Коментари

Македонија против Соросовата мрежа во земјата


Свекрва

Сорос ја основана Фондацијата Отворено општество во осумдесетите години на минатиот век со цел да им се помогне на поранешните советски држави во нивната транзиција од комунизам во капитализам, но во реалноста, оваа фондација служи да се добере до ресурсите на државите. Доколку пак им се спротивстави актуелната власт, тогаш се предизвикува незадоволство на граѓаните, дестабилизација и поставувања на власт кои ќе им овозможат да дојдат до целта.

Во последните три децени Џорџ Сорос стои позади секоа обоена револуција во посткомунистичките земји.

Преку своите институции формирани во осумдесетите години на минатиот век тој влијае врз распадот на Чехословачка, СССР и настаните на Балканот. Денес неговото дејствување го чуствува и самата САД, земјата од каде произлезе ова чудовиште, кое во процесот на глобазлизација, за интересите на светската елита создава колонии, притоа уривајќи држави и одземајќи невини животи таму каде ќе им се спротивстават.

Прстите на Сорос ги почуствува Украина, а Македонија  до сега успеа да ги избегне крвавите сценарија.

Со оглед дека во земјата влегуваат нови пари кои би се користеле за разнебитување на државата, во земјата започна граѓанска иницијатива под името Стоп на Операцијата Сорос.

Група активисти меѓу кои има новинари, аналитичари и интелектуалци кои повеќе години го следат работењето на Соросовата фондација ја предупредија домашната и меѓународната јавност за опасноста од дејствувањето на Соросовите радикални активисти.

Од своето инсталирање во Македонија на почетокот на деведесетите години во минатиот век,  Соросовата фондација го монополизира граѓанскиот сектор во земјата и ги контролира нејголемиот дел од невладините организации. Покрај градењето на капацитетите на невладиниот сектор, Институцијата во изминатите години опреми, финансираше и обучуваше новинари на над стотина елекронски и печатени медиуми.

Преку спонзорираните медиуми и новинари, со години вршеше притисок и влијание врз јавноста во корист на левицата, што потикнува континуирано политички и етнички судири и врши дестабилизација на државата. Всушност, Сорос со години преку невладиниот сектор кои ги финансира и до пет милиони евра годишно, се меша во внатрешните работи на Македонија.

Наместо невладиониот сектор да работи на поддршка на граѓаните, еден дел од него во изминатите години беше ставен од „чадорот“, во функција за насилно рушење на легално избраната власт, што излегува надвор од рамките на цивилното општество. Како последица на активностите на Соросовите инсталации во земјата и опозицијата предводена од СДСМ, повеќе од две години Македонија се наоѓа во политичка криза, што влијае врз безбедноста на земјата. Такво однесување не го прифаќаат граѓаните на  ниту една земја, па ни на Македонија.

Оттука после повеќе од две децении граѓаните на Македонија велат стоп за операциите на Сорос. Меѓутоа, Македонија не е првата земја да се сврти против Сорос.

Во 2014 година, Сорос отворено призна дека “Отворено општество” било вклучено во насилно уривање на демократската Влада на Украина, што ја предизвика Русија да го исфрли надвор од земјата Соросовите невладини организациии, нарекувајќи ги закана за темелите на уставниот поредок на Руската федерација и за Руската националната безбедност.

Исто така и унгарскиот премиер Виктор Орбан, чуствувајќи ја заканата по државните интереси најави дека унгарската влада ќе започне со протерување од земјата на сите организации поврзани со Сорос, а во текот на годинава се очекува неговите сили да бидат уништени.

Освен во Унгарија, која е родно место на Сорос, од членките на Европската унија, разорното дејство на Сорос го почуствува и Полска каде вложи десетици милиони евра за рушење на полската влада, па полските политичари отворено проговорија за неговите сомнителни активности.

Покрај Унгарија и Полска, расте отпорот и во Чешка и Словачка, кои исто така се под силен напад на Соросовата фондација Отворено општество и нејзинита невладина мрежа. Всушност, сите земји кои се најдоа на удар на Соросовата фондација се против неконтролираниот влез на бегалците и мигрантите од Сирија и други земји зафатени со воена или економска криза од Азија и Африка.

Впрочем, како што национализмот продолжува да расте во свет предизвикано со бегалско-мигрантската криза, како и со изборот на претседателот на САД, Доналд Трамп, кој и самиот е во конфликт со Џорџ Сорос, разумно да се претпостави дека ова нема да биде последен пример на европски земји во протерувањето на Соросовите невладини организации.

Освен Македонија, чии граѓани не сакаат да ја делат судбината на Украина, се повеќе земји ќе се вклучат во борба против Џорџ Сорос и неговата мрежа.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top