Коментари

„Силоамско кладенче“ на Барешанскиот манастирот „Св. Меркуриј“

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Барешанскиот манастир “Свети Меркуриј” е православен манастир во битолското село Барешани. тој е дел од Преспанско-пелагонијската епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Манастирот се наоѓа во горниот крај на селото и е наречен од барешанци Свети Меркули.

Селото Барешани е населба на подножјето на планината Баба, покрај регионалниот пат Битола – Бистрица – државна граница со Р. Грција. Манастирскиот комплекс со црквата посветена на св. Маркуриј е сместен покрај западниот дел од селото Барешани. Тој е составен од трикорабна црква, камбанарија и конаците.

baresanski-manastir

Манастирот е изграден на почетокот на XIX век, во периодот на националното осознавање и преродбата на македонскиот народ, односно во период кога трикорабната базилика го достигнува врвот на својот развој во Македонија.  

Според испишаната година на источниот ѕид, црквата е изградена во 1836 година. На ѕидовите на внатрешноста нема сочувано ѕидно сликарство. Иконостасот е со два реда на икони, работени од непознат мајстор. Испишаните години на некои од престолните икони, информираат дека тие се насликани во 1853 година.

Во далечната 1933 година, авторот Георги Трајчев, родум од Прилеп, во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.) за Барешанскиот манастир ќе забележи:

„Селото Барешани се наоѓа југоисточно од Битола, на 2 часа растојание и брои 50 чисто егзархиски куќи. Во месец јануари 1896 година целто село ја признава управата на Егзархијата. Селската црква е изградена во 1832 година недалеку од селото на едно живописно брдо. Целата околина на црквата е обрасната со густа гора и со својата природна убавина го привлекувала од крајно време побожното селско и градско население на поклонение.

Недалеку во гората се покажува местото на некаков стар манастир Св. Спас, од кого останало зачувано кај населението само живите спомени за него и лековитото дејство на светата вода („Силоамско кладенче“), единствен сведок останат од некогашната светина. Лековитата моќ на „кладенчето“ масовно ги привлекува религиозните и длабоко уверените посетители. Благочестивите Барешани, користејќи ја тоа околност, изградиле најпрво 2-3 соби во 1870 година кај светата вода, за да послужат за засолниште на посетителите. Овие удобности овозможиле околното население редовно да го посетува, таканареченото „манастирче“, во текот на летната сезона и на Спасовден, кога целото село прави собир, доаѓале верници од блиските и подалечни места. Така полека Барешани ги зголемиле и рашириле собите за гостите и населението навикнато да ја именува селската црква „св. Меркуриј“ – „Барешки манастир“. Ферманот за селската црква гласи „Барешан клисеси“ .

Таква е на кратко историјата на Барешкиот манастир. Во неможност да ја возобнови Охридската архиепископија во текот нреродбата, по формирањето на славјанската Егзархија (1870), еден дел од македонскиот народ,  меќу кои и Барешани ја прифаќаат и од едно влегуваат до друго бугарско духовно ропство. Опишувајќи ја борбата на македонскиот народ за црковно осамостојување од Цариградската грчка патријаршија, авторот ќе забележи: 

„Грчкиот владика лут на Барешани, бидејќи ја прифатиле Егзархијата, прави се што е можно да го преземе манастирот, кој е селска црква на селото. Сите докази сведочат во корист на селото. Околните села сведочат за истото. Еснафите од Битола го тврдат истото. Покрај тоа се послуша само „такририте“ (извештајот – н.з.) на грчкиот владика и на местната власт не му дава за право за владение на манастирот, а селото остана без молитвен дом. А за да не стои манастирот затворен, грчкиот владика испрати таму гркомани од градот придружени со стражари од Албанци разбојници, кои беа скапо платени да го тормозат у тероризираат населението. Покрај тоа овие стражари на манастирот од грчка страна, владиката, плашејќи се од месен напад, дигнал се од црквата: Светите Садовите од Светата трпеза, свештеничките одежди, венците од иконите, свеќниците и сето друго скапоцено.

Така борбата за манастирот се изостри …, а кога таа мина и во самиот град Битола, таа носеше веќе карактер за борба и надмоќ меѓу двата лагера – грчкиот и егзархискиот. Селаните и тие не очајуваа во таа борба. Тие го бојкотираа манастирот и ги прекинаа сите врски со него, откажувајќи да работат и служат на манастирскиот имот под грчкиот владика. Селаните ја сопреа и водата, која го опслужуваше манастирот. Оваа борба се води и продолжи до доаѓањето на егзархиски владика, по грчко-турската војна, кога манастирот мина конечно под егзархиска управа.“

Според историските извори и усните преданија, во овој манастир своевремено на манастирските слави доаѓал многу народ од сите страни. Имаше конаци за престој на гостите, штали за коњите, кујна, фурни и поседуваше голем имот. Манастирот имал момоци и калуѓери. Болните што доаѓале овде, дома се враќаа здрави. Народот верувал дека левитоста на водата е дело што поживеал и војводата Ѓорги Сугарев од Битола. Имано, како што ќе забележат историчарите, на неговите родители им се родиле 19 деца, но умирале. Првото дете што им останало живо бил Ѓорги, роден во 1876 година, кој бил крстен во манастирот „Свети Меркуриј“ во Барешани. Манастирот бил место за лечење и на душевни болести.

Денес, помеѓу локалните жители преовладува верувањето, дека каменот кој е положен крај темелот од северната фасада на црквата, има моќ да им помага на неродилките, да забременат и добијат принова во семејството. Според нив, повеќе семејства, и христијани и муслимани, кои се помолиле на светиот камен и се измиле со светата вода од манастирот добиле принова. Со придонес на жителите од селово, иселениците, како и со помош на повеќе претпријатија, во овој манстир се изградени нови конаци за престој на гостите.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top