Коментари

ПУЧ И ТОНЧ

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

На 23 јануари 2015 година во полициска акција ПУЧ уапсен е поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски под сомнение дека нелегално поседувал оружје и детска порнографија. Подоцна, на Верушевски му е продолжен притворот под сомнение за шпионажа и насилство спрема највисоките државни органи. За истите дела, шпионажа и уцени спрема високи државни функционери со цел формирање на техничка влада, приведени беа и Соња Верушевска, сопруга на Зоран Верушевски, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски вработени во ДБК, Бранко Палифоров вработен во општина Струмица и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.Лидерот на СДСМ не беше приведен, меѓутоа тој ниту се јавуваше на закажаните рочишта, дури и под ризик на стражарно приведување. Неговите изјави беа “Не го признавам Судот, дојдете, уапсете ме!“

На 31 јануари 2015 година премиерот Никола Груевски одржа драматично обраќање пред јавноста за полициската акција ПУЧ поради незаконско прислушкување и изјавата на лидерот на СДСМ дека соработувал со странска разузнувачка служба која му предала голема количина прислушкувани разговори на државјани на Македонија. Никола Груевски тврдеше дека за тоа постојат цврсти и непобитни докази.

Петто обвинетиот Ѕвонко Костовски го призна делото кое му се ставаше на товар и се договори со Обвинителството да одлежи 3 години затвор.

На 8 февруари 2015 година, лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција од седиштето на СДСМ започна со објавување на таканаречените “бомби“ во рамките на проектот наречен “Вистината за Македонија”.

На 25 февруари 2015 година, премиерот Никола Груевски повторно одржа прес-конференција посветена на странските служби, на која ги повтори истите детали од прес-конференцијата одржана на 31 јануари 2015 година. Никола Груевски изјави дека две лица според сознанијата кои ги добил, го признале делото пред истражните органи во кривичната постапка. Имено Ѓорѓи Лазаревски го признал делото, тврдејќи дека како познаник и повеќегодишен соработник на лицето Зоран Верушевски по негово барање го врбувал лицето Ѕвонко Костовски вработен во УБК од 1993. Наводно, Ѕвонко Костовски му кажал на Ѓорѓи Лазаревски дека на Зоран Верушевски му се потребни снимени материјали со цел нивно давање на странска разузнавачка служба, а заради нејзини потреби за следење на политичките и општите состојби во Македонија…

На 2 јуни 2015 година, со посредство на ЕУ и САД, четири политички партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА во Пржино постигнаа начелен договор за излез од политичката криза, финализиран на 15 јули 2015 година. Во Договорот меѓу другото стои: “Објавувањето на дополнителни материјали од прислушувањето ќе запре. По враќањето на СДСМ во парламентот, сите материјали што ги поседува СДСМ или било кој друг ќе бидат предадени на јавниот обвинител за негово итно постапување“.

На 1 септември 2015 година, пратениците на СДСМ се вратија во Собранието.

На 15 септември 2015 година Собранието на Република Македонија донесе Закон за формирање на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

На 14 декември 2015 година Специјалното јавно обвинителство воспостави стварна надлежност врз случајот ПУЧ, а јавната обвинителка Катица Јанева го повика лидерот на опозицијата да ги предаде сите прислушкувани разговори со кои располага.

На 29 декември 2015 година, по барање на Специјалното јавно обвинителство, Кривичниот совет на одделенито за организиран криминал и корупција при Основиот суд Скопје 1 Скопје, ја прифати гаранцијата и им ја укина мерката притвор на Зоран Верушевски и Ѓорѓи Лазаревски, а како мерка на претпазливост донесена е забрана за напуштање на живеалиштето односно градот Скопје и привремено одземање на нивните патни исправи.

На 30 декември 2016 година, со големо задоцнување, на два дена пред Нова Година, Зоран Заев на специјалната обвинителка и’ ги предаде нелегално стекнатите материјали од прислушуваните телефонски разговори. Потврди дека во неколкуте кутии, што ги донеле со заменичката Радмила Шеќеринска и потпретседателот Дејан Манчевски, има транскрипти од стотици илјади разговори. Ниту еден, според социјалдемократите не останал на Бихачка. Тоа го сториле откако се увериле дека сефовите во специјалното обвинителство се безбедни.

На 12 април 2016 година претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов донесе одлука за аболиција на сите 56 политичари против кои се води истрага, против кои е покренато обвинение, како и за еден политичар кој издржува затворска казна, во врска со скандалот ПУЧ. Врз основа на аболицијата, затвореникот Ѕвонко Костовски беше ослободен од натамошно издржување на казната затвор.

На 27 мај 2016 година, Претседателот на Републиката Ѓорѓи Иванов ја поништи аболицијата за само 22 политичари.

На 6 јуни 2016 година, Претседателот на Републиката Ѓорѓи Иванов целосно ја поништи аболицијата и за преостанатите 34 лица.

На 10 јуни 2016 година, судија за извршување санкции од Основниот суд Скопје 1 Ѕвонко Костовски, да се врати на доиздржување на тригодишната затворска казна, на која е осуден за случајот ПУЧ.

На 18 јануари 2017 година, јавноста е информирана дека Специјалното јавно обвинителство со поднесок до Основниот суд Скопје 1 Скопје, се откажува од обвинителниот акт за предметот ПУЧ, со образложение дека фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност со доказите со кои ова Јавно обвинителство располага и со наодите во истражните постапки ТАРГЕТ и ТВРДИНА.

Ваквата наша одлука е со цел да се приберат дополнителни докази што во целост ќе ја разјаснат фактичката состојба и ќе овозможат донесување на правилна и законита јавнообвинителска одлука. Појаснуваме дека, во насока на професионално работење, ние не може да застапуваме обвинителен акт кој е во спротивност со доказите со кои располагаме и истрагите отворени од наша страна. Воедно укажуваме дека со откажување од обвинителниот акт во предметот „Пуч“ ние не прејудицираме дали некој е невин или виновен, туку сметаме дека за целосно и точно утврдување на фактичката состојба, потребни се дополнителни докази, кои не можат да бидат прибавувани во фазата на главна расправа. – се вели во соопштението на Специјалното јавно обвинителство.

После сето ова, што човек да каже? Ќе остане рашомонијадата и горчлиовото искуство од суспензијата на Уставот. Не преостанува ништо друго освен Уставниот суд да го поништи донесувањето на Законот за формирање на Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и да престане оваа илузија наречена “Специјално јавно обвинителство“.За жал, борба против корупција со корумпирани не се води, не дава резултати…

И… време е за ТОНЧ!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top