Коментари

Море носете се, багро една недоносена…

Цветин Чилиманов

Свесни дека не можат да му се приближат на ВМРО со гласовите, СДСМ на изборите почнаа кампања да нудат менување на Охридскиот Рамковен Договор (кој е, патем кажано, МИРОВЕН договор). Со своите недефинирани и непрецизни понуди во текот на кампањата СДСМ отворија простор за разгорување на национализам кај Албанците и за најави за кантонизација и федерализација на Македонија.

Да не зборуваме што претходно, со својата двегодишна кампања за дестабилизација на Македонија, со тврдењата дека имале некакви информации во врска со убиствата кај Смиљковско Езеро (видовме колку имаат за Младенов на пример) СДСМ свесно поттикнуваа меѓуетнички тензии и со сигурност придонесоа за нападот во Куманово.

По изборите, болни од желбата да дојдат на власт и покрај поразот, СДСМ отвараат преговори за прифаќање на платформа промовирана од Еди Рама, нивниот политички сојузник преку ПЕС и соросовата фондација.

Сето ова предизвика дури и лево ориентирани меѓународни коментатори кои ги поддржуваа СДСМ во изминативе две години да се запрашаат дали оваа политика може да води кон кантонизација, федерализација и дестабилизација на Македонија, но и на Балканот, со вмешување на поголем број други држави кои ќе бидат привлечени од кризата (пред се Русија) и хаос не само во Македонија туку и во целиот регион.

Објективно гледано, се што СДСМ правеше во изминативе две години, во нивниот поход да дојдат на власт поддржани од страна на левичарските влади на неколку странски држави (пред се САД и Италија – влади кои во меѓувреме паднаа), значително ја зголеми опасноста од меѓуетнички конфликт во Македонија.

И сега, по сето ова, СДСМ и нивните медиуми имаат образ да го обвинат Владо дека поттикнувал граѓанска војна?

Море носете се, багро една недоносена…

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top