Коментари

ЗАРАДИ КРШЕЊЕ НА ЕМБАРГОТО КОН СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА НЕ ДОБИ НИКАКВА ОШТЕТА ОД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ!

todor

todorПишува Тодор ПЕТРОВ

ЗАРАДИ КРШЕЊЕ НА ЕМБАРГОТО КОН СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА НЕ ДОБИ НИКАКВА ОШТЕТА ОД ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ! ЕВЕ И ЗОШТО…

Југославија, Хрватска и Босна беа под ембарго за увоз на оружје скоро деценија во деведесеттите години. Ембаргото беше симнато во неколку фази по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор во 1995 година. Но, во 1998 година Обединетите нации повторно ставија ембарго врз Југославија, поради борбите на Косово.

Во објавените документи на ЦИА од 1995 година, се обработува кршењето на ембаргото кон СР Југославија, во делот посветен на Македонија. Во документите пишува како власта од тогашната СДСМ на чело со своите врвни функционери земала мито за кршењето на ембаргото.

Тоа беше јавна тајна!

“Македонскиот министер за надворешни работи, му призна на шефот на мисијата на САД во Скопје, дека неговата држава не може да применува строги санкции кон Србија. Врвни македонски функционери вклучувајќи ги премиерот Бранко Црвенковски, министерот за финансии Јане Миљовски и министерот за транспорт Димитар Бузлевски, добиваат мито за обезбедување на лажни документи и документи за транспорт“, – пишува во извештајот.

Ова е официјална потврда на ЦИА за криминалот што го правеа високи функционери на СДСМ во тоа време.

Извештајот открива и како функционирала шемата.

“Многу македонски фирми користат лажни документи за да и помогнат на Србија да ги избегне санкциите, пишувајќи се себе како краен импортер на стоките, во принцип наменети за Србија и како извор на извозот кој е од Србија. За паричен надомест, овие фирми се задолжени за подготовка на документите, складирање и транспорт на стоката”, – пишува во извештајот.

Документите потврдуваат дека шверцот бил од енормни размери. Во прашање беа милијарди и милијарди… Илјадници композиции вагони со нафта и цистерни, заминуваа од Македонија кон Србија. Без локомотива, илјадници вагони, композиции вагони “шетаа“ од Македонија кон Србија… И добро ќе беше ако дел од таксите и провизиите за тој транспорт завршуваа во државната каса, народот да види ќар. За жал, тие милијарди завршуваа во џебот на поединци, високи функционери на СДСМ.

И затоа, Македонија не доби никаква оштета од Обединетите Нации, и покрај воведените санкции за ембарго кон СР Југославија.

Впрочем, никој ни не праша, зошто Обединетите Нации не и’ платија оштета на Македонија за ембаргото кон Србија?

ЦИА знаеше дека ембаргото е преплатено, но парите завршуваа на приваттни сметка на само некои високи функционери на СДСМ во тоа време… За жал…

Не станува збор овде за обвинение кон СДСМ, то криминал членовите на оваа партија секако не го договарале. Зборуваме за високи функционери на оваа партија кои ја злоупотребија довербата за смтка на лично богатење и кршење на ембаргото на Обединетите Нации и законите на државата Македонија!

Ќе се отвори ли некогаш истрага за овие случаи?…

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top