската амбасада во Скопје Тимоти Лес што доби голема гласност во македонските медиуми, а во која овој тип отворено заговара поделба на Македонија за елиминација на Македонското прашање и стабилизација на регионот!? Таканаречената анализа на Тимоти Лес не е истрел во празно на некој фантазер, туку педантно срочен и подло спакуван пакет на британските подземни (тајни) служби, во сесрдна соработка со нивните сестрински подземни служби отаде барата. Целта и на едните и на другите подземни служби излезе на виделина, но стратегијата е променета и сега се оди со сондирање на теренот со платеници и измеќари кај нас дома во мас-медиумите, невладините организации и меѓу политичарите, но и со наметнување на психолошка војна однадвор за подготвување терен за постигнување на таа цел во некој недефиниран рок во иднина (блиц-криг тактиката на Адолф Хитлер за молневити офанзиви не е веке во мода!?). 

Но сепак, мислам дека не е предоцна да се скрене внимание во Светската организација за случувањата на Балканот за тенденциите за уништување на Македонија и македонската нација. Не дека меѓународната не ги знае овие работи, но да не излезе после демек “Па зошто не ни кажавте”.

Уште нешто за анализата на Тимоти Лес! Типов нуди неколку сценарија за случувањата на Балканот од кои најгротескно секако е првото – демек неговата земја Британија (која и самата се соочува со иманентен распад во блиска иднина), којашто уште го сонува сонот за некогашната светска империја, плус Франција (исто така пропадната некогашна империја), Германија, Русија и Турција + САД да одлучувале за иднината на Балканот!? Па добро бре лугје, во кој век живеат овие типуси кои си земаат за право да кројат судбини на земји и народи – на цели региони??? Ке беше најдобро за сите нас ако истите тие не се мешаа(т) во нашите Балкански работи и не доливаа масло на огнот како што, на пример го прават Американците за реализација на концептот “Голема Албанија”. (Фала му на Бога што  к о н е ч н о  нормален човек од крв и месо ке влезе во Белата куќа. Светот очекува многу од Доналд трамп, се разбира на подобро!).

Но, да се вратам повторно на соседите. Димитар Бушати не нарече без срам “Славомакедонци”. Оваа вербална егзибиција и не треба да изненадува од политичар чија земја и политика до сега не ја признаа нашата земја под уставно име, за да не им замереле Данајците (Грците). А да го прашаме Бушати што е тој самиот? Илир, Дарданец, или којзнае што друго ке измислат лутајки по сопстевн идентитет бидејки научната теза за потеклото на Албанците од задкавказјето добива се поголема меѓународна подршка. По сличната вербална егзибиција на српскиот МНР Дачиќ се поочигледно е дека се работи за синхронизиран и фронтален напад од сите страни, координиран од Брисел и Вашингтон за соочување и надминување на “Македонското прашање”. 

Дали на ваквиот напад ке успееме да одолееме и да опстоиме се зависи од нас самите, Македонците! Ке мора конечно да се ослободиме од комплексот на “Каурот и кубурот” (Според приказната: За време владењето на Османлиите бил заробен некој комита и Турчинот му се намерил да го силува. Му ги турнал пантолонине на Македонецот кога овој да ти носел кубура на појасот. “Зошто ти е кубурава бре Ѓаур”, прашал силувачот. “Да ми се најде во злодоба ефенди”, одговорил комитата). 

Е па што треба да ни се најде во злодоба за да се опаметиме? Токму неединството меѓу Македонците е причината зошто антимакедонската агресија на ЦИА, Стејтдепартментот, Албанците, ЕмАј фајв, грчката фашизоидна политика и кој ти уште не фактор им поминува комотно, без одлучна и синхронизирана реакција маѓу двете водечки македонски политички партии.

Се додека е така, самите ние Македонците, сите до последен не се свестиме, сме и ке бидиме губитници.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top