Коментари

Журчевски манастир „Св Атанасиј“

Tihomir Karanfilov-001

Tihomir Karanfilov-001

Тихомир Каранфилов

„Заобиколен со густа пространа гора, со изобилство вода наоколу, скриен и осамен во околината, манастирот (“Св Атанасиј“) останува незабележан од патникот. Само кога ќе се стигне до неговата влезна врата, се исправуваат манастирските згради. Близината на село Журче (околу 15 мин) го прави манастирот уште попривлечен… Не еднаш, не двапати, тој манастир ги прикривал во своите пазуви нашите револуционерни чети.“ – пишува Георги Трајчев во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.).

Журчевски манастир „Св Атанасиј“ или Манастирот Журче е средновековен манастир во блисина на Демирхисарското село Журче, под управа на Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ-ОА. Во минатото манастирот имал своја библиотека во која се твореле богослужбени книги и училиште. Денес во манастирот е обновен монашкиот живот.

Манастирот „Св Атанасиј“е изграден на возвишение на три километри северозападно од село Журче. Првата манастирска црква била изградена во 1121-1122 година. Сегашната црква е изградена и зографисана во првата половина на XVII век. Таа преставува мала трикорабна црква со правоаголна основа и петстрана олтарна апсида на источната страна. Според зачуваните надписи над влезната врата црквата за прв пат целосно е зографисана во 1617 година. Од западната страна има отворен зографисан трем, каков ретко може да се види во црквите од тој период. Од написот на тремот тој е обновен и зографисан во 1622 година. Тремот е засводен со калота и на него се насликани ликовите на Јован Рилски, Јоаким Осоговски и други светци, како и календарските месеци со престави за најкарактеристичните дејности во секој од месеците. Тука се наоѓа и фреската на Ѓорѓи Кратовски.

Иконите поставени на дрвениот иконостас и царските Двери датираат од XVII век. Меѓу нив повеќе вредни се малите двојни икони кои според стилот се од почетокот на XVII век. Живописот од 1617 и 1622 година, најверојатно е дело на мајстори од Линотопската уметничка школа (село Линотипи, Егејска Македонија). На истите мајстори се и двостраните насликани икони од храмот. Во манастирот работел и Дебарскиот зограф Стојче Станков (1849 – 1903), кој загинал при одбраната на Крушевската Република 1903 година.

За манастирот Журче се пишува дека во првата половина на XIX век биле изградени конаци, кои се уништени во 1895 година, а околу 1900 година манастирот бил комплетно напуштен. Маѓутоа егзархискиот училишен инспектор и деец на Македонската револуционерна организација Георги Трајчев, кој за време на обиколката на Демирхисарскиот крај во 1909 година за прв пат го посетил и Журчевскиот манастир, во своето дело „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), го бележи следното:

„Тој е стар манастир, но не е многу познат. По надворешните колони на притворот се забележува и датата  од изградбата на манастирот. Целиот храм со исклучок на надворешните колони е зачуван и преживеа заедно со живописот. Тој има корабовидна форма и средна големина.

Манастирот беше управуван од игумен, монахот Герман од Крушево, човек смирен и побожен, кој на таа должност е седум години. Пред него игуменствувал еден порочен духовник кој бил егзекутиран.

Имотната состојба на манастирот не беше лоша. Тој поседуваше: 8 вола, 28 крави и телиња, 78 овци, 75 кози, 3 коња; а земја: 20 кила семе во реонот на манастирот, 13 кила семе во реонот на село Журче и други ниви низ соседните села. Во Журче има воденица, куќа, плевни, трла. Поседува голема дабова гора која се експлоатира за горење

Манастирските згради се стари, со неколку нови градби. Низ дворот тече изобилна планинска вода. Таква има и пред манастирот. По својата живописна местоположба, по својата природа и по климата манастирот би можел да стане одлично лекувалиште, а како летувалиште дава можност пред другите манастири во околината.

Заобиколен со густа пространа гора, со изобилство вода наоколу, скриен и осамен во околината, манастирот останува незабележан од патникот. Само кога ќе се стигне до неговата влезна врата, се исправуваат манастирските згради. Близината на село Журче (околу 15 мин) го прави манастирот уште попривлечен. Паднат во рацете на добро управување за Журечкиот манастир  се открива добра иднина. Близок градски центар за манастирот е Крушево. Не еднаш, не двапати, тој манастир ги прикривал во своите пазуви нашите револуционерни чети.“

Врз основа на искажувањата на Трајчев може да се заклучи дека Журчевскиот манастир бил активен пред и по Илинденското востание. Всушност тој бил револуционерно гнездо на војводата Јордан Пиперката и други македонски револуционери.

Инаку, во манастирот со вековите постоела и успешно работела библиотека и читалиште. Во библиотеката се создавале, препишувале и преведеувале црковните книги и истовремено таа била училиште за децата од Журче и околните села. Од библиотеката се зачувани неколку ракописи и стари печатени изданија, меѓу кои „Апостолски читанија“ (Цариград, 1870 г.) и „Минеј за месец октомври (Киев, 1891 г.)

Најново од: Коментари

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

Полска им подаде рака на нашите деца – Македонија тоа го памети!

Според сведоштвата на луѓе што живееле во близина на „Болница 250“, ноќе од болницата се слушале детски гласови: „Мајко, мајко!“. Децата биле далеку од дома, а во болката и стравот го повикувале оној што најмногу им недостасувал – Мајката. Полските лекари, сестри и негователки биле покрај нив во тие тешки ноќи. За таа грижа и […]

Голема е надежта дека „Маркова Нога“ повторно ќе ја поврзе Преспа

Во Долна Преспа, недалеку од селото Долно Дупени, се наоѓа „Маркова Нога“ — место на границата меѓу Република Македонија и Грција. За Македонците од двете страни на границата, отворањето на граничниот премин е надеж што трае со децении. Овој дел од брегот на Преспанското Езеро, со поглед кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа, […]

Парадокс на модерното време

Нашата иднина нема да се мери со брзината на преносот на податоци, туку со капацитетот да останеме луѓе во дигиталната пустина. Додека во прастаро време луѓето биле принудени да комуницираат за да преживеат (лов, заштита), денес комуницираме постојано, но често сме соочени со осаменост и дигитална презаситеност. Технологијата ни овозможи да бидеме поврзани со целиот […]

Времето работи за Македонија

Можат сите по список да се наредат — од најгласните „патриоти“ па сè до нашите најголеми негатори, ете, и самите Грци и Бугари. Ама баш сите можат да речат што сакаат, арно или лошо за Македонија. Меѓутоа, една е вистината: полека, но сигурно, Македонија си тера напред, а ќе почне и позабрзано да напредува за […]

Не знаел Зоран Заев за корупцијата и националните предавства во својата влада?

Каде и да се отвори истрага, излегуваат сомнежи за корупција, криминал и злоупотреба на службената должност од времето на владеењето на СДС и ДУИ. Зоран Заев дојде на власт со ветување дека ќе се бори против криминалот и дека институциите ќе работат за граѓаните. Денес, кога се отвораат предмети за злоупотреби од времето на владите […]

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

To top