Коментари

Предавник на националните интереси


Дипл.Екк, Рубинчо В.Јованоски од Прилеп

Во  последно време во северниот дел на нашата најмила и низ векови напатена земја Република Мскедонија, во месноста Мала Речица се крои судбината на доминицилното македонско население коие е доминантно на македонската почва.

Дуи која е партија која го застапува албанскиот политички кампус и која на последните вонредни парламентарни избори одржани на 11 декември минатата година со само 10 пратенички мандати сака на мала врата да го “протурка” се разбира со Закон албанскиот јазик да се употребува на централно ниво.

Победничката партија од македонскиот политички кампус, а тоа е ВМРО ДПМНЕ на чело со претседателот Никола Груевски не ги прифати уцените од страна на досегашниот коалиционен партнер ДУИ на чело со нивниот претседател Али Ахмети да се коцка со македонските национални интереси. Со тоа, ВМРО ДПМНЕ докажа дека со сите средства ќе ги брани македонските национални интереси.

Втората партија по бројот на освоените гласови (СДСМ)на чело со предавникот на македонските национални интереси Зоран Заев, алијас Бошко Буха ги прифати сите барања на ДУИ само со една единствена цел да формира парламентарно мнозинство и следствено на тоа да ја формира новата Извршна власт во Република Македонија.

Без разлика на тоа, дали СДСМ ќе собери потписи од 61 пратеник (во моментот на пишувањето на мојот текст ги собра потписите) Зоран Заев треба да знае дека потписите кои ги достави кај Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов треба да го почитува унитарниот карактер на Република Македонија.

Во оваа прилика само да се потсетиме дека СДСМ во 25 годишна плурална Македонија има доживеано 10 и повеќе изборни порази било да се работи за локални, парламентарни или претседателски изборни соочувања со актуелната  победничка партија ВМРО ДПМНЕ. Во едни такви околности не може губитничка  партида ко ја нема доверба кад македонскиот електорат да ја крои судбината на доминицилното македонско население. Апсурдно е партија на чие чело на истата е личност каде на 2 пати е аболициран за 2 кривични дела а за последното 3-то кривично дело под кодното име ПОТКУП каде лидерот на партидата Зоран Заев на видео снимка Јавно бара б-то цифрени финансиски средства изразени во европската валута (евро) на струмички бизнисмен за легализација на државно земјиште е се уште во судска постапка.

Зоран Заев е многу толериран од судската фела. Потврда за тоа е последното 13-то по ред одложување на рочиштето за случајот Поткуп. Последното во од серијата одложувања е со изговор дека предавникот на националните интереси е во Сараево, Република Босна и Херцеговина каде да прима наградата за најдобар градоначалник во Југоисточниот и Средниот регион на Европското семејство.

Зоки ја искористи приликата и со својот струмички дијалект со мали примеси на српски јазик со една нему позната цинична насмевка нагласи дека со евентуалните последни измени во македонските закони ќе се овозможи официјализирање на албанскиот јазик како службен јазик на целата територија на Република Македонија.

Зоки со твоите последни потези го зеде во своите раце жешкиот костен. Внимавај што правиш оти македонокиот народ е мирен но истиот знае секогаш да казнува на изборни соочувања кога ќе види на дело дека некоја политичка личност ги продава националните интереси само со една единствена цел да дојде на власт.

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top