Коментари

Кочо Рацин беше, бил и ќе биде Македонски патоказ и вечна инспирација

Dzeposki

aleksandar-dzepovski
Александар Џеповски

Кочо Рацин беше, бил и ќе биде Македонски патоказ и вечна инспирација

Неговото творештво како и љубовта кон својата земја Македонија е недостижна за секој еден Македонец да се споредува, а не пак да тресе зелени глупости како Цветин. 

Рацин требаше да биде Председател на Македонија. Заедно со Ченто и да не ги набројувам другите, беа доследни Македонци и народни луѓе со огромна почит кон секого. Што јадеше народот, исто јадеа и Кочо со другарите. Ист покрив, исти привилегии и ист износ во новчаникот со најсиромавиот. Не беше утопија, туку реалност. Затоа беше омилен кај народот и не се двоеше и нејќеше да се разликува од другите. Кочо за сите, сите за Кочо. 

Неговата популарност беше огромна и не го интересираше ни Југославија ни Коминтерни ни било што освен Македонија и тоа обединета во природни и историски граници. Затоа Тито го испрати Темпо и Капетановиќ … да го ликвидираат. Тој не чинеше, Ченто не чинеше, Шатев, брат му на Карев и илјадници други, но затоа криминалците Колишевски и Глигоров, што скапуваа по затвори за време на војната, станаа поголеми од Рацин и останатите прави Македонци. 

Ако ја гледаме судбината на Кочо, ќе се поистовети со секој еден горд македонски патриот и суднината  на Македонија, која трае и до денес.  

Таков голем поет и секој еден негов збор кој има вредност од милион тони килограми злато со иста љубов кон својата горда земја Македонска, не се наоѓа на оваа пространа Галаксија. Секој еден збор против него е злонамерен и има за цел да уништвува свети Македонски синови. Македонија имала и ќе има свети синови и не ги даваме. Напротив, се гордееме и живеат засекогаш во Нас.

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top