Коментари

Страшно проклетство влечеме ние Македонците низ вековите!

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Денови на самоуништување и повторување на истите грешки, можеби исти како во минатото, но многу тешки и болни за Нас Македонците. 

Дозволивме предавници и кодоши да добијат сила и преку некои странски амбасадори да ни прават проблеми и да ни го пијат мозокот. 

Се им дозволивме, како и нашите предавници што им дозволуваа и како за утеха се тешевме со она нашето… ќути, имало и полошо. 

Стравот да не се налути некој и да не предизвикаме војна навистина не чини скапо.

Не помнам кога последен пат сме ги покажале нашите заби. 

Но имаме историска шанса да ставиме крај на ова наше проклетство. 

  1. На некои амбасадори им порачуваме:  тука во нашата држава се добродојдени, само под еден услов: ДА НЕ СЕ МЕШААТ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА ДРЖАВАВА.
  2. На нашите сограѓани Албанци им порачуваме: Клинтон и Сорос е минато време и треба да сватат дека нивната иднина е во соживотот со нивните сограѓани Македонци, Турци, Срби, Власи, Роми и други.
  3. На домашните изроди да им кажеме последен пат дека казната од народот ќе ги стигне како молња. 

Во името на сегашните и идни генерации, време е да реагираме како славните Македонци.

ВРЕМЕ Е ЗА БУДЕЊЕ!

Сите детали се прецизирани. Многу сум среќен поради тоа, затоа што и амбасадорот, но и јас вклучив луѓе на многу високи позиции од партијата на Премиерот. Нашиот извор не сака да открие за кого станува збор но вели дека е премиер на странска држава кои се токму на општeствени позиции врзани за проблематиката која што ја разработуваме јас и Вие.

Сега останува само да ми кажете кога можеме да се видиме најбрзо, затоа што мораме да дејствуваме и заради пријателите од надвор, но и богами овдека кај нас се очекува да почне процесот на враќање на слободата и демократијата. Мислам дека има доста детали кои треба да ги допрецизираме и за тоа сигурнo ќе ни требаат многу денови, се вели во дел од писмото од Заев до Верушевски.

Вака почна разнебитувањето на нашата Македонија.

Најголемиот дел од македонскиот народ застана во одбрана на аманетот што ни го оставија нашите претци, „Македонија на Македонците“.

Но додека помногубројните без поголема надворешна поддршка се обидуваат да го сочуваат најсветото што го имаме, името и иднината на Македонија, дотогаш помалубројните но погласните, со надворешна поддршка, поигрувајќи си со сопствениот народ ни ја наметнаа референцата ФИРОМ, го променија знамето, ја наметнаа територијалната поделба од 2004 година и започнаа преговори за името на татковината.

Модерните „јаничари“ едноставно заборавија дека народ без корен лесно ќе го оддува ветерот, а со тоа и самите нив, зошто станаа луѓе од „ниедна нација“.

Во моментите кога нашите соседи повторно имаат исти ставови за Македонија, а ЕУ и НАТО ни порачуваат да го смениме името доколку сакаме да не` примат во нивно друштво, дотогаш истите домашни т.н. експерти, политичари, партии, некои медиуми, невладини организации, се јавуваат гласно, барајќи промени во земјата.

Дали постојат во Македонија предавници?

За жал, во Македонија токму претставници на политички партии се тие коишто ја засилуваат оваа поделба поради тоа што отворено манифестираат нетолеранција и желба за пресметка со своите неистомисленици заради лични интереси, или заради интереси на некој наш сосед.

Тој што Ве предал, тој што до вчера со Вас споделувал идеја за Македонија, а утре од Вас или од сопствената држава или нација се откажал поради материја, на пример пари или власт или и едното и другото, во кривичното законодавство, современите општества изградиле институт велепредавство.

Страшно проклетство го влечеме ние Македонците низ вековите!

ВЕЧНА ДА Е БИБЛИЈСКА МАКЕДОНИЈА!

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top