Коментари

Серскиот манастир еден најубавите манастири во Македонија

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

Серскиот манастир „Свети Јован Претеча“ (Свети Јован Крстител) денес е женски манастир во Егејскиот дел на Македонија. Манастирот е расположен на десетина километри североисточно од градот Сер, на подножјето на планината Змијница. Во духовен поглед Серскиот манастир денес е подреден на Серската и Нигритската митрополија на Црквата на Грција.

Серскиот манастир се смета дека е основан меѓу 1270 и 1275 година од Јоаким, подоцна епископ на Зихна. Во него е погребан и првиот цариградски патријарх под турскиот режим Генадиј Сколариј, кој на старост се повлекол тука и починал во 1473 година. Во 1630 година манастирот е насликан од зографи од Линотопската уметничка школа, а икиностасот се смета дека бил изработен од дебарскиот мајстор Петре Филиповски – Гарката.

serski-manastir

Рускиот монах Партениј кој го посетил манастирот во 1839 година нашол во библиотеката повеќе од 1000 пергаменти и хартиени ракописи напишани на славјански јазик. Меѓутоа, Виктор Григорович кој го посетил манастирот во 1845 година пишува дека богослужбата се одржувала на грчки јазик, а славјанските книги биле изгорени. Меѓу мнозиството монаси кои дотогаш го криеле своето славјанско потекло се буди националниот дух. Серскиот митрополит Неофит тоа го нарекува „огниште на панславизмот“, кое во XIX век игра улога на едно од најважните духовни средишта во Источна Македонија.   

Митрополит Теодосиј Скопски (7. I 1846 – 1.II.1926), кој подоцна ќе стане македонски национален деец, црковен писател и борец за обновување на Охридската архиепископија и македонска национална држава, во 1860 бил испратен во Серскиот манастир „Св. Јован Претеча“. Четири години по своето стапување во манастирот Теодосиј бил ракоположен за јеромонах (1864) од страна на митрополитот Прокопиј и поставен за игумен на еден помал манастир во близината на Сер. Во 1865 година Теодосиј активно се вклучува во црковно-училишната борба за отворање на славјански училишта и замена на грчкиот со црковно-славјанскиот јазик при богослуженијата.

Врз основа на дотогашните сознанија на познати истражувачи, Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.) пишува дека Серскиот манастир е основан во 1321 година во време на Андроник Палеолог, а ни дава и други податоци меѓу кои и следните: 

„Во подножјето на планината Сминица (Змијница – н.з.), кај Бродската река, над невисока карпа, меѓу кичеста маслинова гора, заштитен од сите страни со високи планински падини, се белеат манастирсите згради на св. Јован Претеча. Местоположбата на манастирот целосно одговара за еден санаториум на градоболни. Св. Јован е од најбогатите и најубавите манастири во Македонија. Пред манастирската ограда се издигаат грамадни јавори, до кои жубори чешма од убав мермер, а на околу се забележуваат соодветни места за седење. Манастирскиот двор е послан со калдрма. Од лево и десно стојат убави згради, а меѓу нив е црквата. Во манастирот има 30 калуѓери, мнозинството  (Македонци – н.з.), кои се кријат, поради големата омраза. Тука се подвизувал познатиот Мелнички владика Прокопиј, родум (Македонец – н.з.), од серското село Милиникич. Исто така тука игуменувал и Скопскиот митрополит Теодосиј (Гологанов) родум од Неврокопското село Трлис.

Од Руско-турската војна игуменот е Грк. Има опаднато училиште, каде учат (грчка книга – н.з.) селанчињата. Големи се приходите на манастирот. Годишно има 30-40 илјади оки маслинки, има лозја, ниви и големи стада овци, и три чифлика од серско со 1500 лири турски годишен доход. Еден чифлик има во село Дервештани. ¾ час источно од Сер со 25 куќи и 125 души (Македонци – н.з); Втор Чифлик има во (македонското – н.з.) село Кишишлак, два и пол часа југо-источно од Сер; Трет чифлик има во (македонското – н.з.) село Лакос, ¼ час северно од манастирот.

Црквата не е многу голема, но е убава. Таа е куполна со квадратен наос. Куполата е голема и широка. Над притворот имало четиристрана кула… Особено интересен е иконостасот, изработен од двајца Бродани во 1803 година. И живописот е убав и на многу места иконите се украсени со сребро. Во црквата се наоѓа гробот на цариградскиот патријарх Генадиј Схалари и првиот патријарх под турскиот режим. Манастирот е основан во 1321 година во време на Андроник Палеолог. Познато е дека и двајцата Андрониковци биле ктитори на манастирот. Манастирски добротвори биле уште Теодор Метохит и Јован Кантакузин… Основач бил Зихненскиот митрополит Јован, чии мошти се чуваат во црквата. И братот на митр. Јован, Ежовскиот епископ, ја изградил малата црквичка која зачувана во манастирот. Манастирската архива има кондика, кое го опишува минатото на манастирот. Над манастирските порти се забележуваат сликите на Стефан Душан, Елена и Михаил, кој потврдил со хрисовула и ги зголемил неговите владенија. И султаните Мурат и Селим ги потврдиле манастирските права Тој е ставропигиален. Во манастирските складишта Кондаков видел раскошни сребрени рипиди, сребрен крст од 1732 година, прекрасна сребрена чаша од XVI век. Во 1839 година рускиот монах Партениј го посетил манастирот и нашол во библиотеката повеќе од 1000 пергаменти и хартиени ракописи напишани на славјански јазик. Григорович сретнал многу монаси, кои го криеле (славјанското – н.з.) потекло.

Монасите од манастирот пратиле во 1872-73 година писма до цариградскиот патријарх, со кои се соопштува дека во манастирот обуката се водела на грчки јазик, но учениците биле „бугарчиња“ од селата на серската, драмската и мелничката епархија. Серскиот митрополит Неофит пак пишува до патријаршијата дека ¾ од монасите се (славјаногласни- н.з). Тие писма се објавени од патријаршијскиот хартофилакс М. Гедоен во 1908 година…“

Со поделбата на Македонија во 1913 година, Серскиот манастир останува на територијата која е анектирана од Грција и е во рамките на ГПЦ.  Но, во рамките на географско-етничките граници на Македонија, овој манастир не ги доживува најсериозните разрушување за време на османската епоха, туку под грчко владеење, за време на пожарот во 2010 г., кога се уништени дел од зградите.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top