(На предавниците на Македонија)
Да ви се плукнам…
Да ви се плукнам на лицето извалкано
на очите заслепени и ослепени.
Да им плукнам во очите
на оние што ве зачнале и родиле
да им плукнам на гробовите
на оние што ви ги пренеле
предавничките гени
и да им плукнам в лице на оние
што ве задоиле, учеле и советувале
да го предадете и уништите светото
а љубите туѓото повеќе од своето.
Да му се плукнам на ѓаволот
што ве покорил и ве спрегнал
да роварите по македонската земја.
Да ви се плукнам….

Душан Ристевски